Љупчо Палевски-Палчо, првообвинет за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски е екстрадиран во земјава.
Вечерва тој слета на скопскиот аеродром и се очекува да биде пренесен во затворот „Шутка“.
Ова следува откако на 30 април македонските власти добија официјално известување од турска страна дека е одобрена екстрадицијата. По одобрувањето, екстрадицијата се спроведе во организација на Министерството за внатрешни работи. Во притвор во „Шутка“ веќе се наоѓаат тројца осомничени соизвршители за грабнувањата и свирепите убиства на двете жртви.
Палевски, како првоосомничен, избега од Северна Македонија преку Србија и Бугарија и стигна до Турција. На 6 декември турската полиција го уапси во градот Балибекир.
Н. А.