• Latest

Маркетите со речиси преполовен промет по бојкотот на граѓаните, Владата за утре најавува детали од инспекциските контроли

February 2, 2025

Ден на бранителите и бранителките на Украина

October 1, 2025

Народен правобранител: Бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачкото право за локалните избори

October 1, 2025

„Неслушнатите 12 милиони“ – Советот на Европа со повик за акција за правата на Ромите и Патниците

October 1, 2025
Фотографија: МВР

Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ: За што сè треба да се подготват патниците

October 1, 2025
Пожар избувна во рафинеријата за нафта Ново-Јарославски во рускиот град Јарослав на 1 октомври 2025 година. Фото: Руски Телеграм канал Астра

Пожар избувна во голема руска рафинерија за нафта во Јарослав по наводен инцидент „предизвикан од човек“

October 1, 2025
Фото/ Wikipedia commons

Владата на САД се затвора откако демократите одбија да го поддржат планот на републиканците за финансирање

October 1, 2025
Фото: Wikimedia commons

Владата на САД се затвори откако Сенатот не успеа во последен момент да го усвои планот за финансирање

October 1, 2025

Сиљановска-Давкова: Нема веќе црвени линии, линиите се прегазени или избришани со гума – време е за домашен договор

October 1, 2025

УЈП: Суспендирани инспекторите опфатени во случајот со пожарот во дискотеката во Кочани

October 1, 2025

Трет ден кампања: СДСМ во Конче, Кичево и Македонски Брод; ВМРО-ДПМНЕ во Конче, Демир Капија, Неготино и Кавадарци; ЗНАМ во Куманово

October 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Маркетите со речиси преполовен промет по бојкотот на граѓаните, Владата за утре најавува детали од инспекциските контроли

February 2, 2025 09:52
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

По бојкот за пазарење во маркетите во петокот што за првпат се реализираше во земјава по примерот на Хрватска и други земји во регионот, најголемите трговски ланци забележаа пад на прометот за речиси 50 отсто. Според податоците на Управата за јавни приходи, вкупниот промет во осумте поголеми трговски ланци во земјава бил намален за 46,59 отсто во споредба со минатиот петок, а за 46,29 проценти во однос на четвртокот. Надлежните институции уверуваат дека инспекторите се на терен и повеќе детали најавуваат за утре. 

Од Управата за јавни приходи најавуваат дека ќе продолжат со мониторирање и анализа, како и навремено информирање на јавноста за сите поважни податоци.

– Податоците од системот за регистрирање на готовински промет  (GPRS), односно регистриран готовински промет во осумте поголеми синџири на маркети на територијата на целата држава за деновите 24, 30 и 31 јануари 2025 година покажуваат дека вчера 31.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 114,293,367 денари. Во четврток, 30.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 212,782,151 денари, а во петок, 24.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од  213,985,705 денари, информираа вчера од УЈП.

По примерот на Хрватска и уште неколку држави во петокот во земјава граѓаните се приклучија на повикот од социјалните мрежи да не пазари во маркетите поради високите цени на основните прехранбени производи. Бојкотот го поддржаа и од Владата и дел од политичките партии.

Податоците од Бизнис мрежа покажаа дека седумте најголеми трговски ланци на маркети во земјава во 2023 година оствариле вкупни приходи во износ од 930 милиони евра. На водечката позиција, меѓу нив се маркетите „Веро“ кои заработиле над 10 милиони евра што е речиси 13 отсто повеќе во споредба со претходната година. На второ место се „Кам маркети“ со заработка од 7,3 милиони евра. Меѓу оние со големи профити е и „Кипер“ кој заработил 5,5 милиони евра, а по него е „Стокомак“ со профит од четири милиони евра. Вива-Фреш (поранешен Кит-Го) е со слична добивка како Кипер. Рамстор имал добивка од два ипол милиони евра, а Тинекс 1,4 милиони.

Од Владата, од каде за понеделник најавуваат повеќе детали од направените контроли, сметаат дека решението за високите цени на прехранбените производи треба да се бараат низ дијалог меѓу производителите и трговците и апелираат да се почитува Законот за нефер трговски практики.

– Се прави детална анализа, повеќе информации ќе можам да споделам со јавноста од понеделник. Но, можам да кажам дека делот од она што бевме загрижени, односно нашите стравувања стануваат вистина и реалност, така што делуваме и ќе продолжиме да делуваме. Како Влада имаме обврска да го штитиме стандардот на граѓаните, изјави вчера Мицкоски при посетата на Кочани.

Драконски казни доколку не се почитува Законот за нефер трговски практики и сите останати закони, во петокот најави и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која апелираше до сите трговци да ги почитуваат законите, затоа што вели, не може да се скријат финансиските трансакции и кога тогаш тие ќе бидат откриени од инспекторите.

– Точно е тоа дека во овој период одредени институции поради лимитираните капацитети не можеа да излезат и да ги исконтролираат состојбите, но кога станува збор за пари и финансиски трансакции, се останува вечно. Тоа значи дека на пример можеме и по 12 месеци да направиме контрола и доколку утврдиме неправилности, ќе следуваат казни. Затоа апелирам до сите компании во државата да се почитуваат законите бидејки во некој момент некоја од институциите ќе излезе на терен и ќе направи контрола по што ќе следат драконски казни, изјави Димитриска-Кочоска.

Решението за порастот на цените, и според Стопанската комора на Македонија, треба да се бара во дијалогот меѓу производителите и трговците.

– Ние ќе се однесуваме најодговорно и заедно со Владата ќе бараме решение за тоа и со останатите чинители, изјави претседателот на Стопанската комора Бранко Азески во петокот.

Порастот на цените се одрази и на вредноста на минималната синдикална кошничка која во јануари изнесуваше 63.252 денари и кај која има зголемување за 391 денар во однос на декември. Во делот на храната и пијалоците се бележи зголемување од 123 денари. За само една година минималните трошоци на едно четиричлено семејство се зголемени за 6.089 денари или за 10,63 проценти.

Сите овие показатели, според Сојузот на синдикати на Македонија, се доволен аргумент за зголемување на минималната плата и сите останати плати за што ќе се разговара утре на седница на Економско-социјалниот совет. Премиерот Мицкоски најави дека в понеделник на седницата ќе презентира, како што рече, „вистински цени“ од производи од потрошувачката кошница, бидејќи според него се манипулирало при пресметката од страна на поранешни функционери од СДСМ.

Најновите статистички податоци покажуваат дека трошоците на живот во 2024 година во однос на 2023 година бележат пораст од 3,5 проценти, а цените на мало од 3,8  проценти.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Скопје – „Метропола“ на сметот!

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Претседателката реши да го замете дворот на ЕУ, наместо прво да погледне во својот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ