• Latest

Максути: Југохром мора да прифати дека се најголем загадувач во Тетово

July 21, 2018
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Максути: Југохром мора да прифати дека се најголем загадувач во Тетово

July 21, 2018 13:11
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Мерита Максути, архитектка и активистка на Еко Герила во разговор со ЦИВИЛ Медиа, истакна дека прашањето за Југохром допрва ќе се решава, а тие нема да отстапат од нивните барања. На тврдењата на синдикатот на Југохром дека тие не се најголемиот загадува, Максути одговори дека со тоа само го потврдуваат фактот дека се и за тоа има релевантни докази.

„Сосема е неприфатливо по 5 години убедување дека ги поставуваат филтрите или ќе ги постават филтрите  е несериозно од еден синдикат, инструментализиран од менаџментот на Југохром, да дава несериозни тврдења… Во однос на податоците можеме да ги споредиме… Од 2012 до 2015 кога Југохром работеше со полна пареа се следеа ПМ10 честичките колку беа на годишно ниво… Тетово како најзагаден град во периодот падна на седмо место по загаденост во Македонија… Југохром мора да прифати дека се најголем загадувач. И ќе ги потсетам дека сами потпишале оперативен план со Министерството за животна средина и просторно планирање, каде точно кажуваат колку тони прашина произведуваат дневно“, изјави Максути.

За конкретните понатамошни чекори на Еко Герила за решавање на овој проблем, Максути рече дека ќе продолжат да бидат укажувачи независно дали се работи за Југохром, депонии или друг проблем што е илегален и не е во рамките на законот и ќе инсистираат до крај да се почитуваат конвенциите што се потпишани со ЕУ што е значајно и за самиот влез на Македонија. Максути додаде дека ќе останат конзистентни на нивната цел.

„Мислам дека најголемиот успех ни е подигање на свеста и менување на секојдневните теми во теми што се од интерес на граѓаните во едно здраво и отворено општество“, изјави Максути.

Во однос на поддршката на прашањата со кои се занимава Еко Герила тоа порача дека истражувачкото новинарство е многу значајно и ќе помогне во лоцирање на најзначајните точки, како што е Југохром, да се истражат и понатаму да се преземе нешто.

„Нашата цел е да ги информираме и едуцираме граѓаните до ниво да можат и да реагираат… Институциите,пак,  мора да го почитуваат законот и тоа би било доволно. Во Македонија имаме добри закони, но нивното имплементирање е катастрофално“, рече Максути.

Што се однесува на медиумите и нивната улога во покривање на еколошки теми, Максути е задоволна и гледа напредок, затоа што, како што вели, без нив не би биле на она ниво на кое што се, а нивната улога е навистина битна за подигање на јавната свест.

Биљана Јордановска

Камера: Дехран Муратов

Tags: Еко ГерилазагадувањеЈугохромМерита Максути
Share49TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ