• Latest
Џабир Дерала, Скопје, 11 октомври 2016 (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонската независност, од проодувањето до денес

September 8, 2021

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Македонската независност, од проодувањето до денес

Накратко, за времето на нашето проодување како независна држава до денес, кога гордо славиме 30 години независност.

September 8, 2021 11:31
in ЕДИТОРИЈАЛ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џабир Дерала, Скопје, 11 октомври 2016 (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Џабир Дерала, Скопје, 11 октомври 2016 (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Откако на Референдумот во 1991 година гласавме самостојна држава до сега, не се сеќавам на период кога некој или нешто не се закануваше да ја разниша или распарчи. Најчесто некој од внатре, во политиката, помогнат од медиумите и академијата. Уста полна патриотизам, а работеа во служба на тие од околу и малку подалеку, а секако најмногу за себе.

СО ПОЛИТИЧАРИ ОД 19-ОТ ВЕК

Македонската држава се роди на крајот на 20-от век, но добар дел од политичарите на тоа време живееја на крајот на 19-от век. Ова се однесува и на оние што се меѓу заслужните за нејзиното осамостојување, како што е Љубчо Георгиевски. Тој од пред неколку години почна срамежливо да гази надвор од 19-от век. Поголем дел од партијата што ја основаше, остана во 19-от век. И не се осамени во тоа, а меѓу нивните „истомисленици“ се и партии на другите етнички заедници (делови од народи).

Киро Глигоров и неколку други политичари и креатори на јавното мислење на почетоците на македонската независност, за среќа, беа во соодветниот век. Можеби не беа доволно прогресивни, ниту ги негуваа истите вредности за кои се залагаше најпрогресивниот дел од нашето општество, но беа доволно мудри и храбри лидери, да ја поведат македонската држава кон иднината, да ја обезбедат независноста и она што денес го имаме.

ПОУКИТЕ ОД РАСПАДОТ НА ФЕДЕРАЦИЈАТА

Додека крвавите војни беснееја низ Балканот во 90-те години од минатиот век, додека се кроеја мапи, се бомбардираа градови, се градеа конц-логори, ние живеевме во мир. Со сите неволји, блокади и тешки инциденти, и внатрешни и надворешни, сепак, останавме цели, додека Федерацијата се распаѓаше низ разорување и крвопролевање.

Успеавме, со помош на демократскиот и прогресивен дел од меѓународната заедница, газејќи по работ, дури и од воениот конфликт во 2001 година да извлечеме далеку подобри поуки отколку земјите во поранешната федерација во чиј состав бевме 45 години. И да го претвориме во позитивно општествено и политичко наследство, иако со горчливи и болни спомени на изгубените животи во тие немили настани.

ИМА МОМЕНТИ

По 30 години независност на македонската држава, има моменти кога мислам дека не ја заслужуваме да живееме во наша, независна држава. Вчудовиден сум од неодговорноста на еден дел од моите сограѓанки и сограѓани, особено оние што се занимаваат со политика или на било кој начин учествуваат во неа, макар и како партиски ботови.

И тогаш велам: Едноставно, не ја заслужуваат оваа земја. Не го заслужуваат сиот овој труд што го вложуваат прогресивните интелектуалци, уметници, активисти и политичари.

Што сакам да кажам? Сакате пример, еден од илјадниците? Еден великан како Блаже Конески, не заслужил да биде наречен „џуџето од Небрегово“. Едното со другото се исклучува. Или Конески не заслужил таква изјава од висок функционер, или „авторот“ на таа изјава не ја заслужува оваа земја. Бидејќи, Конески е вграден во темелите на оваа земја.

Да се разбереме, „заслужувањето“ овде нималку не значи тоа што би им значел тој збор на радикалите во земјава. Особено затоа што и не го мислам тоа, бидејќи секој заслужува да живее слободно и достоинствено, во своја земја, колку и да е радикален и неодговорен. Повеќе значи дека не го заслужиле јавното внимание, а уште помалку да јаваат на високите позиции во општеството и државата и да остарат цицајќи ги јавните пари.

НЕОДГОВОРНИ ЛИКОВИ

Дел од креаторите на политиката и на јавното мислење најчесто биле и сѐ уште се приврзани кон држави, тајни служби и други структури кои не ѝ мислат ништо добро на Северна Македонија, кои би сакале да ја видат нестабилна, сиромашна и изолирана. Тие би сакале да ја видат нашата земја под нечија чизма, поделена и заградена со бодликави жици, во кои тие ќе бидат мрсните кметови што ќе уживаат во моќта и парите на луѓето.

Затоа, тие напорно работат да ја сменат јавната перцепција за оние држави што ја поддржуваат нашата независност од првиот ден и ја гарантираат нашата стабилност, безбедност и суверенитет на границите. Затоа, тие сакаат да ја сменат перцепцијата за тоа што се демократски и прогресивни процеси. Затоа, тие не престануваат со поткопување на довербата, сеат омраза и повикуваат на насилство. Тоа се, најблаго кажано, неодговорни ликови. Но ние ќе се бориме и тие да живеат во независната македонска држава слободно и достоинствено.

РАМНОПРАВЕН ДЕЛ ОД СВЕТСКОТО СЕМЕЈСТВО

По триесет години независност и државност, нашата земја денес е рамноправен дел од светското семејство на независни држави, со признаено име, идентитет, јазик и култура, почитувана држава-членка на големи глобални асоцијации и организации.

Нашата држава, по толку премрежија, тешка и проблематична транзиција и авторитарно владеење, сега е позната во светот по својата мирољубивост, конструктивност и прогресивност. Преспанскиот договор ќе остане забележан во светската историја како пример за надминување на спорови. И тука не застанува набројувањето на нашите големи успеси како држава. Политичките лидери во една земја имаат големи заслуги, но поддршката од луѓето е пресудна. Ако таа изостане, сѐ е можеби благороден, но неуспешен обид. Во македонскиот случај, се работи за успех и реалност во која живееме.

ПРАВЕЦОТ Е ПОЗНАТ

Правецот е познат – прогресивна, мултикултурна, демократска и мирољубива заедница на македонски граѓанки и граѓани. Држава во која секој ден се работи на унапредување на човековите права и слободи, без страв од државниот апаратус (не беше така секогаш). Сѐ друго не ќе нѐ врати онаму каде што не сакаме да се видиме себеси и идните генерации.

Затоа, да ги тргнеме барем на овој голем празничен ден, мислите од деструктивните структури на страна, да погледнеме зад себе и да ги запомниме грешките и да бидеме горди на постигнувањата. Да гледаме кон иднината и да се трудиме да бидеме горди на тоа што сме го постигнале во минатото на следниот ваков јубилеј.

И да не заборавиме да им заблагодариме на големите и искрени пријатели во Европа и во светот, кои беа и сѐ уште се со нас, и во тешките и во убавите денови за нашата земја.

Нека ни е честит Денот на македонската независност!

 


Creative Commons 4.0 (дозволено преземање, со линк до изворот)
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ