Синдикатот на УПОЗ денеска во зградата на Сојузот на синдикати на Македонија ќе се сретне со министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски со кого ќе разговара за реформите во јавната администрација и за најавениот закон за плати во јавната администрација.
Покрај ова, на седницата на Претседателството на Синдикатот на УПОЗ се очекува да се расправа и за потпишување на грански колективен договор, како и за спроведување на заклучокот на Владата и Спогодбата за степенот на кариера во државните установи.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.