Утре на 8-ми Март, во 12 часот, во Куманово, Плоштад, поранешно Кино Напредок и Градски Архив,
Здужение Јустиција како членка на Македонската патформа против сиромаштија, Здружение Фибула и Македонската платформа против сиромаштија организираат марш за родова рамноправност.
„Во пресрет на меѓународниот ден на жената 8-ми Март ве повикуваме да се вклучите и заедно да дадеме симболичен белег на денот. Како платформа против сиромаштија имаме одговорност на овој ден да ја потенцираме сиромаштија во контекст на родовиот аспект и да проговориме за социо-економските фактори кои ја поддржуваат родовата нерамноправност“.
Идејата е јавно ќе се истакнат пораки поврзани со родово базираната сиромаштија.
Д.М.