• Latest
Проф д-р Јове Кекеновски

Македонија за странските инвеститори мајка, за домашните ниту маќеа

February 2, 2022
Руските власти започнаа со инспекција на возила по пријавените експлозии на 16 септември 2025 година. Фото: ХУР

„Операцијата за одмазда“ на Украина во руски Владивосток го погоди 47-от Воздушно-десантен баталјон обвинет за воени злосторства

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Истражна комисија на ОН: Израел извршил геноцид врз Палестинците во Газа

September 16, 2025

Стојанче Ангелов „по кратка постапка и на сила ќе ги сели Ромите од Вардариште“ – Шукова со реакција: Ова е врв на нечовечноста и го открива вистинското лице на оваа власт

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CNBC Television

Бесент: Европа мора „да го направи својот дел сега“ пред САД да воведат царини за Кина поради руската нафта

September 16, 2025

ВЛЕН: Државен приоритет на Меџити и Фетаи е да ја затворат дивата депонија во Никуштак

September 16, 2025
Фото: Скринчот од видео на Влада на Северна Македонија/ Фејсбук

По признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите, од СДСМ бараат Мицкоски да одговара за ширење страв и паника

September 16, 2025

Ужас во Велес: Ја убил поранешната девојка и татко ѝ, па се самоубил

September 16, 2025
Фото: Доналд Трамп/Truth Social

САД, по наредба на Трамп, уништиле венецуелски брод за дрога, убивајќи три лица

September 16, 2025

На пратеникот на Левица, Сашко Јанчев му се одземени пасошот и возачката дозвола поради сообраќајката во скопско Марино

September 16, 2025

Пожар рано утрово во сервис за возила пред Пинтија

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Македонија за странските инвеститори мајка, за домашните ниту маќеа

February 2, 2022 08:00
in АНТИКОРУПЦИЈА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Проф д-р Јове Кекеновски

Проф д-р Јове Кекеновски

Share on FacebookShare on Twitter

ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ

Во изминатата декада и половина Република Македонија спроведе серија мерки насочени кон привлекување странски инвестиции. Овие мерки придонесоа странските инвеститори и нивните компании да добијат големи привилегии и можност за големи профити наспроти домашните инвеститори. И покрај фактот што со уставот и законите се налага еднаков третман за домашните и странските инвеститори при користењето на државната помош и другите бенефиции, тоа во пракса не се почитуваше. Домашните инвеститори свесно беа тргнати на страна. а се фаворизираа странските. Даночни, царински и комунални ослободувања, ослободување од плаќање ДДВ, ослободување од плаќање данок на добивка, ослободување од плаќање персонален данок на доход во период и до максимални 10 години, долгорочен закуп на градежно земјиште до 99 години и дополнително кеш државни пари се само дел од поволностите што Владата им ги овозможуваше на странските инвеститори кои отворија бизниси во рамките на слободните економски зони.

Примерот со холандската фабрика за автобуси „Ван Хул“ која од страна на македонската влада е спасена од банкрот е јасен показател како и колку успешно работеле странските инвеститори со пари на македонските граѓани. Во нивната фабрика во Скопје инвестирани се 30 милиони евра, од кои 17 милиони евра биле субвенција од Владата на Република Македонија, а е тоа 56,6% од вкупната инвестиција во фабриката. Колку нашата држава ѝ помогнала на оваа приватна странска компанија доволно кажуваат зборовите на Филип Ван Хул, извршен директор на фабриката: „Моравме да ја спасуваме компанијата Ван Хул. Производството во Белгија за нас значеше загуба. Преку фабриката во Македонија ја спасивме компанијата. Во белгиската фабрика во Конингшоит еден работник го плаќаме по 40 евра за еден час, а во Скопје и помалку од 4 евра. За еден автобус разликата е околу 55 илјади евра. Така е спасена Ван Хул. Од компанија со долгови, сега повторно правиме профит. Имаме продажба од 100 милиони евра екстра преку Македонија. За некоја година се надеваме ќе станат 200 милиони”. Значи со 17 милиони евра пари на македонските граѓани како и со другите бенефиции кои им се даваа на странските инвеститори се спаси странска компанија од банкрот. Таа преку ноќ станува профитабилна со добивка од стотици милиони евра. И никој во државава не реагираше на овој, според мене, криминал и злоупотреба на народните пари.

Претпоставувам дека на ист или сличен начин профит остваруваа и остваруваат и останатите странски инвеститори во државава. Така беше додека премиер беше Никола Груевски, но и владата на Зоран Заев на овој план не направи ништо, туку по инерција продолжи да го толерира ова нелегално и, за мене, крајно сомнително финансирање на странски компании во нашата држава со народни пари.

За волја на вистината, владата на Заев дополнително преку Фондот за иновации финансираше разни иновации на приватни домашни компании и инвеститори. Општ впечаток е дека со народни пари се финансираа иновации на фирми и субјекти блиски на партијата на власт. Иако за овој начин на „субвенционирање“ постоеја многу нелогичности, сомневања и општо незадоволство, надлежните институции кои требаа да ги гонат нелегалните дејствија и индиции за сторен криминал повторно молчеа и за жал сѐ уште молчат, иако таму веќе се сменија тројца директори.

Доказ за погоре констатираната нерамноправност и нееднаков третман на домашните и странските инвеститори се и последниве случувања во делот на производството, снабдување и дистрибуција на топлинска енергија на делови од територијата на Град Скопје од страна на Балкан Енерџи Групацијата (БЕГ). Се работи за акционерско друштво во приватна сопственост основано во 2012 година од страна на оф шор компанија регистрирана на Кипар. Оваа групација, со работа во Македонија почна со сесрдна помош и поддршка на владата на Груевски, продолжи со толеранција и затварање на очите и ушите на членовите на владата на Зоран Заев, но еве и сега со истата практика продолжува и новава влада на Ковачевски. Иако можеби некои со право ќе забележат дека Ковачевски и неговата влада се принудени да помагаат поради светската енергетска криза, но сепак, логично е да се постави прашањето како е можно Владата да биде принудена (да не речам уценета) да помага, со народни пари, тековно функционирање на странска оф шор компанија кога нејзиниот сопственик се обврзал да ја извршува ја извршува дејноста. Зошто нашата извршна власт не реагираше и не бараше удел во профитот кој го остваруваше оваа групација пред отпочнување на енергетската криза?

Зошто досега никој не се запраша на кој начин оваа групација веќе десетина години ги користи постојните топлани, гасоводната инсталација како и останатите основни средства за работа бидејќи општо е познато дека тие не се во нејзина сопственост иако произведува и испорачува топлинска енергија за околу 60.000 домаќинства во градот Скопје. Од поодамна во јавноста испливаа сознанија и сомневања за начинот на кој оваа компанија со помош на сериозно организирани политичко-судско и бизнис структури, адвокати, нотари, стечајни управници и други високи државни функционери преку ноќ го презема целиот бизнис со топлинска енергија во градов.

И покрај сериозните обвинувања за лажни и незаконити стечајни постапки, оваа странска компанија и денес мирно и со голем лезет си го собира „кајмакот“ од граѓаните. Да биде трагикомедијата и нелогичноста поголема пред крај на минатата година кога драстично скокна цената на гасот на светските берзи оваа групација експресно „дигна раце од бизнисот и обврската“ со образложение дека нема финансиски средства за купување на скап гас и мошне „широкоградо“ ѝ го препушти овој бизнис на државата. Државата е таа која сега го финансира извршувањето на обврските преземени од странската компанија, а тие ќе ги врателе парите подоцна откако ќе прекине потребата за снабдување со гас.

Во контекст на содржината на погоре напишаното се поставува прашањето како е можно домашната компанија Топлификација АД Скопје партнер на БЕГ во ТЕ-ТО, која долги години успешно ја извршуваше оваа регулирана дејност преку ноќ да отиде во стечај и тоа по барање на партнерот, а профитабилната дејност во целост да ја преземе странската компанија. Секој барем малку нормален и одговорен политичар или било кој функционер со право би го поставил прашањето зошто и како е дојдено до оваа ситуација? Дали се работи за намерно и свесно гаснење односно уништување на една голема домашна фирма за сметка на странскиот инвеститор или пак за неспособност на нејзиниот менаџмент? Но, и после толку години молк. По сѐ изгледа дека нема нормален, чесен и одговорен политичар и функционер.

Од друга страна, јас не знам и не паметам дека некаде во светот постои некој странски инвеститор кој во континуитет ќе бележи загуба од десетици милиони евра, шест седум години по ред и упорно да стопанисува со тој бизнис? Типичен е примерот со Те-То АД Скопје кое во периодот од 2013 до 2017 година, кога работело непазарно, со милионски загуби во евра. Кој е тој странец бизнисмен кој почнува бизнис за да профитира, а со години да трпи милионски загуби и повторно да продолжува понатаму? Дали еден сопственик може да дозволи и да толерира субјектот кој тој го основал да работи непазарно, но и да дозволи толку години лошо работење на сопствена штета?

Според зборовите на инволвираните во овој случај, се работи за фиктивна прикажана загуба поради испумпување пари од државава. И за ова нема никаква одговорност, како од страна на менаџментот, така и од страна на РКЕ. Каде е тука и одговорноста на сите останатите функционери (премиер, вицепремиер, министри, судии и обвинители и др.) кои морале да ги штитат интересите на граѓаните и државата од сите матни и сомнителни дејствија кои се случувале последниве десетина години на ова поле.

Откако врз Топлификација АД е отворена стечајна постапка по поднесено барање за стечај од страна на партнерот во Те-То АД, Оф шор компанијата „Битар Холдинг Лимитед“ пред крајот на минатата година, се случи продажба на целиот движен и недвижен имот на Топлификација. На јавна лицитација, домашна реномирана македонска фирма понудила највисока цена и како најповолен понудувач го купила имотот на оваа компанија во стечај. Кога веќе го купила имотот, оваа домашна компанија нормално е да размислува имотот да го стави во функција и од него да профитира. Но тоа државата сѐ уште не ѝ го овозможува. Наместо државата и регулаторното тело да и помогне на оваа домашна фирма да почне да стопанисува со купениот имот, таа не мрднува со прст.

Со купопродажбата на имотот на Топлификација две од топланите во градот Скопје (топланите Исток и Запад) со кои досега стопанисувала странската компанија најверојатно врз основа на некој договор за закуп (познавачите велат сомнителен договор) како и другите основни средства сега се во рацете на домашната компанија која го купила имотот од компанијата во стечај.

Значи, странскиот наводен инвеститор сега не само што нема доволно финансиски средства, туку сега ги нема и поголемиот дел од другите основни средства за извршување на дејноста. И повторно молк и од РКЕ и од Владата. Наместо тие да направат увид на новонастанатата ситуација, поточно, да утврдат дали странската компанија ги исполнува основните услови да ја извршува дејноста, дали и понатаму располага со основните средства за производство, снабдување и дистрибуција со топлинска енергија тие и понатаму повторно „истураат“ милионски суми евра, пари на македонските даночни обврзници. Се поставува прашањето што доколку овие средства не бидат вратени назад во државната каса? – што е мошне веројатна солуција?!

Значи, ни се повторуваат случувањата од минатото кога странските компанија се посилни, поголеми и помоќни од институциите на системот. Тие се над законите и над државата. А тоа им го овозможуваат сериозно организираните криминализирани структури во власта. И повторно сите молчат, а профитираат оние од надвор. Како е можно три компании, кои се дел од Групацијата БЕГ основани со влог од по 5.000 евра да користат топловодна (гасоводна) мрежа од 225 километри и топлани градени со децении од парите на граѓаните и на крајот да ја доведат државата до таа ситуација таа да ја финансира нејзината дејност со народни пари?

Само во банана и крајно криминализирана држава е можно лиценцирана компанија да нема коректно регулирани односи за користење на туѓи основни средства (топлани, деловни простории, гасоводна мрежа и други основни средства), да нема финансиски средства за тековно работење, државата со милионски суми народни пари да води неговиот бизнис, а таа компанија и понатаму да ја извршува дејноста?

И на крајот, неколку прашања на кои е потребно прозваните во вој случај да дадат брз и јасен одговор. Зошто владите на Груевски и Заев и РКЕ сиве овие години молчеа и не се интересираа од каде оваа странска компанија и по која цена во изминативе 10 години набавуваше гас? Зошто не реагирале институциите кога јавно е обелоденето сознанието за непазарно стопанисување бидејќи се упатувало на испумпување на пари од државава? Знае ли владата кои се вистинските сопственици на оф шор компаниите кој ја регистрираа ова групација во нашата држава и каков е нивниот моментален статус бидејќи во јавноста се погласно се шпекулира дека е отпочна кривична истрага за сторени незаконити дејанија на овие големи газди во нивната матична држава.

Дали е нормално владата на Република Македонија за странските компании да биде мајка, а за домашните да не биде ниту маќеа? За жал, Република Македонија поради корумпираната, неодговорна и неспособна извршна, судска и власт на сите нивоа стана „Елдорадо“ за странските инвеститори кои ги исцицаа македонските граѓани до гола кожа.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ