• Latest

Меџити најави затвoрање на нестандардната депонија на Липково

July 7, 2024
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Меџити најави затвoрање на нестандардната депонија на Липково

July 7, 2024 09:23
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, заедно со вицепремиерот Арбен Фетаи, како и пратеници од регионот и општински советници,  најавија затворање на нестандардната депонија во Липково, која се наоѓа во близина на селото Никуштак. Меџити, како што информираат од МЖСПП, најавил дека во рамките на ИПА2 Програмата за животна средина и климатска акција предвидени се значајни проекти за управување со отпадот во Источниот и Североисточниот регион.

 

Овие проекти, се вели во соопштението, вклучуваат набавка на возила и контејнери, затворање на нестандардни депонии во двата региона како и изградба на регионален систем за управување со отпад. Проектот опфаќа набавка на возила и контејнери на соодветните региони, вклучително и општина Липково, која ќе добие камион за собирање смет и 139 контејнери. Дополнително, планирано е затворање на повеќе нестандардни депонии, вклучително и депонијата во Липково (Никуштак) и пет други помали депонии во Матејче, Горна Рупа, Лојане 1, Лојане и Гору.

„Во моментов проектот е во фаза на тендерирање по претходното откажување на избран изведувач. Новата проценка започна на 6 јуни 2024 година и се очекува да биде завршена до крајот на август 2024 година, кога ќе биде потпишан Договорот и ќе започне теренската работа. Во меѓувреме, мал дел од депонијата ќе остане отворен до изградбата на регионалната депонија во Свети Николе. Во втората фаза од проектот, во рамките на ИПА 3 Програмата, депонијата ќе биде целосно затворена. По изградбата на регионалната депонија, отпадот од Липково ќе се транспортира до друг пункт во Куманово, а потоа до регионалната депонија во Свети Никола“, информираат од МЖСПП.

Во нестандардната депонија во Липково, која се наоѓа во близина на селото Никуштак, ќе се вршат активности како преобликување на телото на депонијата, тампонирање стар отпад, изградба на пасивен систем за собирање гас и покривање на депонијата со здрава почва. Депонијата се наоѓа на стрмна падина и е далеку од секакво водно тело, пренесе МИА.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ