• Latest

Маричиќ за „Блиц“: Францускиот предлог ги штити нашите државни интереси

July 15, 2022

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Маричиќ за „Блиц“: Францускиот предлог ги штити нашите државни интереси

July 15, 2022 17:25
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во интервјуто за српски „Блиц“ изјави дека со отстранувањето на Протоколот од преговарачката рамка и со целосна заштита на македонскиот јазик и идентитет, имаме предлог кој нема никаква штета за нас и државните интереси, напротив, дека предлогот дава шанса за исполнување на стратешката цел на државата и она што 17 години го чекаме, а тоа е почеток на преговорите како Македонци кои зборуваат македонски јазик.

-Со изменетиот, прецизиран, дополнет француски предлог го добивме она за што со години се бориме, а тоа е чиста формулација на македонскиот јазик, без никакви фусноти, ѕвездички, дообјаснувања, што за нас беше најважно во зачувување на нашите национални интереси. Македонскиот јазик успеавме да го заштитиме, онака како што ветивме. Граѓаните нема за што да се грижат, македонскиот јазик со овој предлог станува еден од идните официјални јазици на Европската Унија. Преку заштита на македонскиот јазик најдиректно обезбедуваме и заштита на идентитетот на македонскиот народ, рече Маричиќ.

На прашањето дали овој предлог води до сценарија, на кои се повикува опозицијата, за некаква асимилација или вечно преговарање со Унијата, вицепремиерот Маричиќ изјави дека апсолутно не се точни ваквите тврдења и дека добивме предлог кој излегува во пресрет на сите наши забелешки и затоа Маричиќ мисли дека вреди да се разгледа сериозно.

-Францускиот предлог има две сценарија: почеток на преговорите со Европската Унија и реална можност полесно и побрзо да излеземе од лавиринтот за решавање на отворените прашања со Бугарија. Второто сценарио е одбивање на овој предлог и чекање на некој друг, нов, кој не се знае кога би бил, под кои услови и во каква форма. Тоа според мене е давање нова шанса за нови барања од Бугарија и комплицирање на целиот процес, особено сега кога Бугарија се наоѓа во ваква политичка ситуација. Во пресрет на нови избори, со одбивање на предлогот, македонското прашање ќе биде повторно актуелно во бугарските политички кампањи, а тоа за нас не е добро и не ни оди во прилог, истакна Маричиќ.

Вицепремиерот Маричиќ рече дека направиле многу, а плодот на заложбата и искрена посветеност на целиот процес е овој предлог во кој успеале да бидат вградени македонските ставови и забелешки, додавајќи дека паѓаат во вода сите лажни вести, дезинформации, од страна на опозицијата, со кои само предизвикуваат кај граѓаните страв, несигурност и емоции.

-Македонскиот јазик успеавме да го заштитиме, онака како што ветивме. Граѓаните нема за што да се грижат, македонскиот јазик со овој предлог станува еден од идните официјални јазици на Европската Унија, кажа во интервјуто Маричиќ за „Блиц“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ