• Latest

Маричиќ: Со ИПАРД програмата македонските компании стануваат поконкурентни на пазарот на ЕУ

October 18, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Маричиќ: Со ИПАРД програмата македонските компании стануваат поконкурентни на пазарот на ЕУ

October 18, 2023 14:48
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ заедно со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, и евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир, денеска ја посетија компанијата „Вивакс“.

Во своето обраќање вицепремиерот Маричиќ рече дека успешноста на компанијата „Вивакс“ е пример за важноста и придобивките од спроведувањето на ИПАРД програмата на терен.

– Резултатите се видливи дека со поддршка на оваа европска програма, преку инвестиции во опрема, машини и уреди за преработка, преработувачкиот сектор добива можност да започне или да го подобри постоечкиот бизнис, како што тоа го направи компанијата Вивакс, изјави Маричиќ.

Вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ укажа дека и во моментот додека преговараме со Европската Унија, придобивките се веќе видливи и дека очекува новата ИПАРД 3 програма која е со повисока поддршка од ИПАРД 2, да има 100% искористена, за како што рече „да го задржиме приматот лидери во регионот во реализација на оваа европска програма“.

После обиколката на лаборатории и погоните за производство, опремени со поддршка на ИПАРД програмата, со вкупна вредност од над 1,74 милиони евра, вицепремиерот Маричиќ додаде ИПАРД е успешна европска приказна за македонските земјоделци и стопанственици и дека тоа покажува подготвеност од наша страна да продолжиме понатаму во усогласувањето за членство во ЕУ.

– Конкретно со ИПАРД програмата македонските земјоделци, стопанство и институции имаат голема поддршка од европските партнери. И тоа треба да го искористиме и да инвестираме повеќе, да станеме дополнително независни и самоодржливи во поглед на храна, енергија и економски развој, посочи Маричиќ.

Во таа насока потенцираше дека досегашната финансиска помош со членството во ЕУ ќе биде уште поголема, поради пристапот до поголеми суми од структурните фондови, но најважно од сè како што кажа Маричиќ е што македонските земјоделци и производители со влезот во ЕУ ќе добијат предвидливост и сигурност на земјоделската политика.

Маричиќ порача дека сме сè поблиску до она што претставува европско производство со кое се усогласуваме во рамки на Заедничката земјоделска политика и руралниот развој на ЕУ и повика во таа насока да продолжи Северна Македонија, за како што кажа, „да овозможиме на бизнис секторот, на земјоделците, да имаат повеќе можности и привилегии на европскиот пазар без царини и бариери“.

– И тоа е нашата цел и визија која ја оствариме за нашите граѓани и македонската економија. Повеќе неповратни европски средства, за повеќе инвестиции и модернизација на македонското земјоделство и производство. И е лесно остварлива ако заеднички работиме да имаме што повеќе вакви успешни бизниси дома, истакна на крајот вицепремиерот за европски прашања Маричиќ.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ГирИПАРДМаричиќ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result