• Latest
Проф. Оливер Андонов (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Маткање

June 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Трамп го проби дното: Ги налути НАТО сојузниците со неточно тврдење дека „останале малку подалеку“ од фронтот во Авганистан, Британците гневни

January 24, 2026
Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

January 24, 2026
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

January 24, 2026

„Одборот на мирот“: шок‑терапија за заспаната ООН или вовед во правото на посилниот?

January 24, 2026

ЦИВИЛ повика на солидарност: Топлина за Украина

January 23, 2026

Ненаучени лекции: Враќање на изборниот интегритет и демократската доверба – препораки на ЦИВИЛ (12)

January 23, 2026
Илустрација ВИ

Трилатерални преговори во Абу Даби: Може ли Украина да постигне пробив во разговорите со Русија

January 23, 2026

„Одборот за мир“: Како Трамп го претвора глобалниот поредок во клуб со членарина

January 23, 2026
Креирано со помош на ВИ

Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

January 22, 2026
Фото: Канцеларија на претседателот на Украина

Зеленски ја оцени средбата со Трамп како позитивна, критикувајќи ја неактивноста на ЕУ

January 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

    80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    Илустрација ВИ

    Трилатерални преговори во Абу Даби: Може ли Украина да постигне пробив во разговорите со Русија

    Фото: Канцеларија на претседателот на Украина

    Зеленски ја оцени средбата со Трамп како позитивна, критикувајќи ја неактивноста на ЕУ

    Фото: Амбасадорка Лариса Дир/Х

    Амбасадорката Дир: Денес, во соочување со вооружената агресија на рф, соборноста е темелот на украинската издржливост, отпор и идна победа

    Фотоколаж: Скриншот од видео на Индипендент

    Исланд, тие ме сакаа, ме викаа „тато“ – Трамп неколку пати го помеша Гренланд со Исланд

    Топлина за Украина – Заедничка кампања за солидарност

    Локални избори 2025: Ненаучени лекции – сега и во печатена форма по промоцијата на дигиталното издание во декември

    НИС ПЕТРОЛ  Прво се продаде колосот а потоа излезе дека се продадени и многу други нешта како што се бензинските пумпи, хотелите, изворите на нафта...

    Унгарската МОЛ ја презема контролата над српската НИС во договор со Газпром

    Скриншот од видео на POPULAR FRONT
/Х

    Флотата во сенка во фокусот на новите санкции на ЕУ против Русија

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    „Одборот за мир“: Како Трамп го претвора глобалниот поредок во клуб со членарина

    Илустрација ВИ

    Светскиот економски форум во Давос 2026: „Духот на дијалог“ во ера на геополитички тензии и технолошки трансформации

    Чупеска: Правдата не е сопственост на елитите, туку заедничко добро на граѓаните

    Ignorantia ante portas

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за иницијативата да се укине заштитниот механизам – техничка влада – во пресрет на избори?

    Кога Мицкоски е зад воланот: Зошто појасот не се вади иако возачот вели дека е внимателен

    фото Влада на Северна Македонија

    На ВМРО – ДПМНЕ не му се допаѓа пржинскиот модел на избори со техничка влада

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски во координација со Мицкоски: Како демократската заштитна мерка се укинува од оние поради кои е воведена

    Lu-ping/ Лидерски средби – функционално и морално деградирање на избраните на изборите

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Ден на Соборноста на Украина: историја, значење и современа важност

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

    Северна Македонија, 2025: Политичка поларизација, институционални слабости и демократски предизвици

    ИДЕОЛОШКА БЕЗДНА: Како Студената војна го преобликува сонот за интелигенцијата

    Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија и силување на 15 годишно девојче

    Бугарија со инвестиција над 260 милиони евра за железницата кон Северна Македонија

    Од 1 јануари струјата поскапува – сметките растат од 57 до 900 денари

    Фото: ВИ

    Ларви и инсекти во киви од Србија: АХВ стопира увоз и нареди уништување на 22 тони

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    „Одборот на мирот“: шок‑терапија за заспаната ООН или вовед во правото на посилниот?

    Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    Геополитика на „Облакот“: Зошто хард дискот е новата нафта?

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Види што ме натера да направам: Билансот на мртви во протестите во Иран и авторитарната логика на обвинување на жртвата

    По повторените локални избори – сите среќни и весели фатени на оро

    Ладното лицемерие на рф

    Љубомир Костовски (фото: ЦИВИЛ)

    Диви и други свињи

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СЛОБОДНА ЗОНА

Маткање

June 8, 2025 15:08
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Проф. Оливер Андонов (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Проф. Оливер Андонов (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ОЛИВЕР АНДОНОВ

Одамна, уште кога Мицкоски стапи на функцијата премиер на неговата влада, како внатрепартиска фракција, јасно му кажавме дека во однос на Францускиот предлог (Европскиот договор) има само две можности:

1. Да го прифати договорот и да го спроведе со што на Македонија ќе ѝ ги отвори преговорите за полноправно членство во ЕУ со, секако, наша обврска да ги спроведеме потребните реформи.

2. Да го раскине договорот кој го потпиша Бујар Османи како министер во владата на Ковачевски, а со тоа и договорот за добрососедство, со што Мицкоски ќе треба да започне со нови преговори со Бугарија, и тоа од почеток.

Е сега, доколку не му беше јасно некому како Бугарија ќе се однесува во една таква ситуација на нови преговори од почеток, можеме да видиме преку контекстот на формулациите во извештајот на ЕУ. Подобар приказ на политичка практика за политички слепци не можеше да видиме па и со боринче да ја баравме.

Патем да напоменам, за Мицкоски да не тресе глупости на јавна сцена, не за друго, сепак е премиер на Македонија и не срами сите колку е општествено-политички необразуван. Христијан, секоја нација е вештачка, не постои природна нација. Нациите се создаваат како политичко-социјални конструкции, според своето име се врзуваат за  мнозинскиот народ или за името на државата. Па сега ти види што правиш со твојата неукост и нејзина јавна презентација, вклучително и твоите изјави дека „македонското прашање не е затворено“. Затоа не се чуди на тоа што ти го прават поодделни бугарски политиканти, кои патем се по твоја мера, или „на мерата мера“.

Имено, не се работи за враќање на историјата во контекст на тоа која нација од која потекнува, бидејќи такво нешто не е возможно историски да се детерминира, ниту пак нацијата може да создаде друга нација во буквална смисла, затоа што нациите се политичко-општествена конструкција и зависат од многу општествени и политички контексти во даден момент. Прашањето кое ти го мешаш е прашањето на народ и нација. Понекогаш сум во една изразена дилема, дали навистина си до толку неук и мешаш поими народ и нација или намерно го правиш тоа за да внесеш што поголема збрка кај граѓаните, односно да ги маткаш или пак е сосема нешто друго во прашање, односно, да им дадеш гориво на политикантите во Бугарија (како што тебе Јотова ти даваше) за да маткањето на македонскиот народ и македонските граѓани продолжи до бескрај. Во секој случај се работи за нанесување на голема штета врз македонското дело со несогледливи последици. А види чудо, Борисов вели дека Бугарија нема повеќе барања, и сега?

Тоа што Бугарија, онаа проевропската, сака да го постигне не е историски ревизионизам затоа што нема што да ревидираат во современа Европа, но тоа треба да го објаснат и дискутираат историчарите кои повторно по твои насоки намерно ништо не работат. Во овој актуелен миг нашата задача како општество е да размислуваме за иднината. И токму затоа целта во формулацијата на извештајот на ЕУ која сака да ја наметне Бугарија е многу поинтересна во однос на политичкиот дискурс за иднината. Постоењето на сегашната македонска нација не гарантира нејзино постоење и во иднината. Основ на постоењето на македонската нација и македонскиот јазик е постоењето на македонскиот народ. И се додека постои македонски народ ќе постои и македонски јазик, а со тоа ќе постојат услови за градење и политичко одржување на македонската нација па и во државата наречена Северна Македонија. Патем, колку твојта администрација се грижи за македонскиот јазик и неговата употреба гледаме секојдневно на дело и тоа во Собрание токму од твојот партнер ВЛЕН. Ете токму тука е мамката која ти погрешно или подобро намерно погрешно ја лоцираш во историскиот дискурс, па мешаш живковистички курс со современи аспекти на бугарската политика. А веќе подолго време се обидуваме тоа да ти го објасниме, затоа што си најодговорен, напоменувам, нај одговорен, за креирање и спроведување на државните политики, а тоа е фактот дека Бугарија е полноправна земја членка на ЕУ во шенген и евро зона. Тоа укажува на потребата ние нај итно да се закачиме за Албанија и Црна Гора и да влеземе во ЕУ па на масата да дејствуваме. Во спротивно, иднината ќе ни биде се потешка и со огромни последици. И повторно врати се на „почитувањето“ на Македонскиот јазик од страна на пратениците на ВЛЕН, твоите коалициони партнери во твојата влада и на секој што не му е јасно да му се разјасни како ќе се однесуваат кон Македонија откако Албанија пред нас ќе влез во ЕУ и ќе ни постави барања. Само кусогледи и политички дустабанлии како тебе и оние клиентелистите околу тебе кои ти помагаат да го лажеш македонскиот народ тоа не можат или намерно не сакаат да го видат.

Затоа и тврдиме дека маткаш Христијан со празни зборови, продаваш квази национализам наместо предвидлива иднина за македонската нација, пред се за македонскиот народ, кого нели го браниш. А не им кажуваш на граѓаните дека за многу брзо ќе останеш без политичката поддршка (дури и вербална) од Орбан, како и дека многу брзо Албанија ќе ни испорача сметка од позиција членка на ЕУ. А ти и тогаш заедно со твоите епигони ќе глумиш заштитник на националните интереси на Македонија, но многу ме интересира (хипотетички секако, бидејќи се надевам дека нема да го доживееме тоа) како тогаш ќе ги браниш твоите коалициони партнери Албанци, односно дали тие тебе ќе те бранат како сега ти нив во криминалите, кога ќе добијат друга наредба од Тирана. Ти од лукративни лични причини намерно не држиш што подалеку од ЕУ и улогата на македонскиот народ во европската цивилизација и пред се европската иднина.

Напишавме и за тоа дека со една ваква политика водејќи не во пропаст наскоро ќе станеме фуснота во европската историја. Тврдам дека за Македонија иднината е недвосмислен приоритет, иднината во ЕУ, рамноправна членка во друштво на современите (осовременетите) европски народи и нации.

Кога некој ќе каже дека македонскиот јазик е многувековен и историски, ми се плаче од мака. Кому да објасниш дека во Европа (ова во контекст на ЕУ) не постои многувековен јазик. Јазиците на европска почва водат корен од латинскиот, старогрчкиот, а потоа старословенскиот, старофранцускиот, старо англискиот и шекспировскиот англиски јазик, старо германскиот. Јазикот е жива материја која под различни влијанија и историски околности се менува и дооформува. Погледнете го само примерот со Романскиот јазик и писмо во втората половина на 19-от век. Воглавно кај словенските народи јазиците од народен јазик и црковно словенски се обликувале блиску или во современите јазици во 19-от и 20-от век. Кога сме кај разликите помеѓу македонскиот и бугарскиот јазик, тие јасно ги определува, опишува и во научен контекст од тој период коментира уште во средината на 19-от век Партениј Зографски. Кога денес би зборувале на црковно словенски јазик, никакви разлики во говорот не би имало помеѓу сите словенски народи. Оттука, коренот на словенските јазици е еден исти и нема потреба за тоа да расправаме. Прашањето за „сегашниот“ македонски јазик повторно е прашање на иднината, односно дали македонскиот јазик ќе претрпи видливи промени во современието и иднината и влијанија од други јазици. Како пример земете ги само вметнувањата во секојдневниот говор на македонскиот јазик па дури и во официјалните државни документи промената на правилните форми на изразување во неправилни како на пример: претседателка, министерка, врховна командантка, капетанка итн. Македонскиот јазик не дозволува родово определување на функции и должности без разлика дали истите ги извршува жена (барем така ние учевме кога студиравме во 1994 година кога сеуште задолжително на факултетите се учеше и полагаше македонски јазик и граматика). Тоа не значи дека не се возможни измени во граматиката, бидејќи јазикот е жива материја, но тоа е работа на македонистите не на политикантите.

И токму како елемент кој го определува народот, јазикот влијае и врз создавањето на карактеристиките, пред се, културолошките на еден народ во иднината. Оттука народот како и јазикот се жива материја кои ги менуваат своите културолошки карактеристики и се подложни на влијанија. Но на прво место, народот има свој пат на зреење, самоосознавање кое може да трае со децении или векови а во зависност од општествено-политичките околности и историски мигови, но и од маткањата и сеењето магла од страна на политиканти како што е денес случајот во Македонија. Токму маткањето кое го правиш Христијан го забавува зреењето и осовременувањето на македонскиот народ и поради тоа не созревање ќе имаме големи последици во иднината. Најпрво сите соседни народи и нации ќе бидат далеку пред нас во социјалниот, културниот и економскиот развој, а што директно влијае врз сите други аспекти на развој на македонската нација, односно најмногу врз развојот на македонскиот народ.

Последиците од неразбирањето на овие непрекинати општествени процеси можат да бидат трагични врз македонскиот народ. Уште поголеми последици ќе предизвикаат дезинформациите или маткањето на народот. Негово доведување во заблуда и тоа не само историска, туку уште повеќе и заблуда за иднината и стратешките цели кон кои треба да се насочи.

Ете затоа е злосторство маткањето на граѓаните преку нивно лажење и дезинформирање и тоа од позицијата премиер, колку и да се примамливи личните лукративни интереси. Еден ден сепак ќе се свестат македонските граѓани какви ќе бидат последиците од политичкото маткање. Или ќе се свестат моите Македонци откако ќе ги почувствуваат последиците од твоето маткање Христијан и загубата на драгоцено време кое нема да може да го вратиме.

Прашањето е: „да не биде доцна за поправање на штетата и последиците“? Бидејќи маткањето со националните прашања имаат долготрајни последици. Тоа не е исто како и маткањето во политичкото секојдневие во македонското политичко мочуриште за да се заштити својот коалиционен партнер кој е до гуша во криминал, но чиј пад ќе предизвика вадење на валканите алишта и на Мицкоски и неговите клиентелисти. Тоа сепак е во доменот на дневно-политичка забава во која преку маткање и не размислување за последиците Мицкоски ги сместува и стратешките национални прашања, токму за да ги сокрие валканите алишта. Се наметнува и едно друго прашање: „Дали Мицкоски знае кои се стратешки национални прашања а со тоа и цели кои треба да се реализираат“?

За стратешките национални прашања потребно е знаење, разбирање, познавање на историјата и антиципација на иднината. А тоа не е во дневно-политичките маткачки способности, но неминовно е во последиците и тоа долготрајни.

*

П.С. Само да ти укажам Христијан на едно твое безобразно и потценувачко однесување. Ти си само премиер, а врховен командант (или „командантка“ како што љуби да се нарекува) е претседателот Силјановска. Недозволиво и понижувачки е првенствено кон припадниците на АРМ и партнерите од НАТО да доцниш на почетокот на вежбата на Криволак. Бидејќи често се фалеше дека си служел војска (дури и во опасни услови – си давал стража нели), поради ваквото твое однесување сигурен сум дека не знаеш што значи половина час да поминеш во оклопно возило под полна борбена опрема на криволачкото сонце. Веројатно ниту на тебе, ниту пак на твоите божем советници, не ви паднало на памет дека учесниците на вежбата се таму најмалку два и повеќе часа пред почетокот на истата. Мозокот служи за размислување и честито однесување кон луѓето, а не исклучиво за смислување ПР постапки во кои ти ќе бидеш главната Сораја ѕвезда. Бедно е кога за твоите ПР маткања, некој друг треба да трпи, а и страда. Од овој мал и наизглед безначаен пример, може да се види како ја маткаш целата нација и како се однесуваш кон сите нас македонските граѓани.

И да, околу самата вежба, демонстрацијата на истата, војничките – борбените постапки на единиците, целта и смислата на вежбата (таа најголемата за ПР потреби), во некоја друга колумна или кога некој ќе може да разбере за што зборувам. Засега задржи се на укажувањето за твоето потценувачко однесување. Да беше некој друг на местото на Силјановска за таков однос кон врховниот командант, кон НАТО партнерите и кон учесниците на вежбата, немаше да има толеранција, туку и без тебе ќе ја започнеше вежбата. Можеби Силјановска друг пат ќе се сети за такво нешто, чисто за да те опамети, а уште повеќе да не учествува во твоето малтретирање на  учесниците во вежбата.

Не џабе се рекло: „Прашај паталец, не прашувај гаталец“. А и до отвореноста на умот е и антиципацијата на идното војување, за што тврдам дека појма немаш, ама не сакаш ниту да научиш. Впрочем, за многу работи појма немаш, ам то е.

Текстот е личен став на Авторот.
Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на
Hindustan Times

    Кармата ги стига Кадировци – синот на чеченскиот лидер хопитализиран во тешка состојба по сообраќајна несреќа во Грозни

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Обвинителот Анел Фидоски универзално воведе стандард дека смртната закана со куршуми е ОК, каква што доби Џабир Дерала

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Трета руско-чеченска војна во најава?

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Битни се парите, а не судијата

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ