По повод вчерашниот трагичен настан во Кочани во кој настрадаа голем број наши млади сограѓани, Амбасадата на Република Северна Македонија и Постојаната мисија при меѓународните организации во Виена, изразувајќи искрено и длабоко сочувство до семејствата на починатите за ненадоместливата загуба и посакувајќи им на повредените брзо закрепнување, во спомен на жртвите од овој трагичен настан, Амбасадата и Постојаната мисија отворија Книга на жалост, во периодот од 17-21.03.2025 година.
Потег што е за секаква почит и кој наиде на добар прием кај следбениците на амбасадата на Фејсбук.
Но, набрзо потоа, амбасадата во нов пост соопшти дека (од непознати причини) предходната информација се повлекува и Конзуларното Одделение на Амбасадата ќе ги извршува работните задачи редовно!
Останува енигма зошто беше повлечено потпишувањето во Книгата на жалоста во нашата амбасада во Виена, бидејќи објаснување за повлекувањето не беше дадено до крајот на денот.
Д. Мишев