• Latest

Марш за чист воздух

September 18, 2017
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Марш за чист воздух

September 18, 2017 15:51
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

О2 – Коалицијата за чист воздух и Првата детска амбасада „Меѓаши“ во четврток (21 септември) ги повикуваат сите иницијативи, граѓански организации, независни активисти, политички партии и поединци, по повод Светскиот ден на мирот, да излезат на Мировен марш за чист воздух!

„Загадувањето во Македонија се должи на многу причини, од кои главните се противзаконското работење на индустриските погони (без инсталација на соодветни филтри и без придржување до пропишани стандарди), непланското уништување на урбаното зеленило, незаконската и агресивна урбанизација, неспособноста за управување со отпадот, застарените решенија за транспорт, греење… Заеднички именител за сите овие е неспроведувањето на законите во Република Македонија. Токму затоа, особено се надеваме дека маршот искрено ќе го поддржат народните избраници, од кои очекуваме да не го користат за добивање на политички поени“, соопшти О2 – Коалиција за чист воздух.

Протестниот марш ќе почне во  17 часот пред Владата каде ќе бидат изнесени барањата кои 13 организации ги доставија до Министерството за животна средина. Оттаму, активистите ќе тргнат кон Карпош 3, каде ќе дадат поддршка на граѓанските иницијативи „Ние сме Карпош 4“, „Стоп на загадувањето“, „Воздух сега!“ и „Карпош 3“, кои ќе достават свои барања и петиција до Општина Карпош за зачувување на зелениот појас долж реката Вардар којшто, доколку се урбанизира според предвидените незаконски донесени плански документи, ќе значи уште еден тежок удар за и онака прекумерно загаденото Скопје, порачуваат активистите во повикот за Маршот.

Активистите за чиста и здрава животна средина истакнуваат дека постои енормна стапка на загаденост, незапаметен број на заболени лица, како и на смртни случаи кои се директно предизвикани од загадениот воздух во критичните општини во Македонија.

 

Tags: „Воздух сега!“„Ние сме Карпош 4“„Стоп на загадувањето“активистиенормна стапка на загаденостМеѓашиМировен маршО2 - Коалицијата за чист воздухСветски ден на мирот
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ