• Latest
Фото: СЕП

Маричиќ од Бечиќи: Ќе испорачаме реформи и одлучност, а ЕУ да испорача членство во догледно време

June 5, 2023

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Маричиќ од Бечиќи: Ќе испорачаме реформи и одлучност, а ЕУ да испорача членство во догледно време

June 5, 2023 15:11
in ВЕСТИ
Фото: СЕП

Фото: СЕП

Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во видеообраќање од Бечиќи каде присуствува на состанокот на министри за ЕУ, по повод завршувањето на претседавањето на Црна Гора со Процесот за соработка во Југоисточна Европа, порачува дека ќе бидат испорачани резултати од наша страна, но бара и ЕУ да испорача членство во догледно време.

-Регионот веќе направи позитивни движења, сега е време ЕУ интеграцијата да земе полн замав. Дојдено е време за сериозен план за проширување од страна на ЕУ. Конкретен план со кој ЕУ ќе покажи дека не само со зборови, туку и со дела е фокусирана на евроинтеграцијата на регионот. Ние ќе испорачаме реформи и тешки одлуки, а ЕУ да испорача членство до догледно време, вели Маричиќ.

Во врска со преземањето на претседавањето на Северна Македонија со Процесот за соработка на Југоисточна Европа,  како еден од главните форуми за регионален дијалог, Маричиќ посочи дека тоа е „додадена вредност на нашата посветеност на градење општество засновано на демократски вредности и економски просперитет со јасна визија за иднината на регионот како целосно интегриран во Европската унија“, укажувајќи дека за време на претседавањето „Северна Македонија ќе остане силно посветена на унапредување на регионалната економска соработка и инфраструктурно поврзување, владеење на правото, човековите права и функционирање на демократските институции“.

Во продолжение интегралниот текст од видеообраќањето на вицепремиерот за европски прашања, Маричиќ:

„На денешниот состанок на министрите за ЕУ на земјите учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Бечиќи испративме јасна порака дека Западен Балкан предолго очекува извесна европска перспектива, со јасна временска рамка за идно проширување на ЕУ.

Регионот веќе направи позитивни движења, сега е време ЕУ интеграцијата да земе полн замав. Дојдено е време за сериозен план за проширување од страна на ЕУ. Конкретен план со кој ЕУ ќе покажи дека не само со зборови, туку и со дела е фокусирана на евроинтеграцијата на регионот. Ние ќе испорачаме реформи и тешки одлуки, а ЕУ да испорача членство до догледно време.

Преземањето на претседавањето на Северна Македонија со Процесот за соработка на земјите од Југоисточна Европа,  како еден од главните форуми за регионален дијалог, е додадена вредност за нашата посветеност на градење општество засновано на демократски вредности и економски просперитет со јасна визија за иднината на регионот како целосно интегриран во Европската унија. За време на претседавањето Северна Македонија ќе остане силно посветена на унапредување на нашата регионална економска соработка и инфраструктурно поврзување, владеење на правото, човековите права и функционирање на демократските институции.

Потребна ни е политичка волја и одговорност од сите политички субјекти да продолжиме да напредуваме во преговорите со ЕУ и за македонските граѓани да испорачаме подобар животен стандард, а за државата економски раст.

Членството на Западен Балкан во ЕУ, без сомнеж, е инвестиција во европскиот мир и безбедност, со заедничка акција да го направиме достижно и реално“.

Денеска во Бечиќи се одржуваат два состаноци на министрите за ЕУ и министрите за надворешни работи, како активности со кои завршува Подгорица Претседателството 2022-2023 со Процесот за соработка на Југоисточна Европа, а го презема Северна Македонија, официјално од први јули.

М. Д.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Бојан МаричиќЕУПроцесот за соработка во Југоисточна Европа
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ