• Latest
Фото: alarabya.net

Македонски државјани се бореле за платеничката војска „Вагнер“

December 26, 2024
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Македонски државјани се бореле за платеничката војска „Вагнер“

December 26, 2024 16:35
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
Фото: alarabya.net

Фото: alarabya.net

Share on FacebookShare on Twitter

Први случаи за учество на македонски државјани во војната во Украина. Обвинителството отвори две истраги, а еден осомничен бил член на руската платеничка група „Вагнер“. Двајца осомничени се во куќен притвор, а еден загинал. Дали има организирани мрежи за регрутирање борци од Северна Македонија?

Јавното обвинителство води истрага против двајца македонски државјани кои учествувале во војната во Украина и наводно се бореле за паравоени групи на руската страна против Украина, од кој едниот бил член на приватната војска „Вагнер“ . Обвинителите постапуваат против поединци од земјата осомничени дека се бореле во војната во Украина, што е кривично дело „Учество во странска војска“.

„Во однос на предвидената казна за кривичното дело Учество во странска војска истата може да биде најмалку четири години“, се вели во одговорот на Јавното Обвинителство за Радио Слободна Европа.

Засега Обвинителството и полицијата не даваат детали колку луѓе од земјава заминале да војуваат во Украина, ниту дали постојат организатори кои регрутираат борци во Северна Македонија.

Министерството за внатрешни работи за помалку од еден месец објави соопштенија за две лица кои учествувале на руската страна во војната во Украина, а во нив се споменува и дека еден македонски државјанин загинал во борбите.

Последното е од 23 декември во кое се вели дека полицијата кривично гони македонски државјани за учество во руската војска во воениот конфликт во Украина.

Сеработи за 37-годишен маж од Скопје (Љ.Б.), кој заедно со веќе починатиот (Т.Ш.) преку апликацијата „Телеграм“ аплицирале на конкурс за служба во руската армија.

Според МВР, двајцата во септември годинава отпатувале за Русија, каде потпишале договор со Министерството за внатрешни работи на Доњецката Народна Република и се приклучиле на нивните воени и паравоени формации.

МВР: Регрутер преку интернет

По претресот на домот на осомничениот (Љ.Б.) полицијата пронашла документи, тактичка облека и други предмети за кои од МВР велат дека ја потврдуваат неговата вмешаност. И на двајцата осомничени им е изречена мерка куќен притвор.

Во првиот случај објавен на 30 ноември, се вели дека 28-годишен маж (Ј.К.) во октомври заминал за Москва со намера да се приклучи на руската војска за паричен надомест од 3.000 евра. По враќањето во земјава, македонските власти го уапсиле и му поднеле кривична пријава.

Според истрагата, (Ј.К.) стапил во контакт со регрутер преку интернет и по пристигнувањето во Русија му било побарано да го предаде пасошот, по што требало да потпише договор и да биде испратен на обука за борба во Украина.

Од институциите нема одговор дали ова се изолирани случаи или пак станува збор за организирано регрутирање на борци од земјава да учествуваат во војната во Украина.

Од МВР кусо за РСЕ одговорија дека заедно со Обвинителството и другите безбедносно разузнавачки служби преземаат активности за проверка на сознанија за сите лица за кои постојат сомненија дека се дел паравоени војски.

Случаите не сакаше да ги коментира Националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам Павле Трајанов, кој ни кажа дека во моментов ниту тој нема изворни информации од МВР за тоа колку луѓе од земјава учествуваат во војната во Украина.

Конфликтот меѓу Русија и Украина трае цела деценија, почнувајќи од анексијата на Крим во 2014 година, а ескалираше во целосна руска инвазија кога десетици илјади руски војници ја преминаа украинската граница во февруари 2022 година.

Досега не беа објавени информации од безбедносните служби на Северна Македонија за учество во оваа војна на државјани на земјава. Повеќе случаи имаше од земји како Србија, БиХ и Црна Гора.

Некои од повратниците од овие земји сведочеа дека се бореле за единици под различни имиња, меѓу другите единицата „Волк“, батаљонот „Судоплатов“, но и за руската приватна воена група „Вагнер“ која излезе од сенка откако руските државни медиуми започнаа секојдневно да ја фалат за успесите на нејзините платеници во инвазијата.

М. Д.

Tags: Вагнермакедонски државјанишшество во странска војска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ