• Latest

МЕЃУ МОРАЛНИОТ ИНТЕГРИТЕТ И ПОЛИТИЧКАТА КАРИЕРА: Дафина Стојаноска, стоматолог што „им вади заби“ на своите политички противници

March 17, 2024
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

МЕЃУ МОРАЛНИОТ ИНТЕГРИТЕТ И ПОЛИТИЧКАТА КАРИЕРА: Дафина Стојаноска, стоматолог што „им вади заби“ на своите политички противници

March 17, 2024 13:18
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter
  • Како политички тркач во изборните периоди и ситуации, носителката на изборната листа на ВМРО-ДПМНЕ за шестата изборна единица никогаш не носи некој голем бериќет.
  • Таа е корисна како своевиден камиказе во иницирањето и водењето на кавгаџиски ситуации во Парламентот, кога нејзината физичка издржливост импонира, а квалитетот на нејзините говори и не се слуша среде високите децибели лансирани од говорницата.

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Портретот на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за носителка на изборната листа во 6-та изборна единица  – Дафина Стојаноска е еден од примерите за постепено напредување во кариерата. Таквите случаи се навистина ретки во нашиот амбиент. Или нејзиниот случај е доказ за тоа како една партија, сепак, има во себе некаков лифт за напредување кој застанува на секој кат кога оди нагоре. Макар како раритетен примерок!

Тоа едноставно во партиските биографии на македонските политичари е утопија, бидејќи поединечните биографии покажуваат своевидна октроираност во подарувањето на функции (на пример, господин Икс му помогна во студиите на Економскиот во Прилеп на големиот бос и, оп, еве стана министер преку ноќ), но кај пратеничката Стојаноска постои качување по сите скалила. И веднаш да прецизираме, тие скалила не водат кон самиот врв!

Биографијата на Стојаноска е вообичаен македонски стереотип. Со матурата доаѓа сериозна врска, следуваат години минати во студии на Стоматолошкиот факултет, што се очекувало од семејството во кое таткото бил доктор, а мајката била професорка. Потоа следува брак па работа како матичен стоматолог (2004 – 2008 година). Сепак, премалку за да се оправда скокот во администрацијата (ФЗОМ во Гостивар), институција каде обично стоматолозите одат престарени и отслужени лекари на кои им се тресе раката, а рано им е за пензија! Тука веќе може да се забележи партиската помош, преку невидливата рака која ја зема под свое и таа истовремено станува секретар на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар во период од 2012 до 2015 година. Во 2015 година е избрана за член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, сѐ до 2017 година, каде што повторно била избрана за член во 2018 година.

Има нешта што кај неа укажуваат на една чудна мимикрија во претставувањето, или нешто како менаџирање на сопствената биографија. Па така, во почетокот споменува само Стоматолошки факултет и додава магистрант во своето претставување, за при следната биографија да стои дека е магистер по менаџмент на човечки ресурси во општествените дејности-во јавната администрација и социјалните дејности, Филозофски факултет. Може да се види од нејзиниот мејл дека во меѓувреме таа не е носител на две презимиња туку само на едно, а воедно, како да бара од нас да заборавиме на нејзината стоматолошка столица крај која била релативно кусо време. Впрочем, таа има нова партиската задача – наместо на пациентите, таа „ќе им вади заби“ на колегите во Парламентот.

Јасно е дека Стојаноска, веројатно без приговор, ја прифатила ролјата на своевиден вербален камиказе во собраниските сали што другите партиски колеги и колешки или не го сакале тоа или оцениле дека таа подобро од нив би го сторила тоа. Тоа е добро опишана во еден текст во ЦИВИЛ, кога таа со часови и денови не го даваше зборот на другите пратеници во Собранието во рамки на практикувањето на филибастерот. А кога еднаш мораше во тоалет, бараше претседавачката на седницата да ја прекине истата, за не го предаде микрофонот на следниот пријавен говорник и на тој начин долго го блокираше Парламентот. Се закануваше дека ако не ја пуштат во тоалетот со некој вид технички прекин на работата ќе ги расфрли сите материјали во салата и ќе направи хаос.

Не ги почитуваше другите пратеници вртејќи им го грбот (говорниците и микрофоните постојат, нели, за да ги гледа колегите во очи кога говори), а за да се одмора, стоеше потпрена на првиот ред од седиштата и правеше секаква ѓурултија.

Во еден миг, сепак, реши да ја батали таа практика за да неколку месеци стане незабележлива, белким посрамена од реакциите. Јасно, тоа мирување сепак не траеше предолго – некој мора да влезе во Парламентот како кавгаџија и тоа да остане „до крајот на битката“!

Објективно, на изборите во кои учествуваше (било за градоначалничка на Гостивар или за градоначалник на Ростуше-Маврово како реонски партиски емисар) таа доживуваше порази. Дури мораше да го поддржува политичкиот противник Таравари и да го потпира неговиот отпор кон политичкиот конкурент ДУИ. Откако кон него долго ќе упатуваше „отровни стрели“. За такви промени во ставот едноставно не треба да се има образ, туку да се биде слеп извршувач на партиската дневна заповед.

Таа е подготвена да ги трпи зајадувањата од јавноста, вели дека ова е дел од професијата и своето место не го гледа традиционално. Во едно интервју јасно кажува дека таа умее да цепи дрва додека мажот ѝ меси леб.

А не дека поминуваше лошо во вербалните војни со другите парламентарци. Ни најмалку. Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска наплатила шест илјади евра за патни трошоци, додека во нејзиниот анкетен лист се пријавени четири станови само во Скопје. Каква копија (!) на богатењето на нејзините сопартијки во Собранието, како Силвана Бонева, која патуваше, а истовремено имаше и станови во градот каде практично работеше. Добро, становите на Стојаноска се на име на нејзините родители (веќе видено и во малку поинакви варијанти), ама белки нема гадливост кај неа ако се спие во нив, кога веќе има простор и за семејства со многу поголем број членови отколку во нејзиниот случај?

СИТУИРАНОСТ Становите на Стојаноска

Ова е просто матрица која го одзема моралниот кредибилитет за настап во јавноста. Во нормални земји со демократски капацитет.

Нејзината превртливост во погледите е исто така легенда. Таа, без да и трепне, знае од корен да ги менува погледите. Силно го напаѓаше својот сограѓанин Таравари за состојбите во градот, па и во здравството, а порталите блиски до нејзината партија ги дистрибуираа нејзините изјави. Потоа, не ѝ сметаше да изрази надеж дека тој би ѝ користел на нејзината партија, доколку не влегува во владата (на Ковачевски) „за грст шефовски места на своите сопратијци“, за преку ноќ да го прогласи Таравари за интелектуалец и бистар шарпланинец (!), додавајќи дека и таа е таква бидејќи е шарпланинка. Да се потсетиме дека кога легендата во радио новинарството Ѓоко Георгиев во еден разговор го нарече еден тетовец – шарпланинец заработи повеќемесечно мајтапење кај слушателите. Тогаш имавме едно радио, ама мајтапи колку сакаш, денес имаме 60-тина радио станици, ама нема јунак да се мајтапи на вакви бисери!

Но, таа на овие избори нема за што да се грижи. ВМРО ДПМНЕ во 6-та единица секако ќе освои неколку пратенички места, а едно ќе биде за неа. Во Палатата Татарчев едноставно им треба своевиден собраниски актер од претставите полни со кавгаџиски мешаници. За што Стојаноска веќе има извежбан репертоар.


Специјално за медиумската платформа на ЦИВИЛ. Текстот е личен став на Авторот.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ