• Latest

Македонија и официјално поканета во НАТО, сега фокусот е на референдумот

July 13, 2018
Фотомонтажа: ХИМАРС фото Д. Мишев.Гутков фото: Killed in Ukraine/X

Русија потврди: Заменик-командантот на руската морнарица убиен во украински напад во Курск

July 3, 2025
Фото: ВИ

24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на FoxNews објавено од Антон Герашченко на Х

Марк Руте: Лавров е министер за надворешни работи на Русија од времето на Исус, ништо корисно не излезе од неговата уста оттогаш

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
Al Jazeera English

Хамас задоволен од гаранцијата на САД за разговори за прекин на војната во Газа, примирјето на повидок

July 3, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Посмртните останки на седум жртви од геноцидот ќе бидат погребани во Меморијалниот центар за Сребреница во Поточари

July 3, 2025

Се отстранува „македонски идентитет и јазик“ во извештајот на ЕП за Северна Македонија, за Мицкоски тоа е „талибански начин“, за СДСМ премиерот е крив

July 3, 2025
Илустрација ВИ

Локални избори 2025: СДСМ без Костадинов, ВМРО-ДПМНЕ сигурни во победата, ЗНАМ сигурни во поддршката од ВМРО

July 3, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

July 3, 2025
фото: Цивил

Поради ниските плати луѓето земаат боледувања за да работат и друга работа

July 3, 2025

Косовското собрание не успеа да се конституира по 41-ви пат, граѓанското општество протестира, некои донесоа магариња

July 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Македонија и официјално поканета во НАТО, сега фокусот е на референдумот

July 13, 2018 09:31
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Македонија и официјално ја доби поканата за почетокот на преговорите за влез во Северноатлантската алијанса, со што се отвора патот да стане 30. земја-членка, а прогнозите се дека постои можност официјално да бидеме дел од Алијансата кон средината на следната година.

Во меѓувреме треба да се исполнат обврските од Договорот со Грција, за Македонија – успешно спроведен референдум и уставни измени, како и да завршат процедурите за усогласување со НАТО и процесот на потпишување на протоколот за прием на Македонија од сите земји-членки.

Генералниот секретар на НАТО вчера на свечената церемонија во Брисел, на вториот ден од Самитот официјално му ја врачи на премиерот Зоран Заев поканата за почеток на преговори со Алијансата, по одлуката на северноатлантските сојузници во Брисел.

заев столтенберг покана

– Ова е клучен пробив кој го отвори патот за полноправно членство, деталните пристапни преговори сега ќе започнат. Откако сите ваши национални процедури ќе завршат и откако ќе биде ратификувано од земјите-членки ќе станете 30-та членка на НАТО со еднакво место на маса, еднаков глас во дискусиите и еднакво право на гласање во најуспешниот воен сојуз, рече генералниот секретар по потпишувањето.

Премиерот Заев ја изрази својата благодарност до генералниот секретар, но и до премиерите на соседните Грција и Бугарија, за постигнувањето на договорите за добрососедство.

– Ова е историска одлука за земјата и за граѓаните,  признание за нашата посветена работа две децении, и за сите македонски политичари од независноста до денеска, рече Заев.

брисел заев столтенберг

Бидете уверени, додаде, дека нашето членство ќе ја консолидира демократијата во регионот и ќе служи како позитивен пример во Западниот Балкан

– Како идна 30. земја на Алијансата подготвени сме да дадеме позитивен пример и да придонесуваме за обликување на Западниот Балкан во мирен, просперитетен и демократски регион, додаде Заев.

Во состав на македонската делегација во Брисел предводена од Заев, беа и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, шефот на дипломатијата Никола Димитров и националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски.

Откако земјава ја доби поканата Владата во 15 градови низ државата в сабота организира голема граѓанска прослава.

– Македонија доби покана да стане членка на НАТО и има датум за преговори со Европската унија. Се изборивме за сигурна иднина. Доаѓа време на надеж, на победи, на гордост. Време на сигурност и безбедност, се вели во објавената програма на веб страницата на Владата.

Според прогнозите на Димитров Македонија кон средината на следната година може и формално да стане 30. земја-членка на НАТО, доколку сите други процеси се одвиваат како што треба и додаде дека станува збор за технички процес за кој се потребни неколку месеци.

Димитров интервју

– Но, тој исто така е поврзан со исполнување на нашите обврски од Договорот со Грција. Ни претстои референдум и процес на измена на Уставот. И откако ова биде финализирано, ќе може да ги потпишеме протоколите за пристапување, кои потоа ќе бидат ратификувани во Парламентот на Атина и во другите земји-членки. Ако работите одат добро во прашање се месеци. Можеби кон средината на следната година ќе бидеме формално 30 земја-членка на НАТО, порача шефот на дипломатијата во интервју за Еуро Вестерн Балканс,

Во врска со неговите очекувања од референдумот истакна дека смета дека граѓаните ќе го подрржат договорот, бидејќи, како што рече со него е покриен најсензитивниот дел, идентитетот и јазикот.

А референдумот, како што претходно неколку пати најави Заев ќе се одржи кон крајот на септември или почетокот на октомври.

Прашање, според Димитров е одѕивот. Вели, поради тоа што Избирачкиот список не е ажуриран.  – Формално имаме 1,8 милиони гласачи, но најверојатно имаме помалку граѓани кои живеат моментално во земјата, додаде тој.

Референдумот ќе биде голем предизвик, нагласува Димитров и додава дека во голема мера ќе зависи од опозицијата и начинот на кој таа ќе постапи.

– Ако ја препознаат историската шанса и историскиот момент, ако сите повеќе мислиме на земјата, а помалку на нашата политичка иднина, тогаш ова ќе биде мошне успешен референдум. Следните денови ќе мора да донесеме одлуки, како да го сториме ова. Влогот е многу голем и сметам дека нема поголема патриотска должност за секоја влада во Македонија, од креирање на ваква можност, нагласи шефот на дипломатијата.

Сега откако Македонија ја доби поканата следната недела треба да добие план на НАТО, по кој прецизно треба да се водиме во завршувањето на воено-техничките реформи и тој план е идентичен за секоја земја-аспирант.

македонија и нато

Националниот кооринадор за НАТО, Стево Пендаровски, појасни дека ќе има практично две сесии за политички и за технички прашања како што е со секоја друга земја-аспирант во минатото.

Она што е специфично за Македонија и што наша конкретно домашна задача е да го имплементираме докрај договорот со Грција и НАТО ќе не цени низ таа призма.

Воено-техничките и политички услови ќе треба да ги исполниме во наредните четири до шест месеци, вели Пендаровски, а во меѓувреме ќе биде неопходно да ја завршиме и процедурата за ратификацијата за референдум во однос на договорот и да спроведеме уставни промени.

Според негова проценка, некаде околу средината на јануари 2019 година би требало, ако се биде успешно, да ги завршиме и овие преговори и потоа следува ратификација во сите парламенти на земјите-членки, што може да трае околу една година. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ