Вечерва во Скопје на плоштадот Македонија, по повод шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во кочани, на плоштадот се одржа протестен собир на кој граѓаните им оддадоа почит и заедничко сеќавање за загинатите.
Собирот почна во 20:16 часот, со минута молк за 62 млади девојки и момчиња кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“, а беше организиран од иницијативата „Кој е следен“.
На плоштадоте беше поставена и кутија во која граѓаните можеа да остават пораки за родителите.

Веќе шест месеци, од кога се случи трагедијата во дискотеката „Пулс“, семејствата и блиските на загинатите млади секоја сабота одржуваат мирни собири низ градовите на земјата, во кои бараат правда за нивните најмили.
Д. Тахири