• Latest

Масовна хистерија на пропагандистите на Кремљ, повикуваат на редовни ракетни напади врз цивилни цели во Украина

October 20, 2022
Фото; СДСМ/ Фејсбук

Македонски блок 2025: СДСМ со критика кон владините политики за реставрација на авторитарни модели и во одбрана на европската иднина

September 1, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ/Фејсбук

Македонски блок 2025: Наративот на ВМРО-ДПМНЕ за „национален проект за обнова на Македонија“ присутен во сите сегменти на политичката кампања

September 1, 2025

24 ЧАСА: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ – вечен судир на наративи; Судири со полицијата во Нови Сад; Убиен портпаролот на Хамас; Една година ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

September 1, 2025

Македонски блок 2025: Валкана кампања, дезинформации и манипулации

September 1, 2025

Македонски блок 2025: Кои се четирите доминантни наративи?

September 1, 2025

Османи одговори на прозивката на Меџити за средбата со Груевски: Дури и да имало нешто такво, тоа се класифицирани информации и би било во рамките на функцијата на министерот за надворешни работи

September 1, 2025

Светските медиуми се обединуваат во протест против убиствата на новинари во Газа од страна на Израел

September 1, 2025

Филипче: Владата го стопира ЕУ патот – Муцунски: Нашата иднина е европска, потребни се трпение и мудрост

September 1, 2025

Една година ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Време е за поконкретни прашања и поголема одговорност

September 1, 2025

ПОЛИТИКО: Авионот на Фон дер Лајен нападнат од ГПС пречки, се сомнева дека нападот е од Русија

September 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Масовна хистерија на пропагандистите на Кремљ, повикуваат на редовни ракетни напади врз цивилни цели во Украина

October 20, 2022 10:17
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПРОПАГАНДА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

По масовниот руски ракетен напад врз Украина на 10 и 11 октомври, темата „тоа не сме ние“ што претходно ја развиле пропагандистите на Кремљ се претвори во „да го повториме тоа“ и „крајно време е“, го пренесува Укринфор истражувањето на украинскиот Центар за стратешки комуникации и информациска безбедност.

Руските телевизиски канали беа преплавени со видеа од последиците од нападите и разни мапи на ракетни напади и извештаи за експлозии во украинските градови беа циркулирани низ каналите на Телеграм во реално време.

Пропагаторите на Кремљ се обидоа да се фокусираат на две работи – Кримскиот мост и студената зима. Неодамна, беше побиена „поентата“ зошто бомбардирањето на Кримскиот мост не беше „изговор“ за руското гранатирање на цивилната инфраструктура низ Украина. Патем, наративот за „одмазда на Кримскиот мост“ не циркулираше предолго во руските медиуми. Доминантната порака беше „уништување на инфраструктурата како цел да се лишат Украинците од електрична енергија“.

Токму оваа порака ја ширеа пропагандистите цела недела, помешана со постовите за „Европа нема струја и греење поради санкциите“.

Започнува нова етапа од „специјалната воена операција“

Петр Акопов, руски пропагандист, пишуваше за „новата фаза на „специјалната воена операција“ и поконкретно за „новата фаза на разбивање на Украина“ на 11 октомври, ден откако Русите извршија масовен напад со проектили и беспилотни летала. Во своето дело, Акопов ги повикува руските власти да не застануваат на овој момент. Тој ги повикува да продолжат со ракетните напади до целосно уништување на цивилната инфраструктура во Украина, и покрај хуманитарната катастрофа што ја подразбира ова уништување.

Ден пред оваа публикација, Дмитриј Медведев беше тој што повика на „целосно уривање на политичкиот режим на Украина“. Материјалот на Акопов само ја објаснува неговата „поента“ подетално.

Олга Скабеева, друг експерт за руска пропаганда, изрази слична „точка“ во нејзината програма „60 минути“, коментирајќи го масовниот ракетен напад врз Украина.

„Ова не е еднократен настан, туку радикална промена на тактиката на руската армија за време на специјалната операција“, рече пропагандистот.

Поканетите гости, „експертите“ и коментаторите, исто така, изразија поддршка за пораката за „промена на тактиката на „специјалната воена операција“.

https://www.youtube.com/watch?v=B21ASzNM8Hg

 

Ракетното гранатирање мора да биде редовно

Пропагандистите ги „пофалија вештините на Русија“ и повикаа на „повторено и редовно“ гранатирање во текот на целата недела по масовниот ракетен напад на 10 и 11 октомври. Тие ја гледаат „критичната инфраструктура“ како нивна главна цел.

Слични изјави почна да шири и рускиот пропагандист Антон Красовски.

If you want to see a truly dyed-in-the-wool fascist here’s Anton Krasovksky for you. I’m not sure you even need to speak Russian to get it — you can see it in the twisted grin with which he spits out his bile. pic.twitter.com/G2aS74zVxt

— Glenn Kates (@gkates) October 10, 2022

На Украина треба да и се одземе удобност

Според пропагандистите, „Украина се прилагоди на сегашната војна преку поддршка од Западот“.

Еве како еден од телеграм каналите на Кремљ ја опишува моменталната ситуација во Украина:

„Целиот буџет се формира на сметка на западните субвенции. Се обезбедува оружје. Има доволно луѓе да се мобилизираат. Во тек беа подготовките за зимскиот период. Така, тие можат да се борат долго време. И сега се соочуваат со изгледи да останат без струја, вода, гас и канализација пред зимата“.

Руските пратеници Андреј Гуруљов и Константин Долгов се залагаат за замрзнување, изгладнување на украинското цивилно население, принудувајќи ги на егзил, правејќи го инаку невозможен нивниот опстанок. Државната ТВ водителка Олга Скабеева неискрено тврди дека Русија едноставно нема друг избор.

Russian lawmakers Andrey Gurulyov and Konstantin Dolgov advocate freezing, starving the Ukrainian civilian population, forcing them into exile by making their survival otherwise impossible. State TV host Olga Skabeeva disingenuously claims that Russia simply has no other choice. pic.twitter.com/joz8ui9P8l

— Julia Davis (@JuliaDavisNews) October 20, 2022


Украина мора да се врати во каменото доба

Како поддршка на претходните пораки, имаше повици „навистина да се врати Украина во средниот век“ или „каменото доба“.

Од нацисти до терористи: Како Кремљ ги оправдува своите постапки денес

Додека претходно руските пропагандисти сметаа дека Украина во најголем дел е „земја на нацисти и фашисти“, сега, Украина се повеќе се прикажува од медиумите во Кремљ како „терористичка земја“. Во август, членовите на парламентарната фракција „Праведна Русија – за вистината“ дури поднесоа предлог-закон „За признавање на Украина како терористичка држава и конфискација на имотот што им припаѓа на нејзините граѓани во корист на Русија“. Затоа, оваа „точка“ сега најчесто ја повторуваат руските пропагандисти и официјални лица, особено оние кои ги коментираат масовните ракетни и беспилотни напади врз Украина.

Подготви: Д.Мишев

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Си Џингпин распосла црвен тепих за Путин и Моди, додека самитот е во сенка на трговските војни со САД

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: Обвинет таткото-насилник кој тепаше малолетни играчи; како ВМРО-ДПМНЕ ја разбира статистиката – експлозивна изјава на Бранимир Јовановиќ; алармантен рекорд на насилството врз новинарите во Србија; оружје за 825 милиони долари од САД за Украина

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Реакции на статијата на „Цајт магазин“- 10 страници за висината и „уметноста“ на Рама, нула за корупцијата и заробувањето на државата; Косовското собрание не успеа да изгласа потпретседател од српска етничка заедница

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ