Првата феминистичка платформа на македонски јазик Медуза се формираше кон крајот на 2018 година, наменета за девојки, жени, родови и сексуални малцинства.
Како што велат во соопштение за промоција на нивната веб страница, палтформата е создадена за сите оние кои се со желба да слушаат, учат и живеат феминистички, кои сакаат да градат меѓусебни мрежи на поврзување, да читаат едни за други и пишуваат: за себеси, за личните/системските проблеми со кои се соочуваат секојдневно, за своите избори, своите права, своите задоволства, своите тела, своите приказни…
Медуза работи во рубриките: фем 101, мое тело, култура, квир и дијалози, и е отворена за гостински текстови, соработки и идеи. Платформата може да се следи и на социјалните мрежи Фејсбук и Истаграм (@meduzaplatform)
Платформата е дел од проект спроведен од Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија.
Б. Ј.