• Latest

МФ: Владините политики го задржаа и потврдија кредитниот рејтинг од „Стандард и Пурс“

January 28, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

МФ: Владините политики го задржаа и потврдија кредитниот рејтинг од „Стандард и Пурс“

January 28, 2023 12:46
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Република Северна Македонија доби потврда за политиките што ги спроведува и во време на криза и го задржа кредитниот рејтинг ББ- со стабилен изглед, утврден од Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“. Кредитниот рејтинг ББ- со стабилен изглед земјава го има во континуитет и особено е значајно дека рејтингот не е променет и во време кога се соочуваше со здравствено-економска криза, како и ценовната и енергетска криза, посочуваат од Министерството за финансии (МФ), пренесува МИА.

Стабилниот изглед, според „Стандард и Пурс“, како што велат, ги рефлектира очекувањата дека проактивното креирање политики на Владата, како и умерените нивоа на државниот долг ќе ги неутрализира повеќекратните ризици кои произлегуваат од конфликтот во Украина.

-„Стандард и Пурс“, во извештајот нотира дека кризата ќе има влијание врз економскиот раст и во текот на оваа година, но очекувањата се дека на среден рок тој ќе се врати на трендот пред кризата. Двигатели на растот, според „Стандард и Пурс“, ќе останат силната приватна потрошувачка поддржана од приспособливата монетарна политика, растот на платите и дознаките од странство. Покрај потрошувачката, клучен двигател на растот, ќе бидат инвестициите, особено јавните инвестиции, како што се проектот за автопатот Коридор 8 и Коридор 10. Придонес врз економските перспективи на земјата се очекува и од придвижувањето на ЕУ пристапниот процес. Странските директни инвестиции се очекува да закрепнат, а инфлацијата и ценовните притисоци да се намалат, прецизираат од МФ.

„Стандард и Пурс“, како што посочуваат очекуваат фискалната консолидација да продолжи. Кризата во 2023 година ќе има се уште влијание, но сепак буџетскиот дефицит очекува да биде понизок во однос на 2022 година на ниво од 4,1 отсто, кое е пониско од владините проекции (4,6 отсто). Придонес кон напорите на земјата за фискална консолидација според Агенцијата ќе има новиот Закон за буџети кој предвидува фискални правила и формирање независен Фискален совет. Се нотира дека се очекува и стабилизирање на државниот долг на среден рок, а позитивни ефекти се очекуваат и од даночната реформа.

Агенцијата нотира дека е значајно да продолжат напорите за структурни реформи, зајакнување на институционалните капацитети при истовремена консолидација на одржливите фискални политики.

-Напорите за пристапување на нашата држава во ЕУ ќе придонесат за зајакнување на институционалната рамка. Кредитниот рејтинг на една земја го покажува степенот на ризик од инвестирање во неа, и е еден од клучните индикатори коишто потенцијалните инвеститори ги земаат предвид при носење на нивните одлуки, велат од МФ.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: кредитниот рејтинг од „Стандард и Пурс“монетарна политикаМФфискални политики
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result