• Latest

Манчевски: Создаваме нови стандарди на политичко однесување

July 19, 2018

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Манчевски: Создаваме нови стандарди на политичко однесување

July 19, 2018 15:39
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, учествува на меѓународната конференција за отворено владино партнерство, што се одржува во Тбилиси, Грузија.

Тој говорејќи на панел сесијата на тема „Од ангажман до ко-креирање. Обновување на довербата за подобри реформи за отворени влади“ се осврна на мерките и активностите што Владата и МИОА, ги презеде изминатата година со цел транспарентност и отчетност во работењето на институциите.

– Донесовме одлука со која ги задолживме сите државни институции да објавуваат листа на 21 документ од јавен интерес. Договорите склучени преку јавни набавки повеќе не се тајност во Македонија, туку се јавно објавени и достапни до сите граѓани.  Голем исчекор во отчетноста за тоа како се трошат парите на граѓаните постигнавме со објавување информации за службените трошоци на министрите, замениците министри и државните секретари, рече министерот Манчевски.

Тој додаде дека листата ја прошириле со уште над 50-тина институции и нивни директори и раководители.

– Тоа што ние го ветивме и што го спроведуваме во пракса е јавни расправи и консултации за сите јавни политики кои ги носиме. Потврда за тоа е и зголемување на рокот за коментирање на ЕНЕР од 10 на 20 дена. На овој начин сите заинтересирани имаат двојно поголема можност да бидат вклучени во целиот процес на креирање на закони, истакна министерот за информатичко општество и јавна администрација.

Во контекст на унапредување на политиките за објавување на отворени податоци од државните институции, заради подобрување на транспарентноста и отчетноста на институциите, но воедно и искористување на економскиот потенцијал од објавувањето на отворени податоци, министерот Манчевски зборуваше за Стратегија и Акциски план за отворени податоци.

Одговарајќи на прашањето кои се планирани активности за Македонија да биде лидер во регионот за отвореност и транспарентност, министерот Манчевски се осврна на податоците од  последното истражување Action SEE.

– Многу ме радува што можам да кажам дека Македонија веќе е лидер во регионот во транспарентност и отчетност. Ова го покажа последното истражување ActionSEE, според кое Владата на Македонија е на првото место во споредба со Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора. На истото ова истражување, минатата година Македонија беше на последното 6-то место. Ова е извонредно и исклучително признание и успех за сите нас кои партнерски работевме со граѓанските организации и граѓаните, рече министерот Манчевски.

Според него, со ова Влада ги поставува стандардите на владеење, и стандардите на политичко однесување и гради нова политичка култура во Република Македонија, што ќе биде обврска за секоја следна владејачка гарнитура. (МИА)

Tags: Влада на Република МакедонијаДамјан МанчевскиконференцијаминистерМинистерство за информатичко општествоТбилиси
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ