Претседателот на германскиот сојуз на новинари, Мика Беустер во говорот на панелот „Подемот на крајно десничарскиот национализам“ посочи дека за десничарските партии во Германија обично кога се известува за нив се известува само со зборовите „па тоа е тоа што тие го прават“ и прифатено е како нешто нормално што го прават.
Ние во Германија известуваме за десничарскиот национализам и екстремизам и користиме платформи како фејсбук, x, сите оние платформи каде имаме контрола содржината да допре до пошироката публика. Имаме неколку закони за оналн медиумите но регулативите не се толку јаки.
Тикток е претпрочитан медиум меѓу младите, и тоа е нешто што треба да го земеме во предвид и ние како традиционални медиуми треба да размилсиме како да допредеме до секој вид публика. Ние сега треба да го промениме начинот на известување и да имаме соодветна инфраструктура и потребно ни е тоа знаење за социјалните мрежи, истакна тој.
Навлегувајќи во политиката во Германија, Бојстер посочи дека не очекувам дека ќе има некоја победа на ваквите избори бидејќи треба да се има предвид реалната перспектива бидејќи тие се втората најголемата политичка сила. Но она што го кажуваат 80 проценти не е прифатливо. Треба да се грижиме за фактот што имаме партија што е пропутин и прорусија. Сега има еден нов тренд во популистичката политика се зема едно лице и за тоа лице се врзува цела политика. Во кавки случаи има проруска пропутин политика
Новинарите можат да бидат битен дел од општеството и да придонесат за стабилност и мир, за крај истакна тој
Мика Бојстер е Сојузен претседател на Здружението на германските новинари (DJV) од ноември 2023 година. Тој е член на Сојузниот извршен одбор од 2019 година. Работи како главен известувач за теми во медиумската компанија VRM во Вецлар.
Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата и човековите права“ во Скопје е дел од програмата на Неделата на човекови права – иницијатива на Владата на Северна Рајна-Вестфалија.
Конференцијата се состои од четири сесии, во кои учествуваат повеќе од 25 учесници од Северна Македонија, регионот, Европа и САД, како и изложба и штандови со изданија на организацијата која оваа година одбележува 25 ГОДИНИ од основањето.