Мендух Тачи, Сашо Мијалков, Влатко Стојановски, Сашо Срцев и Анета Стојановска добија 3 години затворска казна, а Бедредин Ибрахими 4 години и 6 месеци, во завршницата на Титаник 2.
Тачи осуден за злоупотреба на службената должност, а екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, за потикнување на кривично дело. Сите осудени во овој случај ќе треба да ја платат и материјалната штета.
Председателот на ДПА, Мендух Тачи не беше присутен во судницата да ја слуша лично одлуката на судијата Огнен Ставрев кој рече дека ги земале во предвид и сите олеснителни и отежнувачки околности. Во образложение на одлуката, судијата рече дека Мијалков ја злоупотребил политичката сила за да побара услуга од Мендух Тачи, кој. пак, имал влијание брз Бедредин Ибрахими, тогашен член на ДИК, за поништување на гласањето во едно гласачко место во Струмица на локалните избори 2013 година.
Судијата Ставрев потесети дека поранешните членови на ДИК предложени од ВМРО-ДПМНЕ, имале одговорност да го бранат законот, но тие манипулирале со истиот.
“Никој нема право да ја зароби правната држава за лични придобивки. Никој нема право да го гази достоинството на другите. Надминување на надлежностите е штета кон правниот систем за партиски интереси”, додаде судијата во завршните зборови.
А. Зеќири