• Latest
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Меѓународна конференција „Сребреница – совеста на светот“: Глас против негирањето на геноцидот и пропагандата

May 16, 2025

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Меѓународна конференција „Сребреница – совеста на светот“: Глас против негирањето на геноцидот и пропагандата

May 16, 2025 12:09
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународната конференција „Сребреница – совеста на светот“, во организација на Странката на демократска акција на Македонија (СДА), ќе се одржи утре, 17 мај, во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, со почеток во 12 часот.

Геноцидот во Сребреница претставува систематско масовно убиство на повеќе од 8.300 бошњачки мажи и момчиња од страна на вооружените сили на босанските Срби во јули 1995 година, за време на Босанската војна. Овој чин останува најголемото злосторство на европско тло по Втората светска војна, и е правно признаен како геноцид од страна на Меѓународниот суд на правдата и други меѓународни институции.

Во мај 2024 година, Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција, спонзорирана од Германија и Руанда, со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање и комеморација на геноцидот во Сребреница.

Конференцијата ќе ја отворат претседателот на СДА – Македонија, Џелал Хоџиќ, и заменик-претседателот на Главниот одбор на СДА – БиХ, Алија Табаковиќ.

Во текот на четири панел-дискусии, ќе учествуваат бројни говорници, меѓу кои: Љубчо Георгиевски (ВМРО-НП), Енес Ибрахим (Партија за движење на Турците), Ивон Величковски (Нова Република), поранешните пратенички Санела Шкријељ и Никица Корубин, новинарот и истражувач за дезинформации од ЦИВИЛ, Дехран Муратов, претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, геополитичкиот аналитичар од Бугарија, Владимир Владимиров, пратеници од СДА Санџак во парламентот на Србија и други.

Во посебен панел ќе се обратат преку видео-пораки европратеникот Илхан Ќучук (Бугарија), експертите за човекови права Хедер Роберсон Гастон (САД) и Кирстен Шонефелд (Германија), која е и директорка на Фондацијата „Фридрих Еберт“ за Србија и Црна Гора.

Агендата вклучува теми што се однесуваат на геноцидот, со посебен акцент на негирањето како еден од главните инструменти на великосрпската пропаганда и улогата на Руската Федерација во поддршката и проширувањето на тие наративи во регионот на Западен Балкан.

Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ