• Latest

Маричиќ: Иднина во ЕУ, а не изолација, тоа е нашата определба

November 9, 2023
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
Фото: Претседател на Украина

Најголемиот корупциски скандал во претседателството на Зеленски доаѓа од внатрешните кругови

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Маричиќ: Иднина во ЕУ, а не изолација, тоа е нашата определба

November 9, 2023 13:33
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска во просториите на Прес центарот на Владата на Република Северна Македонија заедно со шефот на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Дејвид Гир одржаа прес-конференција по повод објавувањето на Извештајот на Европската комисија за 2023 година.

 На своето обраќање Вицепремиерот Маричиќ упати честитки до Комесарот Вархеји и Амбасадорот Гир за нивниот професионален ангажман и посветеност на процесот на подготовка на објективна слика за тоа каде сме ние и каде е секоја земја од процесот на проширување во моментов.

На прес конференцијата вицепремиерот Маричиќ го поздрави и објавениот План за раст на економиите на Западен Балкан, што значи дека со планот за раст ќе биде засилена нашата и регионалната економија, ќе се намалуваат разликите со економиите на земјите членки на ЕУ, ќе се овозможува пристап до европскиот заеднички пазар, и ќе се забрзува интеграција на Западен Балкан во Европската унија.

Вицепремиерот Маричиќ се осврна и на Извештајот кој објасни дека Комисијата, даде објективен пресек на состојбите и напредокот во реформите и ги идентификува областите каде треба да се зголемуваат напорите и да испорачаме повеќе резултати. Во овој контекст тој нагласи дека имаме прогрес во голем дел од поглавјата а нема назадување во ниту едно поглавје и сме со соодветно ниво на подготвеност со вкупна оценка на подготвеност на земјата за 2023 година е „добро ниво на подготвеност“, кој е и солидна и константа неколку години наназад.

Во продолжение на прес конференцијата Маричиќ истакна дека, „Ги прифаќаме укажувањата во извештајот и ги сметаме за важен показател за нашиот напредок, тоа е рефлексија на нашата секојдневна борба за унапредување на општеството, а ние не смееме да дозволиме да ги пролонгираме роковите кои се јасно определени, земјата ги продолжува напорите за ЕУ реформите.

„Како вицепремиер за европски прашања и главен преговарач, ја потенцирам констатацијата на Комисијата, која ја споделуваме и ние дека „Владата и администрацијата мобилизираа значајни ресурси и активно учествуваа во скрининг процесот, кој ни ја дава основата за дефинирање на идните реформски приоритети од ЕУ агендата, кои треба да се спроведуваат и за кои неминовно е потребен широк општествен консензус. Во таа насока работиме на подготовка на патоказите за владеење на право, реформите во администрацијата и функционирањето на демократските институции“, рече Маричиќ.

За крај Вицепремиерот Маричиќ посочи дека препораките во Извештајот, како и секоја година, ќе ни користат како основа за спроведување на реформите за следниот период, планот и воопшто процесот на ЕУ интеграција не е само за активностите на Владата, туку за државата. Сè што е наведено во Извештајот на нашата држава и е добро познато и ние силно работиме на решенијата.

„Иднина во ЕУ, а не изолација. Тоа е нашата определба.

Ги повикувам сите политички субјекти да преземат одговорност, сите заедно да се покажеме достојни на предизвикот и да го направиме новиот чекор за поблиску до евроинтеграцијата.

 Уставните измени се влог за нашата иднина, без да изгубиме ништо“, изјави Маричиќ.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ