• Latest

Македонија европски рекордер по бегства од затворите

March 20, 2018
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Македонија европски рекордер по бегства од затворите

March 20, 2018 13:25
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Советот на Европа денеска го објави Извештајот за состојбата во затворите во нејзините земји членки за 2016 година, во кој се наведува дека Македонија бележи највисока стапка по број на бегства од затворите.

Според податокот од затворските статистики на Советот на Европа (СоЕ) за Македонија со 66 бегства на 3.400 затвореници, стапката на бегства во 2015-та (последна година за која Советот на Европа располага со податоци),  е највисока и изнесува 188,7 на 10.000 затврореници. Со тоа Македонија е на прво место во Европа по стапката на бегства од затвор. Втора земја во табелата е Финска, но со далеку пониска бројка од 10 бегства на 3.000 затвореници. Македонија бележела загрижувачка стапка на бегства и претходната година (2014) со 114 бегства на 3.100 затвореници, јавува дописничата на МИА од Брисел.

Авторот на студијата, Марсело Аеби, професор по криминологија на Универзитет во Лозана (Швајцарија), за МИА изјави дека не ја знае точната причина за оваа состојба, но дека еден елемент од одговорот „можеби треба да се побара во малиот број затворски чувари.“

Македонија, според извештајот, е меѓу државите со највисока стапка на затвореници по чувар (стапка од 6,2), само Романија и Молдавија имаат повисока стапка.

– Во споредба со другите европски држави имате помалку персонал во затворите, но, исто така, и помалку инвестирате во затворениците со 13 евра за затвореник од ден, вели Аеби. Просекот во Европа е 51 евро. Скандинавските земји инвестираат највеќе и тие се државите со најнизок број затвореници.

Македонија бележи и висока стапка на пренатрупаност во затворите.

– Бројот на затвореници во Македонија континуирано расте од 2005-та до 2015-та, стапката на зголемување за 10 години е од 60 проценти. Во 2016-та малку е намален бројот на затвореници, но прерано е да се каже дали тоа означува нов тренд на намалување, изјави Аеби.

Советот на Европа забележува дека високата стапка на пренатрупаност е повеќе поврзана со долгите затворски казни кои се изрекуваат во Македонија. Во прилог на оваа теза говори и фактот што во просек возраста на затворениците (39 години) е повисока отколку во другите европски држави (33 години).

Македонија има пониска стапка на жени затвореници отколку другите европски држави, додава авторот на студијата, што може да е поврзано со статусот на жената во општеството.

– Немаме јасно објаснување, но, генерално, колку е поголема интеграцијата на жените во општеството, толку поголем е ризикот тие да имаат криминално однесување. Со општествената интеграција доаѓа и одговорноста, но и ризиците. Македонија има три проценти жени затвореници, а во просек во Европа оваа бројка достигнува пет отсто, вели Аеби.

За разлика од другите европски држави Македонија има помалку странски државјани осудени на затвор, но Советот на Европа не располага со етнички статистики за овој феномен и не е во можност да каже дали помалите етнички заедници се позастапени во затворите.


Извор: МИА

Tags: затвориМакедонијастатистика
Share3TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ