• Latest

Маричиќ: Ќе завршевме со законот за попис вечерва ако немаше мала политизација

March 31, 2021
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ: Ќе завршевме со законот за попис вечерва ако немаше мала политизација

March 31, 2021 20:07
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПОПИС
Share on FacebookShare on Twitter

Имавме долга координација во Собранието меѓу пратеничките групи, Владата и претседателот на Собранието. Скоро сите пратенички групи се согласни дека час поскоро треба да се усвои законот за попис. За жал, не успеавме вечерва да се договориме, благодарејќи на една од опозициските пратенички групи, рече вечерва министерот за правда Бојан Маричиќ.

Како што рече Маричиќ во гостувањето на ТВ Сител, ако немало мала политизација, се ќе било завршено вечерва. Утре би требало, додаде, на седница, ако спикерот Џафери закаже, законот да се најде на дневен ред и да биде донесен во најскор можен рок. Предложен е во скратена постапка и со европско знаменце, повтори министерот, што значи дека повеќе од два или три дена не може да трае постапката за негово усвојување.

Маричиќ потсети дека пописот, според постојниот Закон, треба да почне утре, а ако попишувачите излезат на терен и соберат некакви податоци, тие ќе бидат земени предвид.

-Тоа е прашање за Државниот завод за статистика и доколку го следат словото на Законот треба да се почнат определени активности. Какви активности и да се преземат, тоа ќе биде нивна проценка од практичен аспект, но кои активности и да бидат преземени тие ќе имаат важност за целиот процес, така што доколку почнат со попишувачки активности утре тоа ќе значи дека тие податоци ќе важат исто како што важат тие за дијаспората досега. Нам ни е целта суштински да го направиме пописот. Жалиме што не успеавме вечерва да се донесе законот, но јас верувам дека ова одлагање од неколку дена нема да пречи на целиот процес, бидејќи сите партии во Собранието се согласни, со исклучок на Алијанса на Албанците и Алтернатива, истакна Маричиќ.

Според него, без разлика која е определбата на која било пратеничка група, утре се очекува да се отвори седницата на која ќе се најде законот, но сепак, тоа зависи од претседателот на Собранието.

-Денеска не беше блокада на законот, барем јас така не го разбрав. Координацијата беше дали е возможно, дали постои договор процедурата да почне вечерва, сите чекори да се изодат и пред 00.00 часот да се донесе законот за од утре да важи. Сите технички забелешки се исправени во текот на координацијата во рок од два часа, ја доставивме целокупната документација и се што бараше Собранието. Нема технички пречки да се најде законот на седница, а поради начинот на кој е предложен, со евроспко знаме и по скратена постапка, нема можности за долготрајни блокади, подвлече Маричиќ.

Министерот вели дека навреме биле отворени прашањата за сите чинители да се вклучат во пописот.

-Епидемиолошката слика заедно со протоколите за попиост беа навреме донесени. СЕ надевавме и очекувавме бројките да се намалат за да може пописот да почне на 1 април и ќе почнеше ако не дојдеше иницијативата за лидерска средба. Од таа средба произлезе, заради епидемиолошката состојба и за да се овозможи целосна поддршка од опозицијата, одложување на операцијата. Мислам дека тоа е добар чекор за нас зашто овозможивме без политички предрасуди сите да учествуваат во пописот. Почнавме со многу дилеми, но драго ми е што денеска единствената дилема е епидемиолошката. Иако може да се чини дека задоцнивме, сепак мислам дека навреме реагираме и ќе завршевме и вечерва ако пак немаше одредена мала политизација. Но, ќе завршиме за неколку дена се надевам и ќе бидеме уште поподготвени во септември, напомена Маричиќ, додавајќи дека сите досега преземени чекори остануваат во важност.

Ниту се почнува од ново, потенцира, ниту прекинуваме.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ