„Во пресрет на 30-ти септември, Македонија е исправена пред демократската алатка – референдум каде што луѓето ќе можат да се изјаснат дали се ’за’ или ’против’ Договорот со Грција“, вели колумнистот и активист, Ненад Јовановиќ, во изјавата за ЦИВИЛ Медиа
„Мојот личен став е дека ова е клучен момент за Македонија и јас сум убеден дека овој референдум ќе помине фер и демократски“, вели тој.
„Многу важно е Македонија да исчекори напред кон западната цивилизација или западна алијанса, односно, да се интегрира во ЕУ и НАТО, затоа што оваа земја нема друг пат!, вели Јовановиќ истакнувајќи дека приклонувањето кон источните или азиските земји воопшто не постои како варијанта.
Тој вели дека ќе го искористи своето суверено право и ќе гласа позитивно на референдумот.
„Имам референдум, ќе го искористам своето право и ќе гласам ’за’ оваа земја да се придвижи кон западната цивилизација“, дециден е Јовановиќ.
Мелиса Муриќ
Камера: Атанас Петровски