• Latest

Mедиумите треба да промовираат родова еднаквост, а не антиродови пропагандисти и дезинформации

July 25, 2023
Фото: Скриншот од видео на МИА

За Мицкоски не биле алармантни параметрите на штетните честички по здравјето на граѓаните, тоа било само визуелно

September 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

(ВИДЕО) Фон дер Лајен: Ова мора да биде Моментот на независноста на Европа

September 10, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: Полска собори руски дронови; EXIT демантира дека се преселува во Скопје; Макрон го назначи Лекорну за премиер

September 10, 2025
Првиот Ром кандидат за градоначалник на Град Скопје, адвокатот Срџан Амет / фото: А. Мехмети, ЦИВИЛ

Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

September 10, 2025
Фото: Лукоил Македонија/Фејсбук

ЦИВИЛ прашува – Лукоил, МНР и Економија молчат

September 10, 2025
Фото: А. Петровска / ЦИВИЛ

Љубчо Георгиевски: Патриоти сме кога Албанците или Бугарите треба да стават споменик, а за спомен плоча на докажан асимилатор – српски четник – нема проблем

September 10, 2025

Првиот полицаец по стапките на првиот човек на правдата

September 10, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Институционалната криза во Косово продолжува; Сомнежи за масовна гробница во депонија кај Нови Пазар; Нетранспарентните договори на консултантските услуги во Албанија се нелегални

September 10, 2025
Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Германија и Франција бараат санкции за Лукоил – што со подружниците во регионот

September 10, 2025
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ за УКРИНФОРМ)

Кога вистината станува релативна, пропагандата победува

September 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Mедиумите треба да промовираат родова еднаквост, а не антиродови пропагандисти и дезинформации

July 25, 2023 12:30
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, МЕДИУМИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

ЖАРКО ТРАЈАНОСКИ

Во 2023 година, анти-родовото движење беше зајакнато со нови влијателни актери – религиозни лидери, нивни поддржувачи, јавни личности, интелектуалци, академици и други.

Иако медиумите и новинар(к)ите имаат етичка должност да не шират дезинформации и говор кој поттикнува омраза или дискриминација, меѓу другото, и врз основа на пол, род, родов идентитет, сексуална ориентација и припадност на маргинализирана група, многу медиуми не се придржуваа кон овие етички императиви.

Исто така, медиумите треба да имаат клучна улога и во промоцијата на родовата еднаквост – медиумите треба да ја промовираат родовата еднаквост во програмите и содржините, за што се неопходни родово сензитивни и медиусмки описменети новинар(к)и и уредници. Но, наместо да ја промовираат родовата еднаквост и да се борат против родовите стереотипи во медиумите и општеството, повеќе медиуми се ставија во улога на промотори на анти-родовото движење и пропагандистите против родовата еднаквост и „родовата идеологија“.

Во оваа анализа на повеќе медиумски настани (студии на случаи), ќе видиме како дел од медиумите ги зајакнаа старите и нови гласноговорници против „родовата идеологија“, родовата еднаквост, родовиот идентитет, па и против употребата на изразите „род“, „родова еднаквост“ и „родов идентитет“ во македонскиот јазик.

Кој ширеше дезинформации дека родовата еднаквост е нешто ново и непознато?

На најгледаните ТВ вести на 22 март 2023 беше поканет како гостин епископ на МПЦ (Тема на денот со Викарниот Епископ Стобиски Јаков на ТВ Сител). Зборувајќи за Предлог-законот за родова еднаквост, гостинот дезинформираше дека терминот родова еднаквост е непознат и спорен поим: „Оттаму и директно го оспорив тој термин, сосема аргументирано, родова еднаквост, оти тоа е поим којшто ни е непознат.“

Меѓутоа, дали терминот „родова еднаквост“ е непознат поим во македонскиот правно-политички и медиумски контекст? Одговорот на ова прашање би требало да биде негативен за секој/а добро информиран/а новинар/ка и граѓанин/ка, затоа што терминот „родова еднаквост“ се среќава уште во Законот за еднакви можности на жените и мажите, донесен во 2012 година. (Сл. Весник на РМ, бр.06 од 13.01.2012 година).

Имено, во Законот за еднакви можности на жените и мажите, изразот родова еднаквост најчесто се среќава во контекст на „стратегија за родова еднаквост“, која ја донесува Собранието, ја предлага Владата, а ја изработува Министерството за труд и социјална политика.

(Извадок од „Закон за еднакви можности на жените и мажите“, чл, 19)

Родовата еднаквост не е нешто ново, затоа што 10 години имаме национална стратегија за родова еднаквост

Согласно Законот за еднакви можности на жените и мажите, пред повеќе од десет години, на 20 февруари 2013 година, Собранието донесе „Стратегија за родова еднаквост 2013-2020“ објавена во „Службен весник на РМ“, во која што е дефиниран изразот „родова еднаквост“ по изразот „родова рамноправност“.

Во оваа национална стратегија, потпишана од претседателот на Собранието Трајко Вељановски и изгласана во време кога ВМРО-ДПМНЕ има парламентарно мнозинство и извршна власт, стои дека „Родовата еднаквост претставува една од вредностите на Уставниот поредок на Република Македонија.“

(Извадок од Стратегија за родова еднаквост 2013-2020, Сл. Весник на РМ бр. 27, 22.02.2013)

Минатата година беше изгласана и Стратегијата за родова еднаквост 2022-2027 година (Сл. Весник на РСМ 28.07.2022), во која се наведуваат институционалните механизми за родова еднаквост, се прави преглед на родовата еднаквост и се поставува како главна цел „воспоставување ефективен и ефикасен систем за унапредување на родовата еднаквост на централно и на локално ниво“.

Во оваа стратегија како еден од приоритетите во медиумската сфера се истакнува „…промовирање на родовата еднаквост во програмите и содржините, преку претставување позитивни примери, почесто ангажирање жени соговорнички во дебатните и во другите програми со гости, како и поголема застапеност на содржини што обработуваат теми за родова еднаквост, односно вклучување на родовиот аспект во најголемиот број теми што се обработуваат во медиумите.“

Извадок од Стратегијата за родова еднаквост 2022-2027 година, каде што се наведени прироритетите во медиумската сфера.

Родовата еднаквост одамна не е нешто ново и на локално ниво

Родовата еднаквост не е нешто ново и на ниво на локална самоуправа, затоа што е донесена и „Стратегија за родова еднаквост на заедницата на единиците на локалната самоуправа на РМ-ЗЕЛС 2018-2030“ која „не ја третира родовата еднаквост само како човеково право, туку и како демократска вредност која треба да се применува на локално ниво во сите аспекти на животот…“ (стр. 1).

Усвоени се и локални политики (програми и стратегии) и формирани комисии за родова еднаквост во некои општини. На пример, Комисија за родова еднаквост во општина Аеродром е формирана уште во 2005 година.

Родовата еднаквост е заложба и политика на ОН, Советот на Европа, и ЕУ

Собранието и ОБСЕ имаат издадено Прирачник за родова еднаквост и зајакнување на жените наменет за пратениците и собранискиот персонал, во кој е наведен и следниов цитат: „За да се постигне потполна еднаквост на жените и мажите во Европа потребен е здружен напор на разни чинители, како државните институции, граѓанското општество, медиумите, академијата и други.“ (стр. 11)

Во земјата дејствува и UN Women – тело на Обединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на жените, кое соработува со повеќе државни институции. Во Целите за одржлив развој на ОН, заложбата за родова еднаквост е содржана во Цел бр. 5 „Да се постигне родова еднаквост и еманципација на жените и девојчињата.“

Нашата држава има и член во Комисијата за родова еднаквост на Советот на Европа, која е „формирана со цел да помогне да се обезбеди вклучување на родовата еднаквост во сите политики на Советот на Европа“, за што има посебна Стратегија за родова еднаквост (2018-2023)

Во процесот на преговори за пристапување кон ЕУ ја имаме предвид и „Стратегијата за родова еднаквост 2020-2025“, како и препораките во годишните извештаи кои се однесуваат на родовата еднаквост. На пример, една од препораките во извештајот за 2022 е: „Потребни се дополнителни мерки за промовирање на родовата еднаквост во медиумската индустрија.“ (Извештај за Северна Македонија за 2022 година).

Наместо промоција на родова еднаквост, промоција на антиродова пропаганда со дезинформации

Во случајов, наместо да ја промовира родова еднаквост, медиумот се стави во улога на промоција на антиродов пропагандист кој јавно шири дезинформации, родови стереотипи, сексизам и мизогинија. Во најгледаните вести, на епископот на МПЦ му се даде простор да дезинформира за родовата еднаквост како спорен и „непознат поим“, иако родовата еднаквост одамна е составен дел од политиките на национално и локално ниво, како и од политиките на ОН, Советот на Европа и ЕУ.

Претходно, на јавна трибина, истиот епископ на МПЦ јавно го стигматизираше предлог – законот за родова еднаквост како „најголемото зло и опасност за жената“. Во ударниот термин на вестите, на антиродовиот пропагандист му се даде медиумски простор да ја прогласува „родовата идеологија“ за фашизоидна, да култивира фобии и омраза, да го патологизира родовиот идентитет и да крева социјална паника во врска со стручни изрази, коишто со години се составен дел од нашите политики и од нашиот правен систем.

Медиумите и новинар(к)ите треба да се свесни дека со ширење на анти-родови дезинформации и антиродови пораки преку нивните платформи, можат да придонесат за ширење на дискриминацијата, говорот на омраза и насилството против жените и другите луѓе таргетирани од анти-родовите дискурси.

Медиумите и новинар(к)ите треба да се борат против анти-родовите дезинформации и антиродовиот говор кој поттикнува дискриминација и омраза, а не да го дисеминираат и зајакнуваат.

(продолжува)

Авторот е раководител на истражувања во Институтот за медиуми и аналитика ИМА / Извор: СМК.мк

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Зависна независност

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ