• Latest

Македонија пред воведување реципрочни мерки за Косово

July 21, 2018

Се нашла крава која не дава млеко на сточен пазар

November 11, 2026

Скопје добива нов план за воздухот до 2031 година – клучно прашање е кој ќе го спроведува

November 11, 2026

Аферата „Алта банка“: Дали Мацура ќе проговори за газдите на парите и кој ја отвори вратата во Скопје?

November 11, 2026
Албин Курти (фото извор: ФБ страница на Албин Курти)

Курти бара промена на српската политика кон Косово по изборната победа на студентите

November 11, 2026
Абу Даби преговори за Украина, 10 ноември 2026 (CBS News screenshot)

Преговорите за Украина во Абу Даби: Главните прашања и изгледите за договор

November 11, 2026
Фото: веб страна на НАТО

Дронови над Балтикот: Латвија и Литванија активираа воздушна одбрана, НАТО активираше борбени авиони

November 11, 2026
Фридрих Мерц, 31 декември 2025 (скриншот од видеото објавено на официјалната веб страница на Канцеларот)

Мерц бара сите членки на ЕУ да учествуваат во финансирањето на Украина

November 10, 2026
Фотографија: Министерство за здравство

КОП31: Климатските промени се закана за здравјето, Северна Македонија се соочува со зголемен ризик од заразни болести

November 10, 2026
Фото: ВИ

Правосудниот испит на албански јазик ја тресе Владата – мириса ли на предвремени избори?

November 10, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Преговори во Абу Даби – Трамп зборува за „конечен крај“ на војната во Украина, Европа бара да биде дел од процесот

November 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Македонија пред воведување реципрочни мерки за Косово

July 21, 2018 11:03
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Наместо по четири шлепери дневно, Македонија од 18 јули речиси воопшто не извезува овошје и зеленчук во Косово. По воведувањето на одлуката за зголемување на царините за 30 отсто, пласманот, од вообичаените 100 – 150 тони се сведе на нула, велат стопанствениците.

Тие бараат одлуката да се укине зашто ја блокира размената, а на сличен став се и нивните колеги од косовска страна.

Укинување на одлуката вчера побараа и македонските министерства за економија и за земјоделство, со официјални дописи до ЦЕФТА, ЕУ и Владата на Косово. Најавија дека ако тоа не се случи во најкус временски рок, една од опциите е воведување контра-мерки.

Министерот за надворшени работи, пак, Никола Димитров, вчера, од заедничката прес-конференција со косовскиот колега Беџет Пацоли во Приштина, порача дека не може една мерка да биде добра за Косово, ако не е добра за пријателот во соседството. Ако се воведат контра мерки, оцени, работата ќе ескалира во лош правец и потоа, повторно ќе мора да се седне на маса за да се најде решение.

– Во време на поврзување и имплементирање на Берлинскиот процес, треба да се елиминираат бариерите. Мислам дека само тоа е патот  за заштита и на нашите и на вашите производители. Не можете да се заштитите себе си ако го повредите соседот. Убеден сум дека ќе ја следиме новата европска политика и низ брз дијалог ќе го надминеме ова прашање. Мора да најдеме решение. Да не одиме по старата балканска политика, да не фати инает, рече Димитров и потсети дека согласно ЦЕФТА Договорот, кога една земја мисли дека нејзината економска ситуација е влошена, треба да се почне истрага и да се спроведат преговори, а потоа да се применуваат мерки.

Според македонските министерства за земјоделство и за економија, косовската одлука е паушално донесена, без аргументи за зголемен увоз и евентуални штети, правно и формално не е јасна, а е и спротивна на ЦЕФТА Договорот.

Како што образложи деновиве министерот за земјоделство Љупчо Николовски, во дел од одлуката пишува дека се однесува за овошје и зеленчук, а во листата на производи за кои се зголемува царината, стои пченка. Во табелата, пак, каде што се наведени производите што подлежат на зголемена царина, не се наведени тарифните броеви.

Николовски и министерот за економија Крешник Бектеши следната недела ќе имаат средба со косовските колеги, а од завчера, како што соопштија, се во постојана комуникација и преговараат за изнаоѓање решение.

За надминување на проблемот, во среда е договорен заеднички состанок на економските министри од регионот, на која ќе присуствуваат и Николовски и Бектеши. Состанокот пред два дена го иницираше српскиот министер за трговија Расим Љајиќ, кој ќе биде и домаќин, а поканети се и црногорската министерка за економија Драгица Секулиќ, како и министерот за трговија и економски односи на БиХ Мирко Шаровиќ. Целта е да се заземе заеднички став во однос на косовската мерка.

Косово ја воведе времената мерка на 18 јули годинава, но уште кога ја објави, реагираше косовското Здружение на трговците со овошје и зеленчук, квалификувајќи ја како дискриминирачка и неправедна. Побара  Министерството за трговија и индустрија на Косово да ја смени, зашто домашното производство на некои од производите кои се заштитени не задоволуваат ни 10 отсто од потребите на косовскиот пазар. И претставници на бизнисите во Косово, иако се за заштита на домашните производители, побараа проценка да се направи врз основа на барањата на потрошувачите. Во спротивно, најавија поскапувања и проблеми со задоволување на потребите на пазарот.

Мерката предвидува 30 проценти повисоки царини за увезеното овошје и зеленчук, а ќе трае три месеци и важи за сите држави кои извезуваат во Косово.

Во Македонија, според проценките на Министерството за земјоделство, најпогоден ќе биде извозот на доматите, пиперките и сливите. Во одлуката го нема грозјето и други стратешки производи.

– Овие денови, според нашите податоци од терен, извозот на овошје и зеленчук е нула споредбено со претходните кога беше околу 100 – 150 тони. Секој ден одеа по четири шлепери со овошје и зеленчук кон Косово, сега нула. Ние сме за либерален пристап, да седнат владите заеднички да најдат решение и одлуката да се преиспита и да се укине поскоро зашто Косово не може самостојно да опстане. Впрочем, од интерес на двете земји е овој проблем да се премости што побрзо, изјави за МИА извршниот директор на Стопанската комора на северозапдна Македонија Дрилон Исени.

Според Царинската управа, вчера се извезени три камиони од по 10 тони земјоделски производи или вкупно 30 тони, за разлика од пред зголемувањето на царините кога за еден ден, како што рече и Исени, се извезуваа по околу 100 тони.

Вкупниот извоз на зеленчук и овошје од Македонија во Косово за периодот јануари – јуни 2018 година е над 2,5 милијарди денари. Увоз на земјоделски производи од Косово нема.

Мирјана Чакарова

Tags: КосовоМакедонијареципрочни меркицарина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ