• Latest

Македонската литература тешко се пробива на големиот книжевен пазар

May 27, 2018

Изборна хроника: Црна кампања, српски свет, пациенти и гласачи, мегапаркови наместо диви депонии

October 6, 2025
Shelling aftermath in Olenivka, Donetsk region, July 29, 2022. Photos from open sources

Украинските обвинители истражуваат егзекуции на 322 воени заробеници од страна на Русија

October 6, 2025
Фото: Д.М, ЦИВИЛ

Уапсен советникот на директорот на полицијата на РС и неговите синови под сомнение дека нападнале полицајци во Бања Лука

October 6, 2025
Фото: Фејсбук

Итно започнување на преговорите за пристапување на Молдавија во ЕУ, побараа 55 европратеници од 19 земји-членки

October 6, 2025
Делегација на Хамас пристигнува во Египет на преговори со Израел. Фото: Скриншот од видео на
WION

Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Без докази и без мерка: Уште еден напад од Ана Брнабиќ врз независните медиуми

October 6, 2025

24 ЧАСА: Втора недела изборна кампања; лидерите на Западен Балкан на самитот „Брдо-Бриони“ во Драч; нападната најголемите руска фабрики за експлозиви; изборни ветувања

October 6, 2025
Еден од најголемите производители на експлозиви и муниција во Русија, државната фабрика Свердлов, која се наоѓа во градот Џержинск во областа Нижни Новгород. Фото: Википедија

Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

October 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама ја поништува одлуката со која ги „амнестира“ кулите на олигарсите; Кој ќе биде новиот лидер на СПАК; Османи го обвинува Вучиќ дека се обидел да ја наруши средбата Брдо-Бриони

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Канцеларот Мерц смета дека Русија стои зад многу од неидентификуваните дронови над Германија

October 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Македонската литература тешко се пробива на големиот книжевен пазар

May 27, 2018 11:38
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Нема заинтересираност од странските издавачи за превод на македонски книги или процедурите за нивниот избор се во застој? Конкурсот на Министерството за култура за финансирање странски издавачи е отворен во текот на целата година за поднесување апликации, но се чини динамиката на проектот не е иста. Или, пак, впечатокот е таков затоа што резултатите не се соопштуваат јавно како до пред една година.

Субвенционирањето странски издавачи кои ќе преведат и објават книга од македонски јазик почна да се применува од 2014 година како стимулативна мерка од Националната стратегија за култура 2013-2017. Позитивен став за таа новина во издавачката дејност имаше и новото раководство во Министерството по смената на власта, наспроти критиките за повеќето други проекти во културата што ги оцени како неуспешни или непотребни.

Од Министерството за култура за МИА одговорија дека конкурсот е активен и комисијата работи. Од почетокот на 2014 се поддржани 149 преводи, а од смената лани, велат, поддржани се 34 дела. Укажуваат дека законски не се обврзани да ја продолжат практиката резултатите да ги објавуваат на прес-конференции.

министрество за култура

– Легислативата не пропишува јавно објавување на резултатите од овој конкурс, туку им се праќа одговор по електронски пат на апликантите, на кои договорите им ги доставуваме писмено и електронски. Конкурсот е активен, комисијата работи, има одобрено нови изданија, кои ќе бидат објавени на веб-страницата на Министерството за култура по сумирање на резултатите од досегашните работни сесии на комисијата, информираат од Министерството за култура, од каде што додаваат и дека апликации најчесто пристигнуваат во пролет и есен кога се одржуваат саемите на книга.

Нове Цветаноски, иницијатор на проектот и претседател на првата комисија за разгледување на пријавите, изјави дека конкурсот, со кој се помага покривањето на трошоците за превод, досега е најдобриот и најефективниот проект за меѓународна афирмација на македонската литература и, како што рече, вратата кон Европа и кон светот за македонските писатели.

– За половина век не беа преведени толку дела колку за три години. Многу млади автори но и постари афирмирани писатели, благодарение на тој конкурс, првпат ја почувствуваа меѓународната афирмација. Секоја комплетна и уредна пријава за секое квалитетно дело беше прифатена. Сега не знам дали сè уште функционира тој конкурс. Неофицијално слушнав дека нема доволно пријави од странски издавачи, а тоа е затоа што нема кој да им најде издавач на македонските автори, изјави Цветаноски.

Превод корици 1

Сегашнот претседател на комисијата што ги разгледува пријавите, Ненад Стевовиќ, вели дека се состануваат по потреба и кога ќе се насоберат поголем број пријави, решаваат по нив. За изминатата година поддржани се триесетина проекти што, рече, е во рамките на изминатите години. Речиси сто отсто се поддржани од тие што се пријавуваат.

– Интересот е, главно, од балканските земји и од поблиските јазици и претпоставка е дека најмногу се должи на личните контакти на писателите. Во оваа ситуација тоа е добредојдено, но тоа не може да биде единствен начин. Се забележува дека од година во година се работи за исти издавачи а, за жал, нема голем интерес од поголеми земји – за преводи на француски, германски, на англиски јазик. Потребно е да се формира Агенција за книга за што, како што е најавено, има намера Министерството за култура, за македонската литература да биде повидлива и попрофесионално претставена, која ќе има своја веб-страница со сите актуелности, со адресар на македонска литература итн., секако и на англиски јазик. Пример може да биде Словенечката агенција за книги ЈАК , изјави Стевовиќ.

Преводите најчесто резултат на лични познанства

Според писателите, субвенционирањето странски издавачи кои ќе преведат и објават македонски книги е значаен проект зашто овозможил нивниот глас да се слушне преку границите. Академик Влада Урошевиќ вели дека конкурсот е едно од ретките среќни решенија донесени во врска со пласманот на нашите книги во странство. Смета дека постојат сè уште нерешени проблеми, а прашање е, рече, и дали е можно докрај сите тие да се решат. Една од слабостите е дали се преведуваат квалитетни дела и тие што најмногу заслужуваат да бидат преведени. Затоа што со конкурсот се помагаат со финансии сите книги што конкурираат доколку ги задоволат формалните услови – солидно обработена документација и докази дека постои сериозен издавач кој ќе ја објави книгата.

– Сега се поставува прашање за вреднувањето на тие книги – дали се тоа навистина книги кои треба да ја репрезентираат македонската литература во странство. Не сакам да навредувам никого, но постојат многу значајни книги кои никој не ги предлага, или авторот е веќе починат, или немаат врски со издавачи… Тоа е еден извонредно тежок проблем затоа што доколку, од друга страна, се мешаме и во вреднувањето на тие книги, тогаш ќе добиеме резултат државата преку своите институции да се замеша во пласирање на домашната книга во странство. А тоа не би смеело да биде. Државата не би смеела да вреднува и да си зема на себе улога на арбитер за естетски вредности. Тој принцип на немешање на државата во вреднувањето на книгите треба да се зачува, истакнува Урошевиќ, кој овој дециден став го имал и пред неколку децении кога бил во комисија за културни врски со странство и за пласман на наши книги.

Влада Урошевиќ

Академик Урошевиќ ја нагласува и важноста од негувањето на врските со странски издавачи и со преведувачи кои, според него, треба да се мотивираат да го запознаваат македонскиот јазик и потоа да ја шират македонската литература на своите јазици. Во денешни услови кога многу од минатите културни врски со светот се ослабени или згаснати, вели тој, тешко се доаѓа до издавач во странство, особено на Запад, а преводите најчесто се на јазици од околните земји и се резултат на лични познанства.

– Да се пробие човек на некој сериозен и голем книжевен пазар е многу потешко. Тука играат улога и личните пријателства итн. Кај нас доста пејоративно се употребува тоа „лични врски“, а тие се значајна работа во уметноста. Порано имавме извонредни книжевнки врски, преку Струшките вечери, со врвовите на француската литература и литературите на неколку други европски земји. За жал, не умеевме да ги чуваме и негуваме тие врски кои не се создаваат така лесно. Сега ми се чини дека немаме толку силни врски со странство и очигледно е дека, за жал, како да помина големиот интерес за македонската литература што постоеше кон крајот на 1950-тите, 1960-тите и 1970-тите години. Тоа помина и сега сме една литаратура која е доста слабо позната во светот, која тешко се пробива, рече Урошевиќ.

Грижа за преведувачите заинтересирани за македонскиот јазик

Преку овој конкурс нему му беа преведени дела на руски, германски, француски и дански. Задоволен е од преводот од она што го прочитал на јазиците што ги знае. Смета дека државата треба повеќе да им посвети внимание на луѓето што ги преведуваат македонските книги,  особено на младите што се заинтересирани за изучување на македонскиот јазик. Тоа, вели, може да се прави не само со повикување на семинарот во Охрид, туку и да им се дава стипендија за да можат да престојуваат подолго време во Македонија, да им се овозможи да работат тука итн.

За превод

– Во еден миг имаше такви потфати и даваа резултати на тој план, но мислам дека сега се доста запоставени тие односи. Имавме лекторати во странство и тоа речиси пропадна. Има неколку странци кои живеат тука и кои одвреме-навреме преведуваат и се одлични во својата работа, а мислам дека не им укажуваме доволно внимание. За сето тоа треба грижа од институциите и ние треба да сфатиме дека тие луѓе се мост кој нè врзува со светот, истакна Урошевиќ.

Од 2014-та кога почна објавувањето на Конкурсот за финансирање странски издавачи, буџетот варира од година во година во однос на обемот на пристигнатите пријави. Според Министерството за култура, тој вообичаено се движи меѓу три и четири милиони денари, а  сумите со кои се поддржува преводот се базираат на мерила и критериуми. Минималниот износ на поддршка е 500 евра, а максималниот 5.000 евра. Комисијата ги определува според јазикот на превод, големината на делото, популарноста на авторот итн.

Најбројни се преводите на српски, бугарски, украински, хрватски, англиски јазик. Но има и преводи на кинески („Нишан“ – Блаже Миневски), ерменски („Неверство“ – Дејан Трајкоски), амхарски („Сестрата на Зигмунд Фројд“ – Гоце Смилевски, „Македонски народни приказни“ – Марко Цепенков), арапски („Нишан“ – Блаже Миневски, „Дваесет и првиот“ – Томислав Османли, „Храпешко“ – Ермис Лафазаносвки)… По автори, најмногу преводи имаат Лидија Димковска и Киро Донев (седум), Томислав Османли и Блаже Миневски (шест).

Превод корици 2

Министерството за култура планира утврдување нови критериуми и реформи во финансирањето, применување комбинирани и специјални повици, еднократни и со променливи датуми, за краткотрајни, но и подолгорочни проекти што имаат потреба од повеќегодишно финансирање, особено за пресретнување на проектите што добиле европска поддршка.

– Министерството за култура од оваа година го активира целосно Секторот за книга при Министерството и го презема меѓународното претставување и презентирање на издавачката продукција и литературата од нашата земја, преку концептуално презентирање на автори и дела од Македонија прилагодено на тематските фокуси на саемите, што ќе ги зајакне меѓународните претставувања на македонската книжевност и издаваштво, додаваат од Министерството за култура.

Хатка Смаиловиќ 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: македонски книгиМинистерство за културастранство
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    152 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ