Љупчо Палевски – Палчо е приведен од српската полиција на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ и во моментов се наоѓа во екстрадициски притвор, извести „360 степени“.
Приведувањето се случило вчера околу 19 часот по потерница распишана од Република Хрватска.
Во моментот на приведувањето Палевски се подготвувал да отпатува за Москва, каде требало да склучи бизнис зделка.
Палевски има кривична пријава и во Македонија затоа што во април годинава на настан во Прилеп преку мегафон пушташе „бомби“.
Инаку, Палевски беше еден од предводниците на протестите против промената на името и е политички активен во партијата „Глас за Македонија“ на Солза Грчева.
Засега нема информации од нашите институции за апсењето на Палевски во Белград.