• Latest

Македонија: Преглед на настани (18-19 јуни 2016)

June 19, 2016
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Македонија: Преглед на настани (18-19 јуни 2016)

June 19, 2016 22:20
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Викенд преглед на најважните настани во Република Македонија (18-19 јуни 2016 година): Истекува ултиматумот на „Шарена револуција“|| ЗНМ го оцени за кукавички, актот од обезбедувањето на Груевски против новинарите од ТВ21|| Чија е вината што нема преговори|| Талески сé уште не е во домашен притвор?|| ВМРО-ДПМНЕ чествува 26 години|| СДСМ: „Судијката,Поп Стефанија суди незаконски“||

Истече ултиматумот на Шарената револуција

Во саботата истече ултиматумот што го постави Шарената револуција и граѓанските здруженија. Уставниот суд не ја стави иницијативата за СЈО на дневен ред ниту на наредната седница в среда. Изјаснувањето на Уставниот суд за СЈО е едно од двете ултимативни барања, коишто ги поставија Шарената револуција и опозицијата, со рок до 18 јуни. Тие едновремено бараат да престане полицискиот прогон врз демонстрантите.

ЗНМ го оцени како кукавички актот на обезбедувањето на Груевски против новинарите од ТВ21

Здружението на новинари на Македонија го осуди последниот инцидент што во ТВ21 го предизвика обезбедувањето на експремиерот Никола Груевски и лидер на владејачката, ВМРО ДПМНЕ. За претседателот на ЗНМ,  Насер Селмани кукавички е чинот со којшто лица од обезбедувањето, натераа новинар да брише снимки.

„Ова го сметам за кукавички акт само затоа што во недемократска земја, обезбедувањето на поранешниот премиер демонстрира сила против медиумите. Сакам да го потсетам господинот Груевски дека во Македонија слободата на изразување е гарантирана. Тој е јавна личност и на јавно место, новинарите имаат право него да го снимаат.“

Чија е вината, што нема преговори?

Сé уште нема конкретен датум за тоа дали и кога би продолжиле преговорите меѓу четирите најголеми политички партии за излез од политичката криза.

Продолжуваат превирањата на релација СДСМ – ВМРО-ДПМНЕ, кој е виновен за неизвесноста околу преговорите, додека албанските партии најавуваат конструктивен однос. Од ДУИ повикаа ВМРО ДПМНЕ и СДСМ да ги надминат партиските интереси, и да работат во замена за интересите на граѓаните.

Од опозициската СДСМ порачуваат дека прочистувањето на Избирачкиот список и регулацијата на медиумите се главниот услов,тие да се вратат на преговарачка маса. За ВМРО-ДПМНЕ овие барања се апсурдни.

Талески сé уште не е во домашен притвор?

Сé уште нема домашен притвор за битолскиот градоначалник, Владимир Талески, осомничен за случајот „Транспортер“ што го води СЈО, иако решението од Кривичниот суд е испратено по факс уште во четвртокот.

Кривичниот суд појасни дека решението со упатствата како да се постапува e испратено до битолската полиција. Судот тврди дека решението е пристигнато и дека се преземени сите навремени мерки за известување на полицијата и странките во постапкатa. Битолската полиција негира дека добила решение за домашен притвор за Талески, а оттаму не објаснуваат како е можно да не пристигне и по четири дена. Aдвокатот на Талески веднаш го добил решението и истиот ден го обжалил до Апелациониот суд. СДСМ побара градоначалникот да си поднесе неотповиклива оставка.

TВМРО-ДПМНЕ чествува 26 години постоење

Под мотото „Идеја и дело-посилни од сè”, владејачката ВМРО ДПМНЕ во неделата вечерта ќе ја чествуваше 26-годишнината од основањето, пред Музејот на ВМРО. И покрај манифестацијата на единство во јавноста, партијата е соочена со обвинувањата на СЈО, во година кога пет клучни политички фигури поднесоа оставки. Од формирањето на партијата до денес, ВМРО-ДПМНЕ имаше двајца лидери. Љубчо Георгиевски раководеше до мај 2003 година, кога на челната позиција дојде актуелниот претседател и поранешен премиер, Никола Груевски.

СДСМ: Судијката, Поп Стефанија суди незаконски (19.06.2016)

СДСМ објави судска одлука, со која судијката Александра Поп Стефанија и уште шестмина судии од внатрешноста биле донесени во скопскиот суд, во Одделот за прекршоци. Пред два месеца, само таа е трансферирана во друго одделение, според СДСМ, на сомнителен начин. Поп Стефанија минатата недела ја донесе скандалозната одлука со која побара СЈО да докаже дека е надлежно за случајот „Тврдина“. Ова беше напишано во решението по барањето за притвор на началникот на Петатта управа, Горан Грујовски.

Уапсен Павле Богоевски и активисти на Шарената револуција!

Павле Богоевски еден од  најистакнатите активисти на Шарената револуција е уапсен од полицијата, вечерва во обид на пушти транспарент од Kејот на Вардар. Тој и неколку други активисти, во мирна герила-акција се обиделе да спуштат платно од Камениот мост, во време кога од спротивната страна ВМРО ДПМНЕ го славел својот 26 роденден, а лидерот Никола Груевски имал свој говор.

Полицијата ги спречила активистите да го постават транспарентот. Активистите на „Протестирам“ повикуваат веднаш да се појде во полициската станица каде што се наоѓа Богоевски.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВестиМакедонијанастаниЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    150 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ