• Latest

Марш на црвените чадори: Ќе се бориме, сè додека не добиеме еднаков третман како останатите во општеството

December 17, 2019
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Марш на црвените чадори: Ќе се бориме, сè додека не добиеме еднаков третман како останатите во општеството

December 17, 2019 14:56
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓанската иницијатива за заштита, промоција и унапредување на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР денеска по 12 пат го организираше традиционалниот Марш на црвени чадори, во Скопје, во рамки на кампањата за одбележување на 17 декември – Меѓународен ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници.

Тие по дванаесетти пат се собраа да кажат гласно стоп за насилството, стигмата и дискриминацијата кон сексуалните работници. Тие велат дека и по 12 години јавно обраќање до институциите и стручната јавност за нивните барања, истите продолжуваат да бидат глуви и слепи за нив.

„Зошто немаме никакви промени, зошто и понатаму треба да работиме во страв да не бидеме малтретирани, злоупотребувани и игнорирани од општеството? Зошто нè барате, а не нè препознавате? Ние сме ја одбрале сексуалната работа како најдобра опција да заработуваме за живот и никој не треба да ни го одземе правото на избор. Имаме право да работиме ослободени од страв и да бидеме заштитени од насилство, малтретирање и принудување на екплоатација. Заслужуваме безбедни работни услови и уживање на своите работнички права“, изјави сексуалната работничка.

Таа додаде дека во анализите од истражувањата спроведени на терен од граѓански организации, во 2018 година, документирани се 100 случаи на насилство врз сексуалните рабоници, а 34 случаи на семејно насилство, односно кои се случиле во домот на сексуалните работници.

„Ова значи дека сексуалните работници не се безбедни ни во сопствените домови. Трансродовите сексуални работници се уште повеќе изложени на насилство и маргинализација. Документирани се 26 повреди на транс жени, сексуални работнички кои дополнително се соочуваат со насилство мотиварано од омраза поради родовиот идентитет, а во 2019 година бројот е помал, но тоа не се должи на позитивни промени, туку напротив, тие се обесхрабрени и се плашат да пријават“, додаде таа.

Пред почетокот на Маршот таа ја тргна својата маска од лицето и изјави дека и таа има право на еднаков третман како сите остани во ова општество.

„Сакам сите да знаете дека и јас сум човек, мајка, жена и одлучувам самостојно за мојот живот. Моето лично право на избор не треба да ви пречи, сè додека тоа не му штети на општеството. Ќе продолжиме да се бориме сè додека не добиеме еднаков третман како останатите граѓани на ова општество“, додаде таа.

текст и фотографија: Ангела Петровска 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ