• Latest

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ДЕМОКРАТИЈА

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025 15:29
in ДЕМОКРАТИЈА, ПОЛИТИКА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Препораки и политики (Втор дел)

Контекст

Демократските институции ширум светот се соочуваат со невидена закана од операции со малигни влијанија што ја поткопуваат јавната доверба, го искривуваат политичкиот дискурс и ги дезориентираат граѓаните. Овие операции, често поттикнати од државни и недржавни актери, се дизајнирани да ја поткопаат вербата во демократските процеси, да сеат поделеност и да промовираат екстремистички идеологии.

Како последица, граѓаните сé повеќе се привлечени кон крајно десничарскиот популизам, брзите решенија и идеологиите кои ветуваат едноставност во сложениот свет. Оваа средина на забуна и манипулација ја намалува довербата во воспоставените демократски норми и институции, оставајќи ги општествата ранливи на понатамошна дестабилизација.

За да се врати јавната доверба, од суштинско значење е да се отстранат овие измамнички тактики и да се работи кон обнова на интегритетот на демократските процеси, осигурувајќи дека тие служат на потребите на сите граѓани, не само на политичките елити или авторитарните интереси.

Обновата на довербата во демократските институции, процеси и владеењето на правото е од суштинско значење. Неопходно е итно дејствување, во комбинација со долгорочен процес на ревитализација.

Иницијативата за одбрана на демократијата препорачува дека за демократијата да напредува, истата мора активно да се прифати, да се поддржи и да се одбрани – не само од официјалните актери, туку и од пошироката јавност.

Процесот на враќање на доверба во демократските институции бара тесна соработка помеѓу меѓународните организации, донаторите, граѓанските организации (ГО), независните медиуми, академијата и одговорните бизниси.

Сите засегнати страни мора да работат заедно за да ги зајакнат клучните демократски вредности, вклучувајќи меѓусебно почитување, инклузивност и одговорност за заштита на ранливите групи. За да се поттикне силна демократска култура, граѓанското општество, интелектуалците, лидерите на јавното мислење и општествено одговорните бизниси – поддржани од донаторските заедници и демократските влади – треба да се заложат за спроведување видливи, ефективни и влијателни иницијативи.

Препораки

Да се покажат придобивките од демократијата, преку поттикнување дијалог – свикување различни групи ширум умерениот политички спектар, вклучување на заедниците низ општествената палета, вклучително претставници на различни етнички, верски и културни заедници, истовремено обезбедувајќи родова рамнотежа и правична застапеност на разни други заедници. Овие активности треба да се спроведат на локално и национално ниво, како и преку прекугранична соработка на регионално ниво и во соодветни формати да се воведат, промовираат и надградат на меѓународно ниво, користејќи  искуствени линии за работа на проблеми кои се вкрстени и трансверзални.

На пример, да се свикаат групи да работат на прашањето за деградација на животната средина, за решавање на економското страдање и ЕУ интеграцијата. До степен до кој веќе постојат организации кои се организирани по етнички линии (пр. женски организации од различни етнички заедници), да се настојува да се обезбеди простор и поддршка за соработка.

Да се препознае дека градењето на трансверзални движења е деликатна работа, особено во контекст на историското и тековно угнетување и последиците од војната. Движењето за животната средина, на пример, може брзо да се претвори во реторика за заштита на она што е „наше“ од историски омразените и стравуваните „други“, со што се репродуцира историска доминација и омраза. Затоа, од клучно значење е, кога се здружуваат групите, сите да се обврзат да ги заштитат принципите на инклузивен демократски дијалог, истовремено спротивставувајќи се на дезинформациите, лажните и наративи со омраза и крајно десничарскиот радикализам и исклучување.

Граѓанските организации и иницијативите треба да развијат и спроведат ефикасни алатки и методологии кои ќе ги ангажираат граѓаните.

Еден од можните пристапи, предложен од Нов европски граѓански форум и Иницијативата за одбрана на демократијата, е да се воведат „граѓански собранија“ каде што луѓето од различни средини ќе можат да се здружат за да ги артикулираат потребите и целите за прашања кои им се најважни, на пример, соочување со деградацијата на животната средина, подобрување на социјалните услуги, подобрување на економската состојба, ЕУ интеграцијата, итн. 

Да се создадат безбедни простори каде луѓето од повеќе средини ќе можат да комуницираат, да учат и да формираат врски што ги надминуваат зацврстените маркери на идентитет и заедница, развивајќи повеќе граѓански настроен облик на идентитет и заедница.

Да се надмине поларизацијата и национализмот со зближување на луѓето на општинско ниво, со настани што им помагаат на луѓето да најдат заедничка основа и да ги решаваат заедничките интереси.

Да се воведат методологии кои обезбедуваат флексибилност во однос на политичката, социјалната и безбедносната динамика и инклузивност по сите критериуми – политички, етнички, верски, културни и други – за да се обезбеди правична застапеност.

Локалните и меѓународните демократски институции треба јасно да комуницираат со јавноста и да повикаат на зголемување на вклученоста на заедницата.

Да се зајакне интеракцијата помеѓу граѓанските организации, академијата и медиумите, да се надмине академизмот и да се вклучи во суштинска интеракција и соработка со субјектите на локалните заедници, истовремено создавајќи безбедни простори за креативна автентичност, да се направи знаењето разбирливо и блиско до пошироката публика. Еден од начините да се постигне ова е да се создадат инклузивни и отворени програми за соработка и размена.

Креаторите на јавното мислење и лидерите на граѓанското општество треба да ги предводат националните и глобалните напори за враќање на концептот на „Демократија“ и да се договорат околу јасните дефиниции за демократските вредности.

Конкретни чекори, мерки и активности

  1. Покажување на придобивките од демократијата
  • Да се поттикне дијалог преку свикување на различни групи низ умерениот политички спектар.
  • Да се ангажираат претставници од различни етнички, верски и културни заедници, осигурувајќи родова рамнотежа и инклузивна застапеност.
  • Да се организираат дискусии на локално, национало и регионално ниво и да се прошират истите на меѓународно ниво преку прекугранична соработка.
  • Да се користат искуствени пристапи за решавање на проблеми за да се одговори на заедничките грижи, како што се заштитата на животната средина, економскиот развој и ЕУ интеграцијата.
  • Да се олесни соработката помеѓу организациите кои традиционално се структуирани по етнички или културни линии  (пр. македонски и албански движења на жените) за да се градат мостови и платформи за соработка.
  1. Спречување демократско назадување и поларизација
  • Да се препознае дека градењето инклузивни движења бара внимателна навигација на историски и тековни неправди.
  • Да се спречи демократскиот дијалог да биде опфатен со поделбени наративи (пр. еколошките прашања да се претворат во исклучувачка реторика за заштита на „нашата“ земја од „други“).
  • Да се обврзе на спротивставување на дезинформациите, реториката со омраза и крајно десничрскиот радикализам преку инклузивни и засновани на факти дискусии.
  1. Ангажирање на граѓаните во демократските процеси
  • Да се развијат и спроведат партиципативни алатки, како што се граѓански собранија, каде луѓе од различни средини ќе можат да ги разгледуваат општопознатите итни прашања (пр, климатска акција, економско закрепнување, ЕУ интеграција).
  • Да се создадат безбедни простори за дијалог каде поединци и групи од различни зедници ќе можат да комуницираат, да градат доверба и да формираат нови граѓански ориентирани идентитети.
  • Да се организираат локални иницијативи кои ги зближуваат луѓето на општинско ниво, негувајќи заедничка основа и споделени интереси надвор од политичките и националистичките поделби.
  1. Зајакнување на институциоанлната комуникација и вклученоста на заедницата
  • Демократските институции, како локалните, така и меѓународните, мора јасно да комуницираат со јавноста и активно да поттикнуваат граѓанско учество.
  • Да се зголеми интеракцијата помеѓу граѓанските организации, академијата и медиумите за да се осигура дека експертското знаење е достапно и релевантно за пошироката јавност.
  • Да се оди пошироко од традиционалната академија и да се ангажираат локалните заедници во иницијативи за споделување знаење, создавајќи отворени и инклузивни програми за соработка и размена.
  1. Враќање и дефинирање на демократските вредности
  • Лидерите на јавното мислење и граѓанските организации треба да ги предводат националните и глобалните напори за враќање на концептот на демократијата.
  • Да се воспостават јасни и широко прифатени дефиниции за демократските вредности за да се спротивстави на манипулацијата на овие концепти од страна на авторитарните актери.
  • Да се промовираат програми за граѓанска едукација кои ги нагласуваат демократските принципи, критичкото размислување и медиумската писменост за да се опремат граѓаните со алатки за одбрана на демократијата.

Авторитарните тенденции се во подем – времето за дејствување е сега: Вовед во клучниот документ со препораки на глобалната иницијатива „Одбрана на демократијата“

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

Tags: „Одбрана на демократијата и човековите права“довербаинституцииполитикипроцеси
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ