• Latest
Фото: МИА архива

МФ: Република Северна Македонија го задржа кредитниот рејтинг „ББ+“ со стабилен изглед

October 7, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

МФ: Република Северна Македонија го задржа кредитниот рејтинг „ББ+“ со стабилен изглед

October 7, 2023 10:09
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Фото: МИА архива

Фото: МИА архива

Share on FacebookShare on Twitter

Република Северна Македонија го задржа кредитниот рејтинг „ББ+“ со стабилен изглед, што е потврдено во најновиот извештај на Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“. Задржувањето на кредитниот рејтинг е резултат на спроведувањето правилно дизајнирани, кредибилни и кохерентни макроекономски и финансиски политики, конзистентни со долго одржуваниот фиксен девизен курс, информира Министерството за финансии.

Резултатот е особено значаен, се додава, ако се има предвид глобалното окружување и неповолните фактори, како што се техничката рецесија во СР Германија и продолжената војна во Украина.

-Од „Фич“ очекуваат намалување на буџетскиот дефицит на 4,5% од БДП во 2023 година, кој дополнително ќе се намали во 2024 година и ќе биде на нивото од 3,4% од БДП, наведуваат од Министерството за финансии.

Според „Фич“, зајакнувањето на фискалната консолидација следува како резултат на континуираниот напредок на Владата во управувањето со јавните финансии и воведувањето на фискални правила и Фискален совет, согласно новиот Закон за буџети.

Инфлацијата е сведена на едноцифрено ниво, а од Агенцијата очекуваат таа да продолжи да се намалува во 2024 година, како резултат на замрзнувањето на цените на храната и ценовните очекувања.

Од Агенцијата нотираат дека растот на платите и пензиите ја зголемуваат потрошувачката, а тоа ќе влијае позитивно и на економскиот раст. Приватната потрошувачка и инвестициите особено во енергетскиот сектор, како и изградбата на Коридорот 8 и 10 д ќе продолжат да го поттикнуваат растот во текот на прогнозираниот период.

Кредитниот рејтинг позитивно влијае врз одлуките за инвестирање во една земја, што пак понатаму има влијание врз зголемувањето на економскиот раст,  извозот, вработеноста и платите, стои во соопштението од Министерството за финансии. 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: кредитен рејтинМФФич
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result