Светскиот ден на енергетската ефикасност, 5 март, во време на забрзани климатски промени на нашата планета, останува една од најважните теми на денешницата, објави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ на својот Фејсбук профил.
Сметам дека постои одржлива иднина за сите нас кои сме подготвени да го промениме и поправиме она што е лошо за животната средина. Ние покажавме дека сме во синергија со Европската Унија, држејќи ја Зелената агенда високо на приоритетната листа, комплетно применувајќи ги мерките од Законот и од Програмата за енергетска ефикасност, напиша тој.
Вложуваме во сигурна енергетска иднина на државата преку инвестиции во фотоволтаични системи, во гасификација, ветерни паркови, а тоа ќе значи подобар квалитет на живот, пониски сметки и заштеда на енергијата, како и заштита на животната средина.
Оваа година овој ден во светот се одбележува под мотото „Заштеда на пари, Намалување на загадувањето, Креирање на нови работни места“, вредносни критериуми и цели на кои силно е посветена и Владата на Република Северна Македонија, стои во објавата на маричиќ.