Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја повика Европската Унија што е можно поскоро да постигне договор со САД за решавање на трговскиот спор околу царините, предупредувајќи дека остануваат само неколку дена за постигнување договор.
Говорејќи на банкарски собир во Берлин, Мерц истакна дека неуспехот во решавањето на спорот може да ги загрози клучните сектори на европската економија, вклучувајќи ја автомобилската индустрија, челичарниците и фармацевтските компании.
– Европа мора сериозно да се соочи со можноста САД да ја намалат својата посветеност кон трансатлантската соработка. Постојат оправдани сомнежи дали долгорочно ќе продолжиме да делиме заеднички интереси, рече Мерц, пренесе МИА.