Активистката Мерсиха Смаиловиќ на конференцијата „Различностите – благодат или проклетство“ во организација на Цивил, сподели лични искуства од борбата со институциите кога против неа била поднесена пријава дека шири говор на омраза.
-Сето тоа ме наведе да помислам дека општеството и институциите не се спремни да го прифатат предизвикот да имаме држава каква што имавме на пописот, толку различна и толку исполнета со диверзитет. Можеби се во право кога ќе кажат „повлечи се и седи дома“, бидејќи еден од повиците кон мене беше „не ти е местото таму каде што ти мислиш“. Дури и од јавната обвинителка ми беше кажано „седи дома, не пишувај, не критикувај, чувај деца“. Едноставно сите тие моменти, каде што вие сте жртва и не ви е проблем тоа да го кажете, бидејќи и законот ве означува, сметав дека институциите не одат во чекор кон вас и сметам дека ова е предизвик, којшто за да се покрене треба храброст од страна на Владата, треба храброст од страна на министерствата, институциите, рече Смаиловиќ.
В.Д.
камера: Александар Ризински
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Ангел Ангеловски












