• Latest

Медиумска писменост – меѓу недовербата во медиумите и апатијата за политичко учество

November 18, 2019
Фото: Скриншот од видео на Телеграм каналот Астра

Дронови ја нападнале руската црноморска флота, „мистериозна“ експлозија оштетила танкер во руско пристаниште

July 6, 2025
Фото: Роман Шеремета / Фејсбук

Шеремета: Сите Руси имаат колективна одговорност за геноцидот врз украинскиот народ

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
ABC News (Australia)

Антисемитизмот нема место во Австралија – рече премиерот Албанезе и вети преземање строги мерки по нападот со палење на синагога

July 6, 2025
Фото: Веб страната на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски се пишмани, нема данок за немажени и неженети – погрешно бил разбран

July 6, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

(ВИДЕО) Хрватската СДП проговори за усташтвото на концертот на Томпсон: Сведоци бевме на срам од целиот свет

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN-News18

Зошто кинескиот лидер Си Џинпинг го прескокнува овогодинешниот самит на БРИКС?

July 6, 2025
Фотографија: ЦивилМедиа

Канта за смет

July 6, 2025
Генералштабот на Украина пријави напад врз аеродромот Борисоглебск во југозападната Воронешка област, Русија, на 5 јули. Фотографија: Генералштаб / Фејсбук

Украински напад со дронови врз руска воздухопловна база погоди складиште за бомби, авиони – откажани летови на неколку руски аеродроми 

July 6, 2025
Фото: ЦУК / Фејсбук

ЦУК: Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговори за Газа и покрај „неприфатливите“ барања на Хамас

July 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Медиумска писменост – меѓу недовербата во медиумите и апатијата за политичко учество

November 18, 2019 12:46
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во неделата која измина, заврши кампањата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, насловена „Денови на медиумска писменост 2019“, која траеше од 22 октомври до 15 ноември. АВМУ ги презентираше најновите наоди од истражувањето на медиумската писменост кај популацијата во државата, подготвено од експертката по медиумско право, Снежана Трпевска.

Извори на информации: Телевизијата предничи кај повозрасните, социјалните мрежи кај помладите

Телевизијата е сè уште најдоминантен медиум од кој се информира публиката за настаните во целина, пред се повозрасните луѓе, покажува истражувањето. Но, бројките упатуваат на тоа дека голем дел од публиката не е задоволна од начинот на кој информираат домашните медиуми, а најголема недоверба има кон телевизиите и информативни портали.

Дури 72 отсто од испитаниците сметаат дека телевизиите треба да се слободни и независни, но, помалку од третина испитаници (31 отсто) им веруваат на информациите планирани во ТВ вестите. Само половината, од оние кои учествувале во истражувањето, велат дека од телевизијата можат да се научат корисни работи.

Телевизијата и мобилните телефони, во најголема мера, го обликуваат секојдневието на луѓето. Пристапувањето на интернет е секојдневна активност, особено кај младата популација.

Од друга страна, кај најмладата возрасна група од 16 до 29 години, главен извор за информирање се постовите и коментарите на социјалните мрежи. Гледањето „лајфстрим“ или барање преку компјутер или мобилен се повеќе прифатливи за нив. Тоа е затоа што младите генерации поседуваат далеку повеќе дигитални вештини од повозрасните, се забележува во истражувањето. 

Во однос на активностите на интернет кај помладите, тие најчесто комуницираат преку социјалните мрежи, пребаруваат  содржини на веб – страници и комуницираат преку електронска пошта. Генерално, публиката на социјалните мрежи најмногу среќава конструирани и лажни информации (61 отсто), навреди омаловажувања и закани брз политичка (речиси 60 отсто) и врз етничка или верска основа (58 отсто).

И информациите од порталите се земаат со резерва!

Над половина од испитаниците сметаат дека повеќето вести на порталите се политички обоени (54 отсто), а само една петтина смета дека генерално може да им се верува. Речиси половина, сметаат дека порталите шират говор на омраза.

(Не)мотивирани граѓани за политичко дејствување

Кога забележуваат суштински разлики во информирањето, половина од граѓаните најчесто ги проверуваат информациите низ разговори со блиските. Низок процент, или  секој петти човек самостојно бара други релевантни извори. Тоа, веројатно е и причината зошто кај голем дел од популацијата нема мотивираност за учество во каков било облик на политичка партиципација.

Формите на активизам како  приклучување кон група граѓани кои работат на решавање на одреден проблем, потпишување петиции, донирање средства за одредена кауза, учество во јавни и мирни демонстрации или вклучување во активности на граѓанска организација, ротираат со околу 10 отсто кај испитаниците. Најчеста активна форма на искажување на мислење за граѓански и политички прашања преку медиумите е постирање коментари на социјалните мрежи и на веб страниците на порталите. Многу поретко се одлучуваат да напишат мејл до државна институција, да испратат писмо или да побараат директен контакт со новинарски редакции.

Од друга страна, публиката е мошне малку активна во креирање на сопствени содржини и информации. Она што најчесто се споделува како сопствена содржина на социјалните мрежи се фотографии, се наведува во истражувањето.

Петар Клинчарски

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Канта за смет

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ