• Latest

Локалните власти од северна Грција бараат Референдум за Договорот од Преспа бараат локалните власти од Северна Грција

June 28, 2018
Фото: Rosneft.de

САД привремено ги ослободија од санкции подружниците на Роснефт во Германија

October 29, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Кампањата финализира со нови ветувања, поддршка за кандидати, додека победниците ги верифицираат мандатите

October 29, 2025
Фредерик Лејдквист, директор на Стокхолмскиот центар за источноевропски студии (SCEEUS) во Шведскиот институт за меѓународни односи. Фото: Stockholm Institute of Transition Economics (SITE)

Фредерик Лејдквист од Шведскиот институт за меѓународни односи: Студената војна сега би била најдоброто сценарио

October 29, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Локалните власти од северна Грција бараат Референдум за Договорот од Преспа бараат локалните власти од Северна Грција

June 28, 2018 10:42
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Префектурите и општините од северниот дел на Грција бараат да се распише референдум во земјата за Договорот од Преспа, „за да им се даде на граѓаните законското право да го одобрат или отфрлат“.

На вчерашниот проширен состанок во Солун, организиран од Регионалниот совет на Централна Македонија, со присуство на градоначалници и претставници на општинските совети од грчката област Централна Македонија, претседатели на здруженијата на општини од цела Грција, со присуство на митрополити, претставници од коморите и Универзитетите, беше издадена резолуција која ќе биде доставена до грчката влада и до политичките партии.

– Договорот од Преспа (17.06.2018) претставува многу сериозен дипломатски и национален пораз и е штетен за интересите и иднината на земјата и грчките граѓани. Ниту една грчка влада во минатото не призна „македонска“ националност или „македонски“ јазик, кои што се коренот на иредентизмот на нашите соседи, пишува во резолуцијата. 

Како што јави дописничката на МИА од Атина, локалните власти од грчката област Македонија, велат дека не се согласуваат со Договорот, ги повикуваат владата и политичките партии да не го ратификуваат и најавуваат иницијативи како во, така и вон границите на Грција „за да се известат јавноста, лидерите на странските земји и шефовите на меѓународните организации за прашањето со Скопје“.

– Бараме од владата да одржи референдум за „Договорот од Преспа“ за да им се даде на граѓаните законското право да го ратификуваат или да го отфрлат овој договор што се однесува на важно национално прашање, на историјата и на културата на Грција, пишуваат локалните власти во резолуцијата, објави МИА. 

На вчерашната седница учествуваа 258 претставници на локалната самоуправа од Северна Грција, 15 митрополити и 90 претставници на различни институции, а на присутните, меѓу другите, им се обратија префектот на регионот Централна Македонија, Апостолос Ѕиѕикостас, претседателот на Централната унија на општини од Грција, Јоргос Патулис, но и Апостолос Андонудис, член на извршниот комитет на Регионалната унија на општини од Централна Македонија и претседател на компанијата „Егнатија одос“, која го менаџира истоимениот автопат чиј говор предизвика реакции.

Имено, Андонудис, според грчката новинска агенција, рекол дека присутните од него ќе слушнат поразличен став, потенцирал дека и во терминот ПЈРМ е вклучено името Македонија веќе 30 години и „сите се правиме дека не го разбираме тоа“.

– Политичката стабилност на новата држава не е само во интерес на самата земја и нејзините граѓани, туку е во интерес и на нашата земја, објаснил Апостолос Андонудис, член на извршниот комитет на Регионалната унија на општини од Централна Македонија и претседател на компанијата „Егнатија одос“.

Префектот на областа Централна Македонија, Апостолос Ѕиѕикостас и претседателот на Централната унија на општини од Грција, Јоргос Патулис, ги изразија нивните несогласувања во однос на Договорот од Преспа.

– Ниту во еден момент нема да запреме да ги истакнуваме историскиот и грчкиот карактер на Македонија. Не прифаќаме свршени чинови. Во никој случај не прифаќаме, на Скопје да му ги отстапиме македонскиот идентитет, националноста, јазикот и името, рече префектот Ѕиѕикостас во неговото обраќање, пренесе МИА.

Според претседателот на Централната унија на општини од Грција, Јоргос Патулис, Македонците имаат само еден идентитет – грчкиот, а македонски говори оној кој говори грчки.

(МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: преспански договорреферендумсеверна Грција
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ