Лондонската организација „Информацијата е убава“, на својата веб страница секоја година објавува интересно истражување наречено „Интернационалните број еден“ (бидејќи секоја држава е „број еден“ во светот – во нешто). На листата – ја нема Македонија…
Истражувањето се однесува на сите земји во светот. Така на пример, Канада е „број еден“ во човекови слободи, Австрија е „број еден“ во платени слободни денови, Шпанија има најголема толеранција кон ЛГБТ популацијата, а Кина пак, води во број на притворени новинари.
На оваа листа ја нема Македонија, а објаснувањето на авторите е следно: „Доколку ве нема на оваа мапа, или сте премногу мали за да напишеме нешто, или не можеме да најдеме нешто во што сте најдобри (жал ни е)!“
Покрај Македонија, на листата ги нема ниту Србија, Косово и Албанија. Од овој регион регистрирани се Бугарија како „број еден“ во породилно отсуство, Грција како земја со најголем број на конзументи на сирење и Хрватска, „број еден“ во трансплантација на бубрези.