• Latest
Фотографија: Томислав Георгиев

Мијалков: Засрами се Христијан!!! Засрами се!!!

October 28, 2018

Партии на Босна и Херцеговина и опозицијата од Република Српска потпишаа Политичка платформа за мир

May 10, 2025

Албанија во изборен молк; Јавните политички активности „замрзнати“; Битката се сели на гласачките кутии во недела

May 10, 2025

Стармер, Макрон, Мерц и Туск во Кијив повикаа на поддршка на Украина и прекин на огнот

May 10, 2025

Терас од ЕП покренува иницијатива: Кошта да ја откаже посетата во Белград поради присуството на Вучиќ на воената парада во Москва

May 10, 2025
Фото: Х

ОЈО Штип отвори постапка против пет лица – за убиство и помагање по извршено кривично дело

May 10, 2025
Лвив, Украине, 9 Мај 2025 (фото извор: Амб. на Украина)

(ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ) Заедничка изјава од Состанокот на министрите за надворешни работи во Лвив за формирањето Специјален трибунал за злосторство агресија против Украина

May 9, 2025

Макрон: Путин е на страната на војната, сите што веруваа поинаку се одговорни за своите заблуди

May 9, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Украина ќе биде домаќин на средба на „Коалицијата на подготвените“

May 9, 2025

ЕУ ќе ја финансира украинската воена индустрија од замрзнатите руски средства

May 9, 2025
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Мијалков: Засрами се Христијан!!! Засрами се!!!

October 28, 2018 23:44
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фотографија: Томислав Георгиев

Фотографија: Томислав Георгиев

Share on FacebookShare on Twitter

Христијан,

Со големо разочарување и неверување ја примив веста за мое формално исклучување од партијата.

Знаејќи дека е невистина обвинувањето заради кое сум исклучен од партијата, одлучив да оставам да поминат неколку дена за сите членови да видат дека раководството нема да извади и да презентира ниту еден, повторувам НИТУ ЕДЕН доказ против мене. Лагите кои ми беа накалемени, беа фабрикувани заради личен интерес. Некој кому не му оди прифаќањето од јавноста, градеше сопствен рејтинг врз мојот „грб“, на сметка на мојата чест, углед и достоинство.28

Затоа сега уште еднаш со индигнација ги отфрлам лажните обвинувања фрлени врз мене од луѓето кои до вчера се потпираа на мојот труд, резултати и авторитет.

Откако поминаа неколку дена без да биде презентиран барем еден доказ пред членството и јавноста за тврдењата против мене, јавно те повикувам за обвинувањата заради кои бев формално  исклучен од партијата, да презентираш докази пред органите на партијата и јавноста.

Наместо кукавички да се подметнуваат лажни обвинувања, покажи ги Христијане доказите дека јас некого со сила сум го терал нешто да прави или сум се обидувал да го поткупам. Ајде!!!

Во спротивно  вештачкото и со лажни аргументи создавање еуфорија против мене, презентирано како „Панорама 2“ нема никако поинаку да се разбере отколку како обично, подмолно, егоистично барање виновник и алиби за серија твои грешки и на раководството на партијата. Сами измисливте „Панорама 2“. Без противник. Се боревте против дух, бидејќи немаше противник, а противник немаше бидејќи таков не постоеше. Самите го лажевте членството преку социјалните мрежи и медиумите блиски до партијата, дека јас сум подготвувал некаков пуч, дека ќе следело „Панорама 2“, и дека или вие или јас ќе сум победел. На почетокот мислев дека сето тоа е некаква шега, но сега гледам дека некои болни умови смислиле план што не би го смислило ни дете од 10 години.

Ако ти и неколкумина твои соработници мислите дека со мое исклучување и јавно оцрнување ќе добиете доверба на граѓаните, сакам исто така јавно да ти кажам дека сте на погрешен пат, како што сте на погрешен пат со многу други политички одлуки и чекори, за кои и самите сте свесни, нешто што го знам од личната комуникација со повеќемина од раководството.

За жал, времето ќе го докаже тоа.

Тој што ви кажал дека со вештачко правење на т.н. „Панорама 2“ , со лажни аргументи, со невешто смислено „филмско сценарио“ за наводен план за пуч и наводно пресретнување на пучот, прикажувајќи некаква измислена победа против измислен противник, креаторот на овој „бурлески план“ мора да е сериозно залутан во политиката.

Без елементарни докази, верувајќи дека така ќе се повтори успехот од 2006-тата, креаторот на овој филм заборавил да ви каже дека за тоа, пред се треба да имате чесен однос меѓу самите себе во раководството на партијата , наместо еден со друг да си се лажете, да си се оговарате, да си правите интриги и да сте неискрени. Потоа потребен е чесен однос кон членството кое го заслужува тоа, и секако чесен однос кон македонскиот народ и граѓаните на Македонија, наместо дволични игри, кои народот ги чувствува и препознава.

Затоа Христијане те повикувам да одговориш на неколку прашања:

Зошто ако сакаше да го одбраниш името, не застана цврсто зад таа кауза, со масовно и секојдневно организирање мирни протести на кои ќе ги поведеше илјадниците мотивирани граѓани и членови на партијата?

Приказната дека некој ќе ги злоупотребел протестите за да те намести и да се повтори „27ми април“ ептен не држи. Тоа е кукавичка приказна на луѓе кои се плашат да се соочат со сопствените вредности и сопствената поддршка.

По таа теорија ВМРО не треба веќе никогаш кога е во опозиција да организира протести. Ако некој мисли дека има смисла оваа теорија, нека се запраша зошто митингот од 2-ри јуни или неколкуте т.н маршови во различни градови низ Македонија не се претворија во 27-ми април?

Пред јас да почнам да говорам, те повикувам да одговориш, кому  ти како претседател на партијата му се додворуваше, и кому му имаше ветено дека масовни и секојдневни протести за името нема да има и дека ВМРО нема да го блокира процесот за решавање на името, туку само ќе изразува несогласување?

Кога сите знаевме дека убедливо поголем дел од граѓаните на Македонија се против договорот со Грција, зошто откако се потпиша договорот, не го повика народот на одлучно гласање „против“ и со тоа да се оствари силна победа над оние што беа „за“? Со таква победа на народот, ќе се оневозможеше и ќе станеше бесмислен понатамошниот притисок врз пратениците на ВМРО, кој притисок беше предвидлив и ти знаеше дека ќе се случи. Со таква блескава и чиста победа на „против“ над „за“ не СДСМ, туку ВМРО ќе беше во ситуација да бара нови избори наместо да бара виновници за неуспесите и грешките на претседателот на партијата.

Ако ти веруваше во тоа, односно знаеше како што тврдиш дека власта ги апси луѓето со политички монтирани обвиненија за 27ми април и за случаи конструирани од СЈО, со крајна цел да ги уцени пратениците и нивните семејства за двотретинско мнозинство, зошто барем еднаш јавно не побара од претседателот Иванов да ги заштити за да не се предмет на уцена ? Со тоа ќе се овозможеше заштитените пратеници да го одбранат името во парламентот. Наместо тоа им кажуваше на пратениците и другите под политички прогон дека кога ќе дојде ВМРО на власт тогаш ќе им помогне. Без трошка совест, твоите луѓе од врвот на партијата сите нив ги нарекуваа „инфицираните“.

Зошто раководството медиумски бегаше од темата „политички прогон“ се до неодамна кога и некои членови на актуелното раководство се нападнати со прогонот? Дали се калкулираше со предвидливоста на настаните кои доаѓаа?

Кој и како издејствува, ти Христијан кој беше ставен во предистражната постапка за предметот Талир, поврзан со финансирање на партијата во време кога ти беше генерален секретар, да бидеш тргнат од листата?

Дали ти не се испазари за самиот себе на грбот не само на другите, туку и на Македонија и на нејзиното уставно име?

Зошто веднаш по твојот избор за нов претседател запреа секојдневните протести пред министерството за правда, пред затворот Скопје, каде беа притворени десетици лица со фабрикувано обвинение за тероризам? Зошто? И зошто потоа со месеци не ја отвораа таа тема во јавноста?

Зошто цели 3 месеци по објавувањето и потпишувањето на договорот со Грција, ти немаше никаков став како ќе се постапи на референдумот, и остави огромен простор други помали партии, групи, поединци и којзнае чии скриени експоненти да го водат членството во бојкот, а однапред СДСМ кажа дека по истиот одлуката ќе ја пренесе на решавање кај пратениците? Еден прилично предвидлив процес.

Дали ти интимно посакуваше да се смени името, а притоа вината да се фрли врз прогонетите пратеници а потоа да излезеш „чист“ од целата ситуација, среќен дека друг ти го решил и тргнал проблемот со името и си ја понел вината со себе?

Дали сакаше да дојдеш на власт со веќе решено име, а виновници за тоа да се СДСМ и неколку политички прогонети пратеници на ВМРО, а ти да си „патриотот“? Дали за ова отворено со недели не зборувавте низ канцелариите во ВМРО?

Дали ти играше крајно валкано и нечесно со чувствата на нашето членство, чувствата на македонскиот народ и со судбините на жртвите од СЈО и 27ми?

Зошто Христијане во партијата на меѓусебни средби поврзани со решавањето на името говореше едно, а во јавноста друго, сѐ до неодамна, кога пред повеќе недели нагло ја прекина комуникацијата со мене и по трет пат заради лични интереси го смени курсот во многу полоша насока за државата ? За личните мотиви за оваа промена на курсот и катастрофалните последици по Македонија и ВМРО ќе зборуваме дополнително.

Дали е во ред, некои свои соработници пред неколку недели да ги охрабруваш да убедат 8 пратеници да гласаат „за“ со цел да се решело прашањето ама ти да не си бил крив, а плус да глумиш храбар лидер кој бара предвремени избори фалејќи се со сомнителни анкети кои ги добиваш од агенција од друга држава?

За крај, бидејќи мене ми се префрла дека сум бил свртен кон материјалниот интерес, а не кон партијата и идеологијата, јас кој и пред и по државната функција живеам работејќи во приватниот бизнис, сакам да те прашам: додека јас кој веќе до 2006-тата бев заработил доволно пари за мирен и безгрижен живот, додека јас „ја ставав главата во торба“ во еден куп полициски операции за неутрализирање на терористички и криминални групи кои дејствуваа против безбедноста и територијалниот интегритет на Македонија и го загрозуваа нејзиниот опстанок, и заради кои операции целиот мој живот ќе го живеам во опасност од лични одмазди, а со кои акции се креваше рејтингот на ВМРО, како тоа ти како професор со 500 евра плата успеа да дојдеш до неколку хидроцентрали токму за време на владеењето на ВМРО?

Колку што јас знам, професори на факултет има многу, но само еден професор во Македонија, кој претходно немал сопствен бизнис, има милионски вредни хидроцентрали кои носат милионски заработки во евра, а сето тоа без никаков ангажман, само врз основа на добиената концесија доделена од владата на ВМРО?

Зошто имате потреба да лажете за да ме оцрните?

Зошто лажете дека сум се заканувал на Крсто Муковски и на другите пратеници?

Зошто лажете дека сум дал пари на пратениците?

Зошто лажете дека по гласањето во парламентот сум бил на некаква прослава на СДСМ?

Зошто вие како раководство и ти Христијан како претседател ги остави на цедило и Крсто и другите пратеници удобно чекајќи во фотелјата за на нивен грб да станеш премиер со лаги и интриги, со ароганција и нечесни валкани игри?

И сега ви треба виновник?

Го лажевте ЦК?

Зошто не ме викнавте и мене таму, па да се соочиме пред тие 150 луѓе, и да ја чуевте вистината?

Да им кажам јас ним, што ти Христијан ми говореше во ноември и декември лани околу решавањето на уставното име, но и во текот на оваа година, па нека оценат кој е предавникот и криминалецот, а кој патриот и чесен кон својот народ. Да слушнат малку за твојата дволичност и двоен морал.

Со лаги и интриги, со местење на други луѓе од партијата да ви се жртви за да вие дојдете на власт, нема да успеете. Така само ќе ја урнисате и партијата и Македонија.

Многу жалам заради тоа. Бидејќи јас сум во ВМРО уште кога некој од Вас беа во пелени како на пример Александар кој го пуштивте да Ви е гласноговорник, и кој деновиве ќе добие од мене тужба за клевета и навреда, па најпрвин со него ќе се видиме на суд. Нека докаже дека сум го правел тоа за што лажно ме обвини. Барем да имаше храброст ти да го кажеше тоа, а не да пушташ други.

Многу жалам што со ваков карактер и капацитет ќе ја урнисате партијата која многу чесни патриоти макотрпно ја градеа додека некои од Вас беа во ЛДП, а други во ДП на Гошев, и плукаа по нас вмровците дека сме биле необразовани, прости и неизбањати.

Го излажавте и ЦК, и ОК Центар и целата држава и народ.

И не само за ова. Генерално земено нечесно се однесувате и делувате, народот тоа го чувствува. затоа година и пол со ваков СДСМ, во услови кога го менуваат името и уставот, ВМРО не може ни да се изедначи на анкетите на јавното мислење и доверба.

Бидејќи и покрај катастрофалните грешки на СДСМ, народот не ти верува Христијан. Ти чита од очите дека многу лажеш. Ако не се промениш, не е проблем што ти нема да станеш Премиер, туку што ВМРО и Македонија ќе бидат губитници.

Луѓето кои ти ги постави во партијата се фрапирани од твоето лажење. Како си можел пред полна сала претседатели на комисии, пред неколку месеци да дадеш инструкција да подготвуваат програма, секој во својата област, кажувајќи дека не мора сѐ што ќе се вети да се спроведе, дел може да се вети, а да не се исполни. Тоа никогаш порано го немало во ВМРО. Твоите луѓе ти се чудат. Ако твоите луѓе не ти веруваат, како ќе ти веруваат останатите. Ако нив ги лажеш, што останало за останатите.

Запомни уште еднаш: со лаги и интриги не се освојува доверба на народ.

Засрами се Христијан!!! Засрами се!!! Те гледам, и тебе, и некои други чавчиња од раководството и партијата, и се потсетувам на онаа народната: „секоја чавка сонува да се испогани на главата на орелот кога ќе го види паднат“. Ме видовте силно нападнат од СДСМ, па тргнавте со лаги и интриги против мене да си го поправате нискиот рејтинг и доверба.

Периодов што претстои народот и членството ќе го видат твоето лажно лице. Народот и членството ќе видат колку ти си бил засегнат за неменување на името и која е цената што ти би ја платил за одбрана на името. Народот ќе види дали ќе го бојкотираш собранието и дали ќе повикаш на протести и граѓанска непослушност. Дали ќе организираш филибастеринг (блокирање на собранието со амандмани) за да спречиш промена на Уставот или ќе дадеш налог да се дискутира неколку денови за да се стигне на време со агендата, а после повторно ќе глумиш патриот и виновни повторно ќе бидат пратениците што недоволно ја бранеле каузата? Дури и Левица има храброст да повика и да излезе на протест, а каде си ти Христијане?

Ти не си патриот каков што сакаш да се претставиш. Добро те запознав. Ти си ЛАЖЕН ПАТРИОТ!!! Времето ќе го докаже ова.

Да живее ВМРО!

Да живее Македонија!

Сашо Мијалков

 


фото: Томислав Георгиев/kolektif.mk

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ