• Latest

Македонската армија доверлив партнер на НАТО

August 18, 2018

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025
Илустрација ВИ

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Зеленски подготвен за разговор со Трамп и Путин по „отворениот“ состанок во Белата куќа, каде Трамп го повика да ги прифати условите, или Москва може да ја „уништи“ Украина

October 20, 2025
Илустрација: ВИ

Висок тренд на неважечки гласачки ливчиња – пораст во однос на претходните изборни циклуси!

October 20, 2025

Повеќе од 53 илјади гласачки ливчиња – неважечки!

October 20, 2025
Скриншот од видео на WION

Венс за Томахавките за Украина: Трамп го слушна ова барање и сè уште одлучува

October 20, 2025

Првични неофицијални податоци на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ за советнички листи освои околу 302.000 гласа, СДСМ 126.000, НАИ 114.000, ВРЕДИ 91.000, ЛЕВИЦА 57.000 и ЗНАМ 38.000

October 20, 2025
Креирано со помош на ВИ

Само една жена избрана за градоначалничка во првиот круг, уште три ќе се борат во вториот

October 20, 2025
Скриншот од видео на Times News

Центристот Родриго Паз победи на претседателските избори во Боливија, со што заврши речиси 20 годишното левичарско владеење

October 20, 2025
Фото: МИА Архива

Политико: Новите членки на ЕУ би можеле да се приклучат без право на вето

October 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Македонската армија доверлив партнер на НАТО

August 18, 2018 09:12
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Армија која дејствува согласно стандардите на НАТО, чии војници рамо до рамо со војниците на земјите-членки на Алијансата учествуваат во мировни мисии и даваат свој придонес во зачувување на глобалниот мир и безбедност и пред земјата официјално да биде дел од најголемиот воено-политички сојуз во светот е оценка за дејствување на АРМ, која ја дадоа високите државни и воени претставници на централниот настан на одбележувањето на 18 август – Денот на АРМ.

Реформите во АРМ се засилија изминатата година. Една од првите мерки кои беа воведени е зголемувањето на платите на вработените за десет отсто. Тука е и зголемување на буџетот за одбраната за 15 проценти. Лани тој падна на 0,9 отсто, оваа година со зголемувањето се врати на еден отсто, а според новиот СОП секоја година е преземена обврската да се зоглемува за 0,2 отсто, во период од пет години, додека не дојде до два отсто од БДП што е стандард за земјите членки на НАТО. Предвидено е модернизирање на воените сили, набавка на нова опрема, но и на нови униформи и чизми за сите припадници на АРМ.

АРМ

– Го вративме фокусот на клучните реформи во одбраната и членството во НАТО со исполнување на Стратешкиот одбранбен преглед и Стратегијата за одбрана. Со ова покажавме дека Република Македонија знае што сака и каде сака да оди со што постигнавме една од стратешките цели, а тоа е покана за членство во НАТО и почеток на процесот за пристапување во ЕУ. Што е одраз на силната консензуална определба и амбиција која трае повеќе од 20 години, но потребни се резултати, конкретни и видливи, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска, на вчерашната прослава на Денот на АРМ.

Шекеринска награди на прослава на АРМ

АРМ вчера доби нов началник на Генералштабот. На вчерашната централна церемонија беше извршено примопредавање на должноста од досегашниот началник, генерал потполковник Методија Величковски на генерал-мајорот Васко Ѓурчиновски.

Примопредавање началници на АРМ - прослава на АРМ

Претседателот на РМ и Врховен командант на АРМ вчера истакна дека АРМ во изминативе години исполнувала големи задачи и во услови кои од година во година станувале се посложени и поризични.

– Армијата е неутрален чувар на територијалниот интегритет и независноста на земјата. Таа ја штити границата, сувереноста, безбедноста и унитарноста на Република Македонија. Армијата им помагаше на своите граѓани во справување со природните непогоди, а учествува и континуирано во мировните мисии ширум светот, рече Иванов.

Според него, македонскиот придонес не е симболичен, туку стуштински. Иако, Македонија се уште не е во НАТО, Армијата на РМ де факто е во НАТО и затоа земјава не скршнува од зацртаниот евроатлански пат.

Прослава на АМ-Смотра на Ѓорѓе

Во СОП, кој беше донесен минатиот месец се содржани сите нови предизвици со кои се соочуваат одбранбените сили глобално и во него е предвидено високо ниво на модернизација и оптимизирање на ресурсите во одбраната.

Првата цел на СОП е создавање модерна и флексибилна армија, која ќе ја гарантира сувереноста, стабилноста и интегритетот на РМ. Предвидено е транформирање и модернизирање на АРМ, како и подобрување на нејзините оперативни способности. Целите на модернизацијата ќе бидат исполнети во рамки на „Концептот за идните вооружени сили 2028.“

Предвидена е промена на структурата на АРМ, организацијата е дизајнирана со консолидиран  број команди и штабови со многу јасни дефинирани нивоа на одговорност – стратешко, оперативно и тактичко, со делегирани одговорности на соодветно ниво наместо досегашната централизација, оптимална големина и целосна пополнетост на единците.

Од септември е планирано да се организира курс за подофицери, кој не бил реализиран од 2009 година.

Планирано е придонесот на АРМ во меѓународните операции да  продолжи, а декларираните единици во составот на АРМ, кои се подготвуваат за употреба во рамки на мисии раководени од НАТО, ЕУ, ОН ќе бидат во фокусот на процесот на модернизација.

Македонија од 2002 година почна да учествува во меѓународни мировни мисии, во Авганистан во 2002 година, Ирак во 2003 година, во мисијата на ЕУ во Босна и Херцеговина во 2006 година и мисијата на ОН во Либан.

Криволак вежба

Американската 7. команда за обука на воените сили даде сертификат воениот полигон Криволак да може да го користат и нивните воздухопловни сили.

На Криволак од 1. до 20 август обука реализираат  единиците од копнените сили на САД за Европа, односно  од 3. сквадрон, 61. коњанички полк, 1. бригада, 4. пешадиска дивизија, (3-61 коњанички полк) од форт Карсон, Колорадо и 3. батаљон, 126 авијациски полк, од Армиската национална гарда стационирана во Бостон и Масечусетс.

Најавена е поголема искористеност на полигонот не само од македонската војска, туку и од сојузниците на земјата, што ќе донесе и економски бенефит.

Криволак вежба

– Воениот полигон Криволак е типичен пример за тоа дека РМ не очекува само да стане земја членка на НАТО, да ги користи придобивките на членството, туку дека како држава има што да понуди на сојузниците, порача Шекеринска на денот на високите гости на Криволак за време на посетата на обуката на американските копнени сили во САД.

Шекеринска информираше дека во изминатиот период е инвестирано во капацитетите на Криволак и нивното сертифицирање. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    177 shares
    Share 71 Tweet 44
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ