• Latest

„Метаморфозис“: Изборниот систем останува потенцијален извор на кризи

June 23, 2020

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
Фото: На 7 мај, Јодл потпиша безусловен „Акт за воено предавање“, Wikipedia

Историски факти: Кога е Денот на победата над фашизмот

May 9, 2025

Ден на Европа: Зачетоци, формирање, значење и одбележување

May 9, 2025

Велика Британија објави нов пакет санкции против Русија кои вклучуваат директори на нафтена компанија

May 9, 2025
Фросина Кулакова

Васил Јованов призна вина за прегазувањето на Фросина Кулакова

May 9, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косово се соочува со политичка криза и санкции од ЕУ; Албанија два дена пред парламентарни избори; Рама најави отворање на третото поглавје

May 9, 2025
Фото: Укринформ

Фон дер Лајен: Европа останува сидро на стабилноста во еден свет што се менува

May 9, 2025

Кина потроши милијарди долари за развој на воена технологија; Конфликтот меѓу Индија и Пакистан би можел да биде нејзиниот прв голем тест

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

„Метаморфозис“: Изборниот систем останува потенцијален извор на кризи

June 23, 2020 13:11
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Изборниот систем на Северна Македонија бележи подобрувања во 2020 година во однос на лани, кои главно се однесуваат на повеќе измени во Изборниот законик од февруари годинава. Но, сепак, поради стариот изборен модел кој сè уште е на сила, изборниот систем и натаму може да се смета како потенцијален извор на политички кризи.

Ова е главниот наод од истражувањето на Фондацијата „Метаморфозис“ спроведено во текот на мај 2020, во рамките на регионалниот проект во кој се согледува степенот на напредокот на земјата во однос на пет клучни области за пристапување кон ЕУ – изборен систем, администрација, борба против организиран криминал и корупција, правосудство и состојбите во медиумскиот сектор.

– Со последните измени на Изборниот законик направени се извесни подобрувања, пред сè, во регистрацијата на избирачите, во процедурите за гласање и во проширување и прецизирање на надлежностите на Државниот завод за ревизија (ДЗР) и на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), врз контролата на финансиите, се вели во соопштението од „Метаморфозис“.

Но, сепак, велат оттаму, изборниот модел остана со шест изборни единици (во земјата) и со пропорционално собирање на резултатите, фаворизирајќи ги само големите партии, што ја намалува, како што додаваат, партиципативноста на граѓаните и циклично предизвикува политички кризи.

– Голем дел од препораките на експертите од минатогодишното истражување остануваат во сила, особено за промена на изборниот модел, за изготвување целосно нов Изборен законик, за подобрување на Избирачкиот список, за исклучување или моделирање на системот на буџетско финансирање на изборните кампањи во медиумите и други, наведуваат во соопштението.

Дополнително, додаваат, организирање избори во услови на пандемија, т.е епидемија со коронавирусот, бара многу посериозен пристап, со сите обмислени детали, за да се избегне опасноста по гласачите и другите учесници во изборниот процес.

Истражувањето е изготвено согласно достапните податоци до крајот на мај 2020 година. Тоа е спроведено во рамки на регионалниот проект „Западен Балкан и процесот на пристапување во ЕУ: Примена на политичките критериуми“, што го води Центарот за демократска транзиција од Подгорица, Црна Гора. Проектот е подржан од Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград и од Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД. Истражувањето може да се прочитате на линкот означен тука.

 

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ