• Latest

Маричиќ: Ситуацијата со КОВИД-19 во затворите е под контрола

November 30, 2020
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
Последиците од нападот со руски дрон врз Днипро, доцна на 16 април 2025 година. Фото: Борис Филатов/Телеграм

Милиони Украинци се соочуваат со темнина и студ по еден од најголемите руски напади врз енергетската инфраструктура

November 11, 2025

Европарламентот ја поддржа целта за намалување на штетните емисии за 90 отсто до 2040 година

November 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Се подготвува нова разузнавачка единица во ЕУ под водство на Урсула фон дер Лајен

November 11, 2025
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Маричиќ: Ситуацијата со КОВИД-19 во затворите е под контрола

November 30, 2020 16:32
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Ситуацијата е под контрола и сите коишто пројавиле посериозни симптоми или им треба болничко лекување веднаш им е прекинато извршување на казната и се упатени на болничко лечење, изјави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ, прашан за состојбата со КОВИД-19 во затворите, по денешната посета на КПД Штип, пренесува МИА.

Тој посочи дека во петокот ги соопштил информациите кои ги имал и дека повеќе детали може да има Управата за извршување на санкциите.

– Во тој момент имаше осум заболени затвореници во Идризово и околу 60 во изолација. Дел од тие затвореници за да може да се овозможи правилна изолација ќе бидат пренесени во други КПД установи за да се овозможи соодветен третман, изајви Маричиќ.

Прашан колки средства од буџетот за 2021 година се извдоени за политичките партии, Маричиќ рече дека Министерството постапува по закон, кој точно утврдува во процент колку пари земаат партиите, за кои е најбитно да се користат законски.

– Знаете дека концептот на финансирање на политичките партии е утврден претходно повеќе години наназад, пред се како една брана од евентуални влијанија политички во бизнис секторот или, пак, задолжување на партиите кај бизнис секторот. Идејата да има зајакнато јавно финансирање е за да нема таков вид на притисок или проблеми какви што имало во минатото. Тоа беше дел од Пржинскиот процес и тоа е резултат на тие разговори, изјави Маричиќ.

Тој посочи дека, поради КОВИД кризата е направено значително намалување на тие средства и дека конечно со ребалансот годинава е дојдено до една бројка за 30 проценти намалено финансирање, во однос на претходната година.

Во однос на хроничниот проблем со малиот број на судии и јавни обвинители, Маричиќ посочи дека пред неколку недели биле усвоени стратегии за човечки ресурси и за јавното обвинителство и за судството.

– Знаеме дека моментно единствена точка на влез во правосудниот систем е Академијата за судии и јавни обвинители. Моментно наставата ја слушаат 60 кандидати, а тече конкурсот за нови 97 места. Јас верувам дека можеме со таа актуелната програма и со евентуално новата прилагодеан програма за стручните соработници во судовите и обвинителството да добиеме во еден брз период најдоцна до година дена да имаме нов кадар којшто ќе ги пополни овие места во судството, изјави Маричиќ.

Во однос на извршителите, Маричиќ, рече дека не треба да се заборави зошто оригинално било преместено извршувањето од судовите кај извршителите.

– Тоа беше затоа што имаше извонредно неефикасно извршување на пресудите. Значи, идејата за извршувањето е тоа да го овозможи крвотокот на стопанството, на бизнис секторот да нема избегнување на долгови, да нема пропаѓање на компании заради избегнување на долгови и тоа е основната идеја. Мислам дека она што е основен проблем на граѓаните е можеби висината на оние дополнителни трошоци на извршувањето коишто навистина беа неразумни и мислам дека скоро 90 отсто се нивните трошоци намалени и тоа би требало да ја амортизира таа ситуација, изјави Маричиќ.

Важно е, нагласи тој, да има механизам по коишто ќе се извршуваат пресудите и ќе се наплаќаат долговите, кој ќе биде хуман и исто така ќе овозможи фер во наплаќањето на трошоците.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ