• Latest

Маричиќ: Моделот за прочистување на правосудството до истекот на првите 100 дена од мандатот

September 15, 2020

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Маричиќ: Моделот за прочистување на правосудството до истекот на првите 100 дена од мандатот

September 15, 2020 14:57
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

До истекот на првите 100 дена од мандатот на Владата ќе имаме дефиниран модел за прочистување на судството и обвинителството, којшто заедно со чинителите во правосудниот сектор, Советот на јавни обвинители, Судскиот совет и останатите ќе го презентираме и ќе го образложиме пред јавноста, рече на денешниот брифинг со новинарите министерот за правда Бојан Маричиќ. 

–И од претседателот на Судскиот совет и од претседателот на Советот на јавни обвинители добивам уверување дека заедно ќе работиме на овој модел, како и од државниот јавен обвинител и од претседателот на Врховниот суд. Сите тие ќе се вклучат ефективно во креирањето на моделот, но и во неговото спроведување. Без партнери во  овие клучни институции тешко ќе успееме. Поради тоа ми е важно и одржувам дневна комуникација со сите нив со цел да направиме модел во којшто јавноста ќе верува, да ги отвориме судските институции за поголема отчетност, пристапност кон граѓаните  и јавноста и на тој начин да речам да ги тргнеме сите шпекулации, целата мистерија поврзана со судската власт за да може јавноста да верува  и да има двонасочна  комуникација со судските власти, рече Маричиќ.

Секако, додаде министерот за правда, секој судија и секој обвинител треба да си понесе своја одговорност и во позитивна смисла, значи и во оние случаи каде што успешно се справиле со случаите и со проблемите и во оние случаи каде што имаме застој, непрофесинално постапување или евентуална потенцијална корупција.   

-Нашата основна  идеја е да има  концепт во којшто ќе има проверка на имотот на судиите и  на обвинителите,  концепт во којшто ќе има проверка на случаите коишто се или застарени или се блиску до застарување, проверка на случаите коишто  се случиле од висока корупција или висок јавен интерес  и каде што ќе има ефективни  постапувања по извршена анализа  на пет проценти по случаен избор, но исто таа и по критериумите коишто ги спомнав ќе има ефективна постапка за оние судии и обвинители каде што  ќе се утврди одговорност за непостапување  и заташкување и непрофесионално  настапување, појасни министерот за правда.

Целта на овој процес, како што рече, е добрите професионалци и оние добро коишто си ја вршат работата имаат зајакната улога и да им биде оддадено признание, а оние коишто не ја вршат добро работата и оние коишто ја шират и ја  зајакнуваат недовербата во правосудниот систем да бидат отстранети од тој систем.

-Секако овој дел на зголемување на одговорноста во правосуднот систем  ќе оди паралелно со зајаканување на ресурсите. Ние како Влада ќе се залагаме и се бориме за тоа да имаат и судиите и јавните обвинители зајакнати ресурси за дејствување и во смисла на стручни соработници и во смисла на навремени и квалитетни избори на нови судии и обвинители и во смисла на истражители и ресурси за се она што им треба за квалитетно спроведување на постапките, рече Маричиќ.  

На врвот на листата на приоритетите,како што посочи, е и успешен почеток и непречено спроведување на пристапните преговори со Европската Унија за Поглавјето 23: Правосудство и фундаментални права.

– Очекуваме во декември за време на германското претседателство да ја имаме првата владина конференција после која ќе следува билатерален скрининг за поглавјата, особено за почетокот на Поглавјето 23 , судство и темелни права, и некаде втората половина од наредната година ефективно да го отвориме Поглавјето 23, посочи Маричиќ. 

На почетокот на наредната година, најдоцна на пролет, како што рече министерот за правда, се очекува да започне и ЕУ мониторингот на судските случаи од висок профил, околу 50 предмети годишно, во кој ќе учествуваат стручни лица од странство и домашните експерти ангажирани од ЕУ и ОБСЕ како спроведувач.

– Со овој проект кој треба да започне на почетокот на идната година и ќе трае до 2025 година, период во кој би требало да имаме 50 случаи годишно под мониторинг на ОБСЕ, а со поддршка на ЕУ, ќе се зголеми довербата на јавноста во правосудството, но исто така и ќе се осигура и ЕУ дека навистина се спроведуваат законските принципи на дело  и во конкретните случаи и особено  случаите на висока корупција, рече Маричиќ.  

Одговарајќи на новинарско прашње за случајот „Дака и ШИК Јелак“, министерот за правда рече дека секој случај каде што има било какви индиции за криминал треба да се истражи и тоа не е никаква новост.

-Мислам дека тој случај беше инициран од некого пред Обвинителството или пак беше доставено како допрен глас и натаму е работа на Обвинителството да постапи и да го расчисти. Без да навлегувам во коментирање на конкретен случај Обвинителството е должно да постапи за сите индиции, за секој допрен глас ефикасно и одговорно, рече Маричиќ. 

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ