„Ако сепак се обидеме да побараме барем еден од многуте можни одговори за тоа од каде и зошто толку лажни вести како со воената криза во Украина, така и со пандемијата тогаш, покрај глобалните државни пропаганди и многуте познати и јавни и уште побројните затскриени и мистични центри за продукција на лажната „вистина“, може да се констатира дека авторство на лагата може да се препише и на таканаречениот обичен човек.
На граѓанинот зад компјутерот или зад тастатурата и фотоапаратот на својот мобилен. Разно разни од незнаење, од неукост или со намера продуцирани или раширени вести од поединци или од страна на интересни интернет граѓански групи како што се ваксери, антиваксери, медицинари и надримедицнари. И, очигледно, најмногу од исплашените, од недоволно едуцираните поединци кои, користејќи ги интернет алатките, масовно се присутни во јавноста со сето свое незнаење, страв или едноставно поради личните ментални потреби да продуцираат пакости.“
Извадок од анализата „Кога совеста е мртва, тогаш умира вистината“, од Зоран Иванов, објавена на ЦИВИЛ Медиа на 5 мај 2022 година.