• Latest

Маричиќ: Оптимист сум дека уставните измени ќе бидат успешни и до крајот на годината ќе го отвориме Кластерот 1

May 25, 2023

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Маричиќ: Оптимист сум дека уставните измени ќе бидат успешни и до крајот на годината ќе го отвориме Кластерот 1

May 25, 2023 09:36
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот Бојан Маричиќ во интервју за НоваТВ одговара на прашања за (зло)употребата на евроспкото знаменце во случајот на пакетот закони поврзани со изградбата на коридорот 8, за односите со Бугарија, за скринигот, шансите за интензивирање на преговарачкиот процес и изгледите да се достигне двотретинското мнозинство неопходно за уставните измени. Со вицепремиерот Маричиќ разговараше Борјан Јовановски.

НОВА: Во собраниската процедура се измените на законите поврзани со договорот со Бектел. Владата го употреби европското знаменце. Каква е врската на овој пакет закони со европските интеграции?

Маричиќ: Евроинтеграциите значат развој, економска стабилност и просперитет, а тоа не е можно без развиена инфраструктура. Не може да има развиена инфраструктура без вложување во транспортната мрежа и без ефикасна транспортна мрежа. А целта на ЕУ е токму тоа, да ја промовира меѓусебната поврзаност и интероперабилноста на националните мрежи, како и да го зголеми пристапот до тие мрежи, бидејќи тоа е суштинска важност за развојот не само на регионот, туку и на цела Европска Унија. А со овој проект практично го впишуваме и регионот во европските коридори.

На неодамнешниот објаснувачки скрининг заПоглавјето 21, „Транс-европски мрежи“ и 14, „Транспортна политика“, прецизно ги презентираа обврските од овие поглавја, а тоа е функционална инфрасруктура, со намален метеж, без чекања, која ќе ја зголеми ефикасноста на транспортниот бизнис.

Затоа ја правиме промената на законските решенија, единствено за доуредување на постоечки закони, со кои ќе се обезбеди побрзо и поквалитетно изведување на досега најголемиот инфраструктурен стратешки проект, со кој ја поврзуваме земјата со регионот и Европа по европски и светски стандарди. Овие закони одамна ги бараа и компаниите и истите ќе важат за сите следни проекти поврзани со железничката, патната, гасоводната и енергетската инфраструктура. Владата го знае и разбира значењето на транспортниот сектор и со финансиска поддршка на ЕУ ќе продолжиме да спроведуваме значајни инфраструктурни проекти, бидејќи на крајот тоа е во интерес на граѓаните, македонскиот бизнис сектор и развојот на државата.

Коридорите 8 и 10 се од интерес и на ЕУ и се важни во европската трансевропска мрежа, што е доказ нивното официјално впишување во истата, за што беше потпишан од страна на министерот за транспорт и врски, Бочварски, и Анекс на Одлука на Европската комисија, за „Разбирање на високо ниво помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија, за индикативните карти на Транс-европската транспортна мрежа во Република Северна Македонија.

НОВА: ЕК ја критикуваше владата за (зло)употребата на евроскотознаменце.Очекувате ли овој случај со пакетот закони за изградба на коридорот 10 да биде критикуиван во извештајот на ЕК и како ќе се одрзи тоа врз кредибилитетот на владата?

Маричиќ: Во постојана комуникација сме со претставниците на Европската комисија и европските институции, на кои им испративме образложение за одлуката за ставање европско знаменце на законите поврзани со изградбата на Коридорите 8 и 10, кои ќе придонесат за побрза и поекономична реализација на овој инфраструктурен проект, донесен со специјален закон во Собранието. Имаме причина зошто ставаме европското знаменце и тоа го објаснивме и на ЕУ.

Сметам дека многу посериозна е злоупотребата со амандманите што ја прави опозицијата за еден закон, а знаеме сите дека нема основа за тоа. Одамна во македонското Собрание веќе инструментот амандмани се користи само за блокирање, наместо за подобрување на законите. И сèдодека се случува тоа во Собранието ќе има и вакви ситуации на користење на европското знаме, кога може да се толкува и на еден и на друг начин дали е злоупотребено или не европското знаме.

И самата Европска комисија во ланскиот Извештај за напредокот ја критикуваше работата на Собранието за доцнењето на носењето на законите, што е резултат на блокадите од опозицијата, со нагласување дека Собранието треба да биде форум за конструктивен политички дијалог, особено во однос на реформската агенда, и да работи заедно со Владата на планирање на законодавната агенда, со приоритет на уставните амандмани.

Европската Унија и нашите европски партнери ја воочуваат заложбата и политичката волја на Владата за државата да остане на европскиот пат и да продолжи со реформите. Нашиот став и цел се јасни: Сакаме Северна Македонија да биде да инфраструктурно развиена, поврзана и кон Исток и Запад, важна крстосница на Западен Балкан и членка на ЕУ.

Во постојана комуникација сме со претставниците на Европската комисија и европските институции, на кои им испративме образложение за одлуката за ставање европско знаменце на законите поврзани со изградбата на Коридорите 8 и 10, кои ќе придонесат за побрза и поекономична реализација на овој инфраструктурен проект, донесен со специјален закон во Собранието. Имаме причина зошто ставаме европското знаменце и тоа го објаснивме и на ЕУ.

Сметам дека многу посериозна е злоупотребата со амандманите што ја прави опозицијата за еден закон, а знаеме сите дека нема основа за тоа. Одамна во македонското Собрание веќе инструментот амандмани се користи само за блокирање, наместо за подобрување на законите. И сèдодека се случува тоа во Собранието ќе има и вакви ситуации на користење на европското знаме, кога може да се толкува и на еден и на друг начин дали е злоупотребено или не европското знаме.

И самата Европска комисија во ланскиот Извештај за напредокот ја критикуваше работата на Собранието за доцнењето на носењето на законите, што е резултат на блокадите од опозицијата, со нагласување дека Собранието треба да биде форум за конструктивен политички дијалог, особено во однос на реформската агенда, и да работи заедно со Владата на планирање на законодавната агенда, со приоритет на уставните амандмани.

Европската Унија и нашите европски партнери ја воочуваат заложбата и политичката волја на Владата за државата да остане на европскиот пат и да продолжи со реформите. Нашиот став и цел се јасни: Сакаме Северна Македонија да биде да инфраструктурно развиена, поврзана и кон Исток и Запад, важна крстосница на Западен Балкан и членка на ЕУ.

Во вториот дел од интервјуто за НОВА вицепремиерот Бојан Маричиќ зборува за односите со Бугарија и изгледите да се достигне двотретинското мнозинство неопходно за уставните измени.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ